Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мене е 400MHz Ram-от, а пише дека на 200 работи, најверојатно има некој делител, не е страшно :)
 
Princ напиша:
Ми треба совет. Пред 6-7 месеци купив нов компјутер и во порачката побарав два вакви стика RAM меморија DDR2 512MB/533 A-Data. Претпоставувам дека треба да работат на 533 MHz чим имаат 533 во името.
Вечерва проверив со CPU-Z и ми покажува дека на 266 MHz работат. Зошто?

DDR-SDRAM (double-data-rate synchronous dynamic random access memory) постигнува поголем bandwith oд неговиот предхотник SDR SDRAM (single-data-rate SDRAM) со тоа што трансверира податоци и кога clock сигналот пага и кога се качува . Овој начин на работа скоро го дуплира data transfer rateот без да се зголеми фрекфенцијата на FSB (front side bus), така што 100MHz DDR меморија има ефективен клок од 200MHz споредено со SDR SDRAM. Значи се е во ред 2х266=532 (сега нормално фрекфенцијата не е 266, туку 266,5-6 така што се добива 533)

deXterche напиша:
Кај мене е 400MHz Ram-от, а пише дека на 200 работи, најверојатно има некој делител, не е страшно :)

Не само што не е страшно, туку е и најнормално. Нема делител тоа му е вистинската фрекфенција :wink:
 
А јас вака мислев дека е:
хххMB DDR400(ова е моделот) 200MHz(ова е фрекфенцијата)
 
Ок, ова е итно (имам уште 1.5h пред да си идам).. го исклучив прееска компјутерот, пред малце пробав да го уклучам - не може.. поточно, се уклучува, и одма прави некои звуци (бип-бип-бип, пауза, па пак исто до бесконечност). Не се појавува ништо на екран, не можам ни во BIOS да влезам, ништо. Само уклучувам, и си седи црн екран.

А, да, се работи за "нормалниот ми" компјутер: Barton 2600+, 768MB RAM, GF5200 128MB, 80GB HDD..

Ги проверив сите можни компоненти и конекции: HDD е ок, исто и графичката, исто и меморијата. Што би можело да биде проблемот, и/или причината?

Поздрав.
 
Според ова само хардверски проблем може да е,ама не мора да значи мене вака ми има напраено само еднаш ама постар компјутер имав и на крај излезе дека хард дискот беше пред умирање...
Незнам,ова и од виндовсот може да е
 
Jane напиша:
А јас вака мислев дека е:
хххMB DDR400(ова е моделот) 200MHz(ова е фрекфенцијата)

Па просто кажано така ти е. И тебе моделот ти е 533, а фрекфенцијата 266

P.Overdrive напиша:
Ок, ова е итно (имам уште 1.5h пред да си идам).. го исклучив прееска компјутерот, пред малце пробав да го уклучам - не може.. поточно, се уклучува, и одма прави некои звуци (бип-бип-бип, пауза, па пак исто до бесконечност). Не се појавува ништо на екран, не можам ни во BIOS да влезам, ништо. Само уклучувам, и си седи црн екран.
Поздрав.

Кај мојот биос ова мислам беше код за дека „немаш“ меморија. Ако не си пробал веке пробај извади ја и пак стави ја
 
ДВД на комп

не знам каде да пишам па решив овде(ако не е а овде темата ставете ја на соодветно место)..па да почнам....
имам едно проблемче.пред некое време го зедов ДВД-то од соседната соба и си го приклучив на компјутерот со кабел се она глупости....
но кога сакам нешто да слушам од комп. ми работи само едниот звучник.
ако некој знае како да го опраам има грииин...се зафркавам(мислам ќе му дадам зеленко)во секој случај само луѓе помагајте почнува да ме нервирааааааааааа:vozbud:
 
Епилог на БСК (Битката Со Кантите).. еден P1 со инсталиран Win98 и режач кој не го препознава (го инсталирав од друг драјв), и 256MB RAM помалце на "нормалниот" компјутер.. сум ја заебал плочката, па сега сум само на 512MB, и се осеќа :(

Фала за помошта :)
 
Па дај повеќе детали. Кај го поврзуваш, како, со што, каблите да не не ти чинат, преку што го пушташ....
 
се е тоа во ред...
имам кабел со два излеза и ги ставам на местото каде што ги уклучувам звучниците а другите 2 излеза во ДВД-то.Звучниците се поврзани директно со ДВД-то.Го пуштам преку AUX а ако не е тоа во ред нема ништо да се слуша а јас слушам но само 1 звучник а имам 5 + вуфер
 
Сега брзо си купив графичка карта ATI Radeon X1650 512Mb ама имам 15' монитор и сите слики ги дава затемнети, игрите затемнети. Дали е до монитороф или има некоја софтверска финта?
 
Пред неколку месеци купив SATA HDD и за да го монтирам ја сменив матичната од ASUS P4PE2X во AsRock P4VT8+. Е сега, лежиштето за кулерот не одговара на тоа предходното, па не налегнува добро на процесорот. Неговата температура е 73-74 (многу висока!). Дајте некое привремено решение, зашто мојот процесор цркна, а овој што ми е даден на користење е со намален FSB ( не знам точно колку, јас не го намалував, само знам дека од 2,5GHz (можеби и повеке) дојде на 2,4). Компјутерот понекогаш блокира, а потоа за 5-6 секунди можам да продолжам со работа. Температурата на дисковите е 38 на едниот со 37 на другиот, а ова NBTEMP (изгледа е температурата на NorthBridge чипот) е 33.
Ако ми текне уште некој детаљ ке го пишам.
 
Не можеш да најдеш кулер што ќе одговара на таа матична? Ефтини се а ризикот за заебување на процесорот е многу поголем.
 
Princ напиша:
Не можеш да најдеш кулер што ќе одговара на таа матична? Ефтини се а ризикот за заебување на процесорот е многу поголем.
Јас барам, ама не знам колку време ми треба да најдам. Плус му кажав за проблемов на човекот кај што го купив компјутеров, сервисер е, ми рече ако најде, ке ми каже, а мојот процесор го пушти Скопје во АМЦ зашто уште е под гаранција, а ми стави негов, за да не остане компјутеров така. И еве уште идиотите од АМЦ не праќаат назад процесор, а го пушти декември.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom