Има ли нешто до 500 - 600 евра што ќе врши работа некое време?
Матична (3.300) +
Процесор (10.500) +
РАМ x2 (3.000) +
Графичка (10.000) +
Хард Диск (3.900) +
Куќиште (3.200) +
Напојување (2.600) = 36.500 (600 евра)
Ако можеш да искористиш хард диск од претходно (ама некој асален), можеш да идеш на подобра графичка. Матичната е нов чипсет, што не се клока, ама не ти треба со тој процесор. Рамот е доста солиден (и малку поскапе последно време). Куќиштето и напојувањето ти се сосема солидни за таа кофигурација. Додуша, може малку подобро напојување, ама зависи како си со буџет. Конечно, побарај попуст, ќе ти дадат барем 5% и ќе ти излезе поевтино.
Подобра графичка од таа горе, ако можеш да уклопиш:
Мебиус Sapphire 7850 - 10.310.
ASUS DC2 7850 2GD5 - 11.990
Таа од Мебиус сега ја видов, и подобра е од 650TI што ти ја линкував погоре, јас би ја земал 7850-ката.
Мебиус се во Тафталиџе. Во врска со напојувањето, ист ценовен ранг и квалитет е веројатно
ова, а ако можеш да си дозволиш
ова (убедливо најдобро од овие претходно споменатите). Значи ако имаш да искористиш од стариот компјутер куќиште, можеш да ги дадеш на напојување. Обавезно земи некои од овие тука, немој никако да одиш со Хантол, Делукс и слични срања напојувања да не ти рикаат компоненти.
Ваквата конфигурација ќе ти биде многу солидна, матичната е со нативен USB3.0, PCIe 3.0, и сите нови тракатанци. Истиот процесор и матична ги има брат ми, само он има плус
SSD, и компјутерот растура. Во иднина само ќе ставиш едно SSD, и нема потреба да се замараш. Тука немаш режач, искористи го постоечкиот, во спротивно е 950 денари.
Ако има нешто, пиши слободно.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 12:26 ---
Монитор имаш? Куќиште? Дискот и другите делови не можеш да ги искористиш. Освен оптичкиот (претпоставувам дека е на SATA).