Помош како да подигнам добивка од Vilhil кладилницa

  • Креатор на темата Креатор на темата branegj
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
Клаадилницата е затворена веќе 3 недели и пичшува дека нема да работи неколку дена до обезбедување на лиценца бројот жто е на веб страната не крева никој...
 
Колку што сум запознаен со случајот, на кладилницата и е истечена лиценцата за работа и мора да чека да добие нова од Министерството за финансии. Доколку тоа се случи во рок од 30 дена ( бидејќи мислам дека толку временски рок тикетот има валидност после тоа е неважачки ) не би требало да имаш никакви проблеми со исплата. Но ако не им даде министерството нова лиценца тоа значи дека кладилницата повеќе не може да работи и во тој случај не би знаел да ти кажам која институција би била задолжена за да ги реши спорните исплати. Најверојатно ќе треба да се обратиш до министерството за финансии или УЈП па од таму да те упатат што да правиш.
 
Доколку тоа се случи во рок од 30 дена (бидејќи мислам дека толку временски рок тикетот има валидност после тоа е неважачки)
Мислам дека е премногу геј во ваква ситуација уште да важи ова правило...
У нормални услови океј, ама ако кладилницата е затворена, ова правило не смее да важи. Тие 30 дена треба да се рачунаат само во денови кога работи кладилницата.
 
Секоја кладилница треба да има задолжителен депозит на банка за вакви случаи ако во случај на престанок на работа да неислатените тикети се наплатат од таму. Е сега како оди постапката за наплата тоа не знам но прво треба да се види дали вилхил ќе продолжи со работа па ако не продолжи тогаш сигурно некаде ќе има каде е сите може да се обратат за подигнување добитни но неисплатени тикети.
 
Според законот за игри на среќа - обложувалници важи следното:

Untitled.jpg

Според ова, ако кладилницата Вил Хил одбие да ти ја исплати добивката имаш право во рок од 30 дена да поднесеш тужба против нив. Е сега дали ти се исплати да се влечеш по судови зависи од тоа колкава ти е добивката. Ако се работи за помала сума според мене не вреди да се влечеш по судови бидејќи тие пари од исплатата ќе ги дадеш по судови. Ама ако се работи за поголема сума на пари тогаш можеш да си тужиш слободно. Ти преостанува да почекаш уште некое време да видиш дали Вил Хил ќе ја добие лиценцата за работа, тогаш се надевам ќе може да си ја подигнеш добивката. Во спротивно ти посакувам среќа ако решиш да тргнеш по судови.[DOUBLEPOST=1476611855][/DOUBLEPOST]
Секоја кладилница треба да има задолжителен депозит на банка за вакви случаи ако во случај на престанок на работа да неислатените тикети се наплатат од таму. Е сега како оди постапката за наплата тоа не знам но прво треба да се види дали вилхил ќе продолжи со работа па ако не продолжи тогаш сигурно некаде ќе има каде е сите може да се обратат за подигнување добитни но неисплатени тикети.

Колку што јас знам сопственик на Вил Хил не е Македонец, што значи дека досега можел најверојатно и да ги повлече сите депозити и да му ја кидне, оти тука кај нас ништо не е чудно. Во спротивно мислам дека при вакви случаеви каде лиценцата за работа не е активна институциите ( Министерство за финансии, НБРМ, УЈП... ) би требало да ги замрзнуваат тие депозитни средства за да неможе кој што сака да прави со нив и да бидат искористени за исплата на добивките. Ако грешам нека ме поправи некој.
 
@iksimkd уште да му напоменеше интервал до каде спаѓаат мали, а кои се големи суми за кои вреде да се ака по судови, бидејќи што е мала, а што голема сума е релативна работа.

@branegj мислам дека имам видено некои нивни канцеларии на Рузвелтова, кај Сетек, може да разгледаш во таа околина, па доколку имаат канцеларии да си прашаш директива таму.
 
@iksimkd уште да му напоменеше интервал до каде спаѓаат мали, а кои се големи суми за кои вреде да се ака по судови, бидејќи што е мала, а што голема сума е релативна работа.

@branegj мислам дека имам видено некои нивни канцеларии на Рузвелтова, кај Сетек, може да разгледаш во таа околина, па доколку имаат канцеларии да си прашаш директива таму.
Не сум од Скопје не е некоја голема добивка за специално да идам во Скопје а на телефонот на веб страната на Вил хил звонев никој не се јавува
 
Тогаш останува да почекаш дали ќе добијат лиценца па да подигнеш ако продолжат со работа :)
 
На другар ми му исплатиле мафијашки пари на рука, се чекале пред дом на АРМ. Дошол некој тип и му исќеширал пари.

Може да пробам да ти најдам телефон од типот што исплаќал.
 
Зарем работел до сега вил Хил. уф не сум знаел.
Порано беше најдобра кладилница во маало, ама одамна е затворена барем кај нас.
 
На другар ми му исплатиле мафијашки пари на рука, се чекале пред дом на АРМ. Дошол некој тип и му исќеширал пари.

Може да пробам да ти најдам телефон од типот што исплаќал.
ако можеш да ми најдеш број
 
Сеј си мирен, ако не е некоја озбилна пара не си ставај глава у вреќа.
 
Во Битола сите дуќани каде имаше Вил Хил во сите локации, сега истите се издаваат, така да изгледа толку од Вил Хил :D Не ми се верва, да ги издаваат дуќаните ако продолжат пак со работа, тоа со лиценцата изгледа му е масло на вода...
Еве и во случај да се работи за чекање на нова лиценца, тикетот има важност до 60 дена, значи од денот на добивката до дадениот рок ако добијат лиценца и продолжат со работа можиш да си подигниш пари, во спротивност тикетот ти е неважечки...
 
Абе не го лажете човекот, ќе си ги добие парите, и да се 140 денара, мора да му ги исплатат, чекам да ми одговори другарчево на фб, ќе ти пратам бројче утре во пп.

Кој е тој лузерски менталитет, си добил поштено пари на ливче, го советуваат „не си ставај глава у торба“, овој па другиов, тикетот ти е неважечки ако не отворат.

Мора да те исплатат.

Ова им се официјални телефон и мејл, а јас ќе ти пратам пп штом добијам телефон.

02/ 3290 822 office@vilhil.com.mk.
 
Интернет страната не се отвора на Вил Хил.
Можеби е и презаситен народот од голем избор на кладилници. Или пазарот стана претесен за сите.
Повеќето одат да уплаќаат тикети во Спорт лајф, или евентуално Моцарт и Копачка.
Така да, после Бет Сити , и Вил Хил веројатно ќе престане со работа во Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom