Помош при м-р од областа на финансиите

  • Креатор на темата Креатор на темата Bavarec
  • Време на започнување Време на започнување
Леандра само проќењава нешто пуна е со фрустрации. Инаку на Баварец ако му треба помош со статистика методологија и тестови нека пише ПП или тука со тоа можам да му помогнам.
 
1. Не ти се само корпоративните обврзници и кредитите долг, можеш да ги земеш и благајничките и државните записи во анализата, освен ако не си ограничен на приватниот сектор како издавачи на должнички инструменти.
1b. Кредитните рејтинзи се булшит, иако се земаат здраво за готово, но не е тоа поентата.. Банките го оценуваат „рејтингот“ на фирмата врз основа на билансите на компаниите, па така им издаваат кредити/гаранции/јунејмит врз основа на нивна лична анализа а не врз основа на кредитните рејтинзи.

За толку имам време да ти помогнам, а и не сум до толку упатен во оваа материја, ако имаш потреба од некоја странска стручна литература пиши ми, може ќе се најде нешто корисно.
Иначе океј е ова што го правиш, иако многумина се утепаа од зборење, барем се трудиш да постигнеш нешто и тоа што не ти е јасно да прашаш, а не да се правиш сезнајко или да купуваш дипломски и магистерски.

1) Јуп, само корпоративниот долг ме интересира. Државните обврзници ме интересираат само како дел од целата реванка - цената на капиталот се пресметува така што се почнува од, условно кажано, безризична стапка на принос за каков што се смета државниот долг па потоа тој се надградува со премии за ризик.

Е сега, затоа што капиталот (акциите) по својата природа е долгорочен извор на финансирање, несоодветно е да се земат благајнички записи, кои се краткорочни хартии од вредност, како почетен елемент на кој ќе се надградува. Ако на пример правам анализа за последни три години најсоодветна почетна точка за утврдување на цената на капиталот би било да најдам стапка на принос до достасување на тригодишни државни обврзници па да ја надградам за одредена премија за ризик понатаму (и тоа е пресметка посебна).

2) Апсолутно си во право. Проблемот е што не можам да чукнам на врата кај Хари или Бишев и да им речам „Еј ај те молам кажи ако утре земе кредит Алкалоид по која камата ќе им го даеш?“. Ми треба следното најдобро нешто, на запад тоа се кредитни рејтинзи (се знае на пример дека со аа- ти може да се задолжиш за од прилика 2,8% до 3.35% камата и чао пријатно), а кај нас... Тапа, стандардни јавно достапни каматни стапки на долгорочни кредити само ми остануваат а секако дека не се баш најреални, како што кажа и сам за секоја фирма е доста индивидуално...

Литература како книги имам сосема доволно, статии и извештаи ми се потребни повеќе во моментов. Имам еден извештај од Делојт, како тие ова го спровеле (прсеметале ВАК на Т-Мобајл во 2009) по налог на Агенција за Дрн-Дрн-Јариња, па уште 2-3 такви примери и обезбеден сум ако може да најдам.
 
Не знам зошто му се нафрливте на дечкото? Посебно Чоузн, мислам дај земи chill pill, или си ептен attention whore? Дечкото си праша ако има некој што може да му помогне во одреден дел од трудот, а не да му го напише целиот.
Според вашево излегува дека на форум не смеело да се праша за помош? Што е следно, не смее ни пријатели да праша?

Он: Се надевам ќе најдеш тоа што ти треба друже ;)
 
Не знам зошто му се нафрливте на дечкото? Посебно Чоузн, мислам дај земи chill pill, или си ептен attention whore? Дечкото си праша ако има некој што може да му помогне во одреден дел од трудот, а не да му го напише целиот.
Според вашево излегува дека на форум не смеело да се праша за помош? Што е следно, не смее ни пријатели да праша?

Он: Се надевам ќе најдеш тоа што ти треба друже ;)

Стефус веќе ми помогна доста со еден превид што го имав направено на страната на МСЕ и покрај тоа што ја студирав 3 недели. 4 очи гледаат подобро од 2 беше работата :P
 
За долгот си во право, кај нас нема корпоративни обврзници, освен две приватни емисии на банки, па затоа и не можеме да кажеме дека имаме издавање на корпоративни обврзници. Некој мислам дека спомна нешто за државни обврзници и слично, но на тебе ти треба просечните извори на финансирање на компанија, така да тоа отпаѓа. Единствено ти остануваат банкарските кредити со нивните камати ( можеш нивото движење да го прикажеш како тренд и да ги нагласиш факторите кои влјаеле на тој тренд). Но имајќи предвид дека анализираш компании кои котираат на берза како извор исто така можеш да го земеш и емисијата на нови акции како обични ( прва и втора класа) така и приоритетни.

Она за бета- што го спомна всушност тука се применува како разлика во варијабилитетот на акцијата на конкретното анализирано претпријатије и баријабилитетот на сите акции на берзата земени како пондериран просек.
За кредитен рејтин кај нас речиси и да не може да се зборува, тоа единствено го гледаат кредитните одделенија при банките кои одобруваат кредит, гледајќи ги показателите за ликвиднност, профитабилност и приност на вкупни средства како и приносот на сопствен капитал. Ова последното сфатено како учеството што го има сопствениот капитал во инвестиционите кредити земени во некој временски распон од неколку години .

Она што го спомна за country risk, според мене се однесуваа на странските инвеститори во Македонија, и нема некое посебно значење во националната економија.
Сопствен капитал - Re= Rf+Beta * ( Km - Rf) илиCAPM моделот што го спомна доволно разработен мислам дека е доволен. Бета се добива со ствање во однос на коваријасата на приносите на сите акции на берзата, со варијансата на приносот на акцијата од конкретната компнија која е предмет на анализирање и објаснување.

Безризична стапка на принос се државните обврзници што кај нас се само оние за денационализација и за старо девизно штедење ( веќе исплатени), па може нивите каматни стапки и приноси ќе послужат како репер. Тука не треба да се земат еврообврзниците дека зависат од кредитниот рејтинг на државата ББ и се со висока каматана стапка мислам од 10 и 8,5 %.

За МБИ - 10 или МБИД не сум сигурен, но мислам дека во МБИ-10 се содржани 2 банки.
 
Стефус веќе ми помогна доста со еден превид што го имав направено на страната на МСЕ и покрај тоа што ја студирав 3 недели. 4 очи гледаат подобро од 2 беше работата :P
Баварец, што направи со магистерската? Ако ти е готова и ако ги реши проблемите ќе те барам за консултантска помош на иста тема. :)
 
Не бе кај се разбирам јас од економија. Кога ќе ве прашаат конкретни прашања сите прц и во бестрага, ако еден од погоре споменатите кој цел ден кажуваат економски вести знае еден податокот што го интересира момакот јас ќе си пукнам во колено.
Патем дечкото бара идеи за истражување и вид на анализа која може да му биде од помош. Па и така цел ден гњавите како сме економски најјаки во цел Балкан, па повелете помогнете му.
ej leandra najbolje si ti :)
 
Леандра само проќењава нешто пуна е со фрустрации. Инаку на Баварец ако му треба помош со статистика методологија и тестови нека пише ПП или тука со тоа можам да му помогнам.
Штета што немаше прашање за субвенции, фјучерси, купување на евтини намирници од кам маркет, и спремање на економски издржлива и евтина храна.
 
Не бев сигурен дали да ја отворам темава тука или во образование ама сепак мислам дека тука ќе може да добијам повеќе фидбек (сепак малку поконкретни и специфични ми се прашањата за кои ми треба помош).

Значи изработувам м-р труд од областа на финансиски менаџмент со фокус на изворите на финансирање и само што завршив со полесниот теоретски дел. Е сега следува истражувањето кое ќе е малку потрудно по се изгледа бидејќи кај нас ретко кој се „замара“ со работи кои на запад се „добро утро“ па за да дојдам до потребните инфо ќе ми треба малку повеќе интелектуален... и копачки... напор... Задачата ми е да пресметам WACC на компании кои котираат на нашата берза и да ги анализирам резултатите во обид да најдам корелација помеѓу WACC -от и некои други финансиски показатели.

Прашањата ми се однесуваат токму на пресметката поединечните елементи WACC -от:

1) Долг

1.а) Цена на долгот - корпоративни обрзници кај нас аш па само банкарски кредите и нивните каматни стапки ми остануваат. Е сега - правилно би било да се земат во предвид сегашните, актуелни, пазарни, каматни стапки и тоа и ќе го направам (бар тоа не е проблем).

Затоа што ме интересира цената на долгот после оданочување и бидејќи имаме рамен данок на добивка од 10% и да се одбие оваа ставка е лесно. И толку од „лесното“.

1.б) Пондер на долгот - што правам сега? Која е пазарната вредност на еден банкарски кредит? Најдов дека обично едноставно се зема сметководствената вредност на овој вид долг во праска ама никако не ми држи вода со сегашните каматни стапки. Кредитен рејтинг кај нас исто аш па од каде да знам дали компанијата е исто ризична денес како и кога го земала кредитот? Идеи?

2) Сопствен капитал

2.а) Цена на СК - САРМ е убедливо најприменуван модел за вреднување на СК па планирам да го употребам и јас. Арно ама најдов модифицирани верзии кои на овој модел додаваат и "Country Riski" и "Sector Risk". Да ја модификувам со овие две или сепак не основната формула? Мислам дека ризикот на земјата веќе е инкорпориран во безризичната стапка на принос па не знам дали е неопходен како посебен елемент а вториов ризик ми е некако паушален не знам како би го проценил.

Освен тоа:

2.а.1) Безризична стапка на принос - ова е обично стапката на принос до достасување на државните обврзници. Бидејќи анализата ќе ја правам наназад 3 години ми треба од прилика државна обврзница со ист рок на достасување. Е сега проблемот е што нашиот пазар е толку ликвиден колку што е па не знам колку она што ќе го пресметам ќе биде реално... Идеи?

2.а.2) бета коефициент - тука почнува журката. Знае ли некој некаде ова да се пресметува кај нас? Ако не тогаш топ, ќе морам јас за што ќе ми требаат инфо за движењето на цените на акциите во последните 3 години

2.а.3) пазарната стапка на принос - ај сеа... МБИ10 или МБИД? Да напоменам - банки нема да анализирам а во МБИ10 се содржани мислам 3 банки...

2.б) Пондер на СК - едноставно бројот на акции во оптек помножен со пазарната цена на акцијата на тој ден. И ова е лесно.

Благодарен би бил за секаква помош (идеи, извори, ватевер...).

П.С: Сакав сам да си пишувам м-р: епа ете ми :D
1. 1-Т х камата ти е за цена на долгот после оданочување
2. за пондери ќе ги земиш ставките од билансот, колку е од пасивата долг а колку капитал. долг/пасива ти е пондерот на долгот.
3. Тоа ти е ако сакаш да ги разложуваш ставките. Пример разлика меѓу америчка 10 годишна обврзница и македонска 10 годишна ти е кантри риск за македонија.. батали тоа држи се до основниот модел
4. земи од овие за денационализација што се пошто има емисија секоја година можиш да го нагодиш рокот на достастување како сакаш.
5. седи и пресметај го бета коеф. друг начин нема. за ова ќе треба да се потрудиш. ископај податоци за движење на цените во последните 3-4 години и стави ги во однос на иднексот
6. ја би МБИ10
7. ако веќе применуваш пазарна ведност на капиталот наместо сметководствена тогаш пондер на долгот ќе ти биди 1-пондер на капиталот ... вака капиталот ќе има поголема вредност и ќе добијаш нешто повисок WACC. А пак именител ќе ти биди смектоводсвено колку е дологт + пазарно колку е капиталот. Сметководствента вредност на долгот по некоја логика е и пазарна. со оглед на тоа што фирмата нема да го продава кредитот туку ќе го корисити за работа и ќе го отплати така што вредноста е фиксна и не варира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom