Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
А мислиш ли дека режимот без крв ќе се откаже од власта. И јас викам нема шанси Америка да ја нападне СА но Сауд има и свои приврзаници со кои може да направи хаос. Да не заборавиме дека и Гадафи, Хусеин и тој еѓипќанецот беа амерички играчи но кога им кажаа дека не се веќе пожелни тие не ја дадоа власта без крв. Друг мајндест имаат не е парламентарна демократија СА.

Немаше американски воени бази и американски војски на териториите на Ирак и на Либија кога беа соборувани Садам Хусеин и Моамер Гадафи.

Од друга страна, Саудиска Арабија е` клиент на САД уште од крајот на 1980-те години, такво партнерство не се раскинува туку така преку ноќ. И токму бидејќи Саудијците се` свесни со каква светска суперсила си имаат работа, знаат што ги чека доколку се осмелат да преминат кон воен отпор, а јас лично мислам дека ќе си легнат на американското брашно за да си ги спасат сопствените задници.

На крајот на краиштата, животот во златен затвор не им е` ни малку тежок, судејќи според условите во саудискиот Риц Карлтон во Ријад, а воопшто не ни мораат таму да завршат припадниците на династијата Сауд.

Најлуксузниот затвор во светот

Всушност, јас лично мислам дека воопшто нема ни да мораат да се откажат од власта, туку само да си легнат на американското брашно и целото внимание на јавноста околу исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги наједноставно ќе го снема преку ноќ.
 
lol, Му објаснуе зашто САД нема да ја нападнат КСА.
Темиве станаа увод у геополитика за шестипол годишњаци.

Ај ти со твоите 2 ипол години објасни како САД би нападнале држава која и онака ја имаат окупирано со воени бази и војски на територијата на истата таа држава ?
 
Jас се потсмевам на фактот дека некој може уопште да си помисли дека сега еве САД може и да ја нападнат КСА.
 
Па и јас се потсмевам, но сепак не им лепам детинести етикети на луѓето кои воопшто го ставиле таквото сценарио под знак прашалник.

И иако не верувам дека САД би нападнале држава која веќе ја имаат окупирано, а која истовремено е` и првата странска држава која Доналд Трамп ја има посетено како претседател на САД, сепак не заборавај дека не постојат вечни пријателства, туку само вечни интереси - што не значи дека станува збор и за заеднички интереси.
 
Па и јас се потсмевам, но сепак не им лепам детинести етикети на луѓето кои воопшто го ставиле таквото сценарио под знак прашалник.
Не заебвај. Темава и сличните на неа се станати збиралиште за игнорамуси што мислат дека геополитика е развојот на неповрзани желби у нивните глави. Дека Америка сеа има шанси да ја нападне КСА, дека Кина ќе ја ставела морнарицата под контрола на Русија за да им наштетат заедно на Американците, дека Русија сега ќе го вложи сиот свој потенцијал само Македонија да не падне под капата на Америка и ред други глупости.
Сакаш милион и еден цитат за тоа како Трамп сега кога ќе ја преземе функцијата на клоци ќе ги дигне и Заев и СЈО?
Таа кооперациска "геополитика" - пред кооперација. Или пак, нема гајле, објаснувај ти зашто Америка сега нема шанси да ја нападне КСА.
 
Извини, ама кој најмногу ги продава таквите русофобски приказни, барем тука кај нас Македонија, особено на 30 септември 2018 и после 30 септември 2018 ?

Како тоа одеднаш Русите од незначителна поранешна светска суперсила која изгубила секаква моќ, станаа светска закана, па дури и за Македонија ?
 
Русофобни или американофилски ставови, позицијата на Русија и др. Немам никаков проблем со тоа.
Не ли сфаќаш дека поларизацијата на ставовите не ми е проблем. Проблем е за темава и за сериозните дискутанти - нивото.
 
Jас се потсмевам на фактот дека некој може уопште да си помисли дека сега еве САД може и да ја нападнат КСА.
Никој не спомна напад кон СА. Па еден Грујо каков отпот им даваше на америте и што се случи во собрание знаеме. Од тој аспект доколку се побара од монархот да абдицира. прашав дали има можност да даде отпор што е и легитимна опција имаќи во предвид дека не е демократ. И што по САУД, парламентарна демократија или друга фамилија? А овие сомнежи ми дојдоа откако гласноговорниците на Америка почнаа да шират пропаганда дека СА наликува на Франција во времето на Луј. Тоа логично е да пројави сомнеж дека сакаат да сменат режим таму.
 
Русофобни или американофилски ставови, позицијата на Русија и др. Немам никаков проблем со тоа.
Не ли сфаќаш дека поларизацијата на ставовите не ми е проблем. Проблем е за темава и за сериозните дискутанти - нивото.

Е тоа е веќе друга приказна.
 
Не заебвај. Темава и сличните на неа се станати збиралиште за игнорамуси што мислат дека геополитика е развојот на неповрзани желби у нивните глави. Дека Америка сеа има шанси да ја нападне КСА, дека Кина ќе ја ставела морнарицата под контрола на Русија за да им наштетат заедно на Американците, дека Русија сега ќе го вложи сиот свој потенцијал само Македонија да не падне под капата на Америка и ред други глупости.
Сакаш милион и еден цитат за тоа како Трамп сега кога ќе ја преземе функцијата на клоци ќе ги дигне и Заев и СЈО?
Таа кооперациска "геополитика" - пред кооперација. Или пак, нема гајле, објаснувај ти зашто Америка сега нема шанси да ја нападне КСА.
Јас незнам што толку те изнервира што кажав дека Трамп му мава чврги на Сауд тоа е факт. Дали ќе му изнуди пари како што прави со сите ЈАВНО дали ќе ги смени со други ќе видиме.
 
Никој не спомна напад кон СА. Па еден Грујо каков отпот им даваше на америте и што се случи во собрание знаеме. Од тој аспект доколку се побара од монархот да абдицира. прашав дали има можност да даде отпор што е и легитимна опција имаќи во предвид дека не е демократ. И што по САУД, парламентарна демократија или друга фамилија? А овие сомнежи ми дојдоа откако гласноговорниците на Америка почнаа да шират пропаганда дека СА наликува на Франција во времето на Луј. Тоа логично е да пројави сомнеж дека сакаат да сменат режим таму.
Koj да бара бре дете новиот претстолонаследник да абдицира?
Зашто коа дојде на власт и почна со реформи, апсења и убиства никој ни а ни бе не му рече?
Може да има даунгрејд на односите заради барање за купување на с400, но во поширок политички контекст, од аспект на ситуацијата во регионот, сега нема место за никаков сериозен антагонизам меѓу САД и КСА кој би довел до пофлагрантни потези како присилна абидикација или нешто слично.
 
Немаше американски воени бази и американски војски на териториите на Ирак и на Либија кога беа соборувани Садам Хусеин и Моамер Гадафи.

Од друга страна, Саудиска Арабија е` клиент на САД уште од крајот на 1980-те години, такво партнерство не се раскинува туку така преку ноќ. И токму бидејќи Саудијците се` свесни со каква светска суперсила си имаат работа, знаат што ги чека доколку се осмелат да преминат кон воен отпор, а јас лично мислам дека ќе си легнат на американското брашно за да си ги спасат сопствените задници.

На крајот на краиштата, животот во златен затвор не им е` ни малку тежок, судејќи според условите во саудискиот Риц Карлтон во Ријад, а воопшто не ни мораат таму да завршат припадниците на династијата Сауд.

Најлуксузниот затвор во светот

Всушност, јас лично мислам дека воопшто нема ни да мораат да се откажат од власта, туку само да си легнат на американското брашно и целото внимание на јавноста околу исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги наједноставно ќе го снема преку ноќ.
Барокно - ориентален затвор. Фали кај нас ваков :)
 
http://tocka.com.mk/vesti/284596/njujork-tajms-zetot-na-tramp-so-godini-ne-plakal-danok

Насловот лудница :vozbud: , а после содржината :
Ништо во документите не покажува дека Кушнер или неговата компанија го прекршиле законот, вели „Њујорк тајмс“.

Портпаролот на адвокатот на Кушнер за „Ројтерс“ изјави дека Кушнер редовно ги плаќал сите даноци во согласност со законот.
:aplauz:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom