Gorco
WEHADAHFUKDOWAHNODAT
- Член од
- 29 април 2005
- Мислења
- 556
- Поени од реакции
- 35

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Министерот за образование и наука Азиз Положани немал донесено правилници, упатства, планови, програми и решенија, туку буџетските пари ги трошел како што сакал. Во извештајот на државниот ревизор (http://www.dzr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=268) стои дека финансиските извештаи во Министерството не ја претставуваат реалната состојба.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Ревизорите утврдиле дека Положани дал 2 милиона денари за запишување студенти на Југоисточниот европски универзитет во Тетово, без да добие согласност од Министерството за финансии и од Владата. Положани трошел пари од Министерството за стипендии исклучиво на Албанци од Албанија, без претходно да донесе акт за утврдување на критериумите. Давал пари и за постдипломци кои не ги исполнувале критериумите и имале просек под 8,5.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Ревизорите не се убедени дека изборот на училишта за изградба и реконструкција е правилно направен. Во извештајот стои дека министерот донесувал програма за инвестиции, но во услови на недефинирани критериуми остава можност за субјективен избор и фаворизирање на одредени училишта. Не е почитуван Законот за јавни набавки поради што незаконски се трошеле милионски суми, се вршеле набавки по повисоки цени, не се обезбедувала транспарентност и фер конкурентност меѓу набавувачите. Ревизорите се сомневаат дека Положани преговарал со инвеститорите во четири очи и така потрошил над 7 милиони денари без претходно да добие согласност од Министерството за финансии.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Во извештајот стои и дека во Министерството се исплаќале највисоки дневници за патување во странство, без да се приложат целосни документи. Министерот Положани не им ја ограничувал сметката за мобилен телефон на заменик - министерот, државниот секретар, шефот на кабинет, на својот возач и на раководителите на сектори, за што потрошил повеќе од 8.000 евра од дозволените. Положани му плаќал на својот заменик Тале Герамитчиоски стан во Скопје чија кирија била секој месец за 75 евра повисока од онаа што ја дозволила Владата.
Министерот со своето дискреционо право потрошил 80.000 евра за печатење книги кои претходно не се одобрени, за финансирање собири и манифестации, за ангажирање лица со договор за дело и за дополнителни хонорари на вработените.
Самиот министер си заработил над 5.000 евра за верификација на дипломи од Бугарија, Албанија и од Турција, иако не бил член на Верификационата комисија. Им дал дополнителни 10.000 евра на членовите на Комисијата за јавни набавки, иако тоа било дел од нивната работа.
Ревизорите му порачале на министерот да ја напушти праксата да им исплаќа надоместоци на вработените врз основа на ангажирање во разни комисии, зашто тој ангажман бил и во описот на нивната работа. (Р.Ф.)
[/FONT]