Помош - Компјутерот ми замрзнува и прави звук

  • Креатор на темата Креатор на темата Tемјан
  • Време на започнување Време на започнување

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Локација
Howling Fjord
Здраво, компјутерот од вчера почна да ми замрзнува за околу 1 секунда, и за тоа време прави некој звук како да лагува*, како некој електричен дисторзиран звук кој доаѓа од звучниците. Замрзнува на отприлика 5 до 10 минути, но понекогаш проблемот може и да го нема и подолго време. :)
Вчера го отворив цел компјутер, да го исчистам од прашина, бидејки кулерите многу брчеа. Внимателно ги исчистив сите кулери и повторно ги вратив на место (ова не го правам прв пат). Подоцна инсталирав некој програми како: Net Limiter и SpeedFan. И се мислам дека од кога ја инсталирав НетЛимитер ми се јави овој проблем, ама не гледам логика во тоа (пак ја деинсталирав и пак замрзнуваше) . :confused:
Проблемот најчесто ми се јавува кога гледам видеа на јутуб и кога играм игри. Температурата во компјутерот е нормална.
Конфигурација: AMD Athlon64 x2 4800+ . Samsung HD250 . nVidia GeForce 9500 GT
Ве молам ако некој го имал истиот проблем и/или знае да ми помогне, нека ми каже што да направам. Благодарам.
 
Сакаш да кажеш брчи како трактор.. ако ти е у ладна просторија прво загреј малце..и мојот така прави кога е на ладно.. мислам дека е до тоа (y)
 
Ако ти титка од биперот од матичната плоча, во прашање е температурата. АМД процесорите занаат и да им рикне давачот на температура и да титка иако е во нормална температура.
 
Брат и мене на ладново ми брмчи па после као прекинува и уште еден ми се пожали дека и неговиот брмчел а и јас земав вадев кулерите чистев и се баш пред некое време и пак брмчи,мислам дека и он има душа на ладново:pos:
 
Не, не, Кога замрзнува една секунда трае тоа. звукот го дава од звучниците, само од звучниците. Не е ни до ладното... Можно ли е бидејки вчера направив CCleaner на регистрите и инсталирав Update на графичката, нешто да се пореметило, пред тоа се беше во ред...
BTW не Брмчи туки ЗАМРЗНУВА. :)
 
Тажни вести... - матичната - собирај си пари за нова со време и тргни си некои податоци ако ти требаат. (и јас наебав исто така)
 
Ај кажи која ти е температурата на графичката, спушти GPUZ и постирај слика.
 
И кај мене некогаш се јавува тој звук некогаш не,ама кај мене цел компјутер ми се исклучува и пишуве после системот ненадејно паднал,како да го стартувам пак виндоусот и слично. И кај мене се случува тоа најчето кога играм онлајн игри и тоа едноставни некои а не којзнае какви, а од почеток пред да се исклучуваше комп ми излегуваше дека ми паднал Shockwave player-от кој спрема мое мислење е составен дел на гугл хромот :/ Според мене проблемот е до графичката.
 
Извади ја батеријата шо е внатре, уклучи го без неа некое време и после вратија. Ја така му правам :)
 
Фала на сите за одговорите. Мислам дека го најдов проблемот. Ке пишам што направив, може на некој ке му помогне.
Само што ке ми засецне, т.е. замрзне компјутерот отидов десен клик. My Computer > Manage > Event Viewer и ке најдете логови од System или Applications или ке ги разгледате сите логови да најдете Error што можеби ги прави проблемите, мојот ерор беше со Виртуелната Машина што ја имам инсталирано, некој регистри сум избришал и сега средив и се е во ред.
А за тоа што ви брмчат компјутерите, отворете ги кулерите, подмачкајте ги со уље за машини за шиење, ке работат како нови. :)
 
Пробај со друг кулер и стави друго напојување ако е до тоа зимај си ново, јас имав сличен пробелм со брчење како трактор и сменив кулер, напојување и рам меморија и сега не се ни слуша дека работи :)
 
ЗАКЛУЧОК од сите овие постови погоре е , БАТАЛЕТЕ АМД ПРЕФРЛЕТЕСЕ НА ИНТЕЛ!
Истите проблеми ги имам и јас!
- цел компјутер го растурив до детал.!!!!
- подмачкав, сменив паста, !!!
- сменив интернет провајдер, од каблетел на кабелнет и обратно,!!
- сменив батерија, на матичната,!!!!!
- скенирав со сите можни антивируси, Аваст, авира, касперски, бит дефендер(овој покажа и вируси„ како најдобар демек се покажа“)!!!
- симнав и инсталирав тунеуп утилити програма за оптимализирање на целиот компјутер!!!!.
- Не знам и самиот што се не пробав овие последни 3 месеци.
ЗАКЛУЧОК:
БАТАЛЕТЕ АМД :( КОРИСТЕТЕ ИНТЕЛ!!!


П.С ФАН НА АМД :(
 
ЗАКЛУЧОК од сите овие постови погоре е , БАТАЛЕТЕ АМД ПРЕФРЛЕТЕСЕ НА ИНТЕЛ!
Истите проблеми ги имам и јас!
- цел компјутер го растурив до детал.!!!!
- подмачкав, сменив паста, !!!
- сменив интернет провајдер, од каблетел на кабелнет и обратно,!!
- сменив батерија, на матичната,!!!!!
- скенирав со сите можни антивируси, Аваст, авира, касперски, бит дефендер(овој покажа и вируси„ како најдобар демек се покажа“)!!!
- симнав и инсталирав тунеуп утилити програма за оптимализирање на целиот компјутер!!!!.
- Не знам и самиот што се не пробав овие последни 3 месеци.
ЗАКЛУЧОК:
БАТАЛЕТЕ АМД :( КОРИСТЕТЕ ИНТЕЛ!!!


П.С ФАН НА АМД :(

Имам да додадам само ова.
Сменив само напојување и сега засега е за нијанса подобро, само незнам до кога!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom