Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Трамп ќе ја стави УСАИД под свое, нема да хаб за финансирање агенди

@YuZe Опна 25% на Канада и Мексико тарифи. Веројатно и на Европа исто им следува. На Кина само 10% сега за сега.

Како ова ќе се рефлектира на инфлацијата во Сад?
 
@YuZe Опна 25% на Канада и Мексико тарифи. Веројатно и на Европа исто им следува. На Кина само 10% сега за сега.

Како ова ќе се рефлектира на инфлацијата во Сад?
Се ми се чини дека и Европа ќе добијат 25ка.Ваљда конечно ќе се освестат и ќе се осамосталат Европјаниве.Доста беше вазалство.
 
Се ми се чини дека и Европа ќе добијат 25ка.Ваљда конечно ќе се освестат и ќе се осамосталат Европјаниве.Доста беше вазалство.

Важи побратиме, само од каде горивото, суровините за домашно производство, капиталот за да се платат домашните работници наместо да се увезуваат евтини имигранти кои со тек на време стануваат далеку поскапи од домашните работници, и останати најосновни потреби за да функционира домашна индустрија која е основен предуслов за самостојност ?

Коментаров ти е нешто во стилот на овој морон, па еве каде стигнавме 35 (ТРИЕСЕТ И ПЕТ) години подоцна.

Инаку јас сум прв за осамостојување на европските држави, не само од САД, туку и од НАТО и од ЕУ и за распослување до таму до каде што ти стигнува чергата, наместо експериментирање со либерал-фашизам и социјал-фашизам во 21-ви век.
 
Се ми се чини дека и Европа ќе добијат 25ка.Ваљда конечно ќе се освестат и ќе се осамосталат Европјаниве.Доста беше вазалство.

Не дека во ЕУ нема свесност за нивната зависност од САД, туку на таквите (свесни) ликови не им се допушта да фатат висока и влијателна политичка позиција пред се‘ во своите земји а потоа и во ЕУ, преку кои (позиции) би можеле да отпочнат „процес„ на осамостојување.

Но се‘ додека постојат ОТАН и ваква ЕУ, кои се производ токму од САД и преку кои САД владее со земјите од ЕУ, се‘ ќе се сведе само на реторика за потребата од осамостојување на ЕУ од САД...
 
Ако Трампчо со војска оди во Грендланд, одма и СИ трга на Тајпеи...а може ќе де окуражиат и други, Ердо на најблиското острово, Аргентина на Фокландите, Еспана на Гибралтар..
 
@YuZe Опна 25% на Канада и Мексико тарифи. Веројатно и на Европа исто им следува. На Кина само 10% сега за сега.

Како ова ќе се рефлектира на инфлацијата во Сад?
Мислам дека не е само 10% за Кина, туку на претходните тарифи зголемување за 10%
Иначе...
September 13 2024: The Biden administration finalized the increases of tariffs on Chinese exports. Tariffs increased to 100% on electric vehicles, 50% on solar cells and 25% on electric vehicle batteries, critical minerals, steel, and aluminum. The tariffs took effect beginning on September 27, 2024.

Трговска војна помеѓу Кина и САД
 
мислам дека ставањето тарифи без да имаш нешто свое да понудиш е узалуд. Ќе ставиш давачки на француски шампањ, а немаш шампањ од Кентаки ебаго. Не браниш домашно производство. Ќе влијае многу лошо и врз Америка и врз другите држави кои ќе бидат под овие давачки, највеќе купецот краен ќе осети. Тие парите он што планира да ги додаде у економијата ќе ги плати просечниот Американец.
 
Важи побратиме, само од каде горивото, суровините за домашно производство, капиталот за да се платат домашните работници наместо да се увезуваат евтини имигранти кои со тек на време стануваат далеку поскапи од домашните работници, и останати најосновни потреби за да функционира домашна индустрија која е основен предуслов за самостојност ?

Коментаров ти е нешто во стилот на овој морон, па еве каде стигнавме 35 (ТРИЕСЕТ И ПЕТ) години подоцна.

Инаку јас сум прв за осамостојување на европските држави, не само од САД, туку и од НАТО и од ЕУ и за распослување до таму до каде што ти стигнува чергата, наместо експериментирање со либерал-фашизам и социјал-фашизам во 21-ви век.
Под осамосталување подразбирам и можност за тотален распад на ЕУ.На самите Европјани им е преку таквото од бирократите во ЕУ.Десницата во сите држави зајакнува,а и сам знаеш шо значи тоа.
 
за Канада конкретно сум сигурен дека тоа го прави за да ја асимилира и припои, за другиве не знам баш која му е крајната цел.

Канада не успеале американците да ја освојат за време на американската револуционерна борба, а не па сега кога е втора најголема држава во светот по големина на територија.

А целта на Доналд Трамп со Канада и Мексико е едноставна: доминација на САД во слободниот трговски блок со Канада и Мексико.

Канаѓаните имаат нафта, гас и секакви суровини и минерали, Мексико има плодна почва, но уште поважно евтина работна сила, а плавиот Трамп ги сака сите тие придобивки на американска територија за најмала можна цена, по можност и бесплатно. Можеби ќе им каже фала на Канаѓаните и Мексиканците доколку прифатат од свој џеб да ги платат транспортот, обработката и дистрибуцијата низ САД.

Типот има причина зошто го идолизира Вилијам Мекинли, не само бидејќи своевремено воведувал тарифи кон други држави за да го заштити домашното индустриско производство во САД, туку и бидејќи за време на неговиот прв претседателски мандат од 1897 до 1901 се случуваат војната помеѓу САД и Шпанија од 1898 година, која завршува со победа на САД и освојување на Порторико, Филипините, Гуам и Куба.

Ако му успеало на Мекинли да ги прошири териториите на САД и да ја заштити американската економија од надворешен увоз на крајот од 19-от и почетокот на 20-от век, зошто да не му успее и на плавиот Трамп, и што ако сме трета деценија на 21-ви век ?

А да, уште еден важен факт за Мекинли: тој е третиот од вкупно четири американски претседатели кои биле убиени, после Абрахам Линколн во 1865 година и Џејмс Гарфилд во 1881 година, Мекинли починал од прострелни рани во 1901 година нешто повеќе од недела дена откако бил застрелан од страна на анархист во првата година од неговиот втор претседателски мандат.

Четвртиот американски претседател кој бил убиен е најпознатиот убиен претседател на САД, се разбира: Џон Кенеди, убиен во 1963 година.

Несомнено плавиот Трамп се поистоветува себеси со Мекинли бидејќи нели веќе избегна куршум со буквално милиметарска среќа, па кога веќе успеа да извади жива глава, сега кога повеќе нема што да изгуби во втор и последен претседателски мандат одлучен е да игра на се` или ништо.

И онака во најмала рака ќе именуваат бродови по него, како што традиционално прават во чест на сите поранешни американски претседатели, ако не и улици, булевари, авении, мостови, плоштади и други јавни места.
 
@YuZe Опна 25% на Канада и Мексико тарифи. Веројатно и на Европа исто им следува. На Кина само 10% сега за сега.

Како ова ќе се рефлектира на инфлацијата во Сад?
Ништо корисно не земаме од Мексико и од Канада, се е Американски продукти или продукти наменети за Американски пазар. Најголема причина за 25ките на соседиве и 10ката на Кина е за Кинески Fentanyl што се шверцува од соседиве. Во Америка има огромен проблем со тој пусти Fentanyl, 74.000 луѓе годишно умираат од него. Тоа ти е исто како една цела Битола, секоја година умира само од Fentanyl од Кина.

За инфлацијата Мексико и Канада не се толку критични. Кина е повеќе критична него нив.
 
Последно уредено:
мислам дека ставањето тарифи без да имаш нешто свое да понудиш е узалуд. Ќе ставиш давачки на француски шампањ, а немаш шампањ од Кентаки ебаго. Не браниш домашно производство. Ќе влијае многу лошо и врз Америка и врз другите држави кои ќе бидат под овие давачки, највеќе купецот краен ќе осети. Тие парите он што планира да ги додаде у економијата ќе ги плати просечниот Американец.

Зголемените тарифи/царини, ретко кога имаат „благе везе„ со бранење на домашната економија. „Добар„ пример за тоа е „нашата земјата„, која увезува „само се‘„ а на увезеното „мава„ и ДДВ и царина...а од наплатата ја плаќа домашната трајно неспособна администрација...која за возврат, мора да гласа за „нашите„.

Добро забележува проф. Волф, кој укажува дека царините кои Трампчо ќе ги воведе, повеќе значат самоизолирање на САД и нејзината економија од остатокот од светот, отколку што значат одбрана на домашната економија, која во голема мерка веќе е преселна низ азијатските држави, каде работната рака, материјалите и енергијата се багатела...
 
Волф е најголемата битанга и блага веза нема со економија. Тежок марксист комуњар е тој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom