Па нели Трамп работи за Русите а Хилари тука им кажува на непријателите колку време имаат додека да дојде до извршување на наредбата. Тоа би требало да биде воена тајна ама видовме дека Хилари нема потреба да одговара пред законите
1. Трамп е популарен
2. Докажано е дека столбот е проблематичен и лесно се фалсификува
3. Граѓаните исто зборат и се свесни дека системот е корумпиран.
Незнам што е различно во САД од МКД. И таму прислушкуваат , и таму се корумпирани и таму со автобус носеле гласачи и не ми е јасно како тука во МКД сето ова го гледаш и се бориш против тоа а за во САД не го прифаќаш како реалност
1. Моментално најпопуларен политичар во САД е Барак Обама. Хипотетички ако он се кандидира на избори, ќе ги прегази и Трамп и Клинтонка и кој било друг американски политичар.
Исто, Трамп губи од Клинтонка која е еден од најомразените американски политичари.
Така да дека е толку популарен, не би рекол.
2. За разлика од нас кои имаме 25 годишно искуство со избори и глумење на демократска држава, САД организираат претседателски избори од времето кога ние уште се бркавме по планините со османлиите.
Не викам дека се совршени избори, празник на демократијата бла бла бла, туку ти кажувам дека лажирање од огромен ранг за претседател, денес во САД не е можно.
За почеток републиканците не се некоја отепана партија како сдсм во Македонија, туку тие се институција со ресурси, луѓе, републикански сенат моментално. Истото важи и за демократите. Ако која било партија насети голема заебанција, тоа туку така нема да помине.
Второ, САД има посериозна администрација и судство за тие работи. Не е тоа вчерашна посткомунистичка држава или Груева Македонија па некој да си го игра курот како сака и да не сноси одговорност.
За локални и регионални избори знаат да се направат некои фори со прекројување на дистрикти и слично, ама вака за претседателски кога гласа цел САД во 50 кусур држави е невозможно да помине незабележано.
3. Тоа колку граѓаните се согласуваат со неговото тврдење ќе видиме на изборите, вака за сега не изгледа добро за него.