Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Голема работа.
Прашањето е дали републиканците извлекле поука од вчерашниот изборен пораз и утре ќе гласаат против укинувањето на Интернет неутралноста - една од ретките добри политики на Барак Хусеин Обама.
За утре, четврток, 14 декември 2017, е закажана седницата на Федералната Комисија за Комуникации - ФКК на САД, во која мнозинството го имаат републиканците, па ако извлекле поука од вчерашниот изборен пораз, ќе гласаат против укинувањето на Интернет неутралноста, во спротивно ќе ја отворат Пандорината кутија на Интернетот и ќе следува многу неубав период во историјата на Интернетот во САД.
Е сеа и ти голема работа... три децении републиканци победуваат на секои избори за public office во Алабама а сега изгуби нивни кандидат кој Трамп директно го подржа. Не е крај на светот али не е ни мала работа.
Оваа даночна реформа е се, само не бенефит за широките народни маси
Сигурно си го прочитал предлогот или колку да се напише нешто
Можеби @NewForce прочитал ама се срами да сподели
И најмало намалување на даноци или било какво олеснување е од корист, бидејќи и така за возврат не добиваш ништо од власта.
Да де не добиваш ништо, автопати, железници и нуклеарни централи марсовци ги градат, полиција, пожарна со пиперки и патлиџани ги плаќаат.
Соодносот што го плаќаш со квалитетот што го добиваш....
Зашто тогаш се задолжуваат толку многу државите...
Полицијата пред 30-40 години си ја вршела функцијата која треба да ја врши (заштита на граѓаните)
И сите тие работи што ги наброја и плус многу други приватен сектор може да ги прави и тоа подобро а и во многу случаеви многу поевтино
И во Библијата е напишано до 10% да плаќаш е ОК, ама 50%, 60% тоа е кражба.
Ако чекај ти од политичарите да работат за тебе, се се тоа хумани и чесни луѓе
Врска демократите нешто да кажеш што се против намалување даноци, а се грижат за новчаникот на сиромашните![]()
Тоа е друго, не правиме муабет дали треба даноци туку за нивна распределба. Кој им е крив што трилиони долари даваат за војска а не за образование, инфраструктура и наука.
Реформата на даноците му ја немам читано ама видов дека WSJ како најрелевантен бизнис весник во САД не ја прифаќа како позитивна.
Кој им е крив што трилиони долари даваат за војска а не за образование, инфраструктура и наука.
Хехехе, од изборното ветување на плавиот Дони Трамп, кое гласеше:
1. Секој граѓанин на САД кој не е во брак, а заработува помалку од 25.000 американски долари годишно, нема да плаќа данок;
2. Секој брачен пар чии што брачни партнери заедно заработуваат помалку од 50.000 американски долари годишно, нема да плаќаат данок;
единствен ќар ќе видат само брачните партнери кои заедно заработуваат помалку од 25.000 американски долари годишно, и тоа нивниот ќар ќе се сведи на цели 60 (ШЕЕСЕТ) американски долари годишно.![]()
Обично ти наоѓаше извори кои колку толку содржеа реални информации, што ти бидна сега
Ќар ќе имаат од 3% за разлика од претходно, а во цел свет трендот е поголеми даноци и нови непотребни даноци.![]()