Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Десна се огради од Палчо и од преостанативе членови што учествуваа во неговата акција. Дури рекоа дека ќе им ги скинат членствата. Десна реално е подобра алтернатива и од Левица, поради тоа што апла порадикални се и стриктно се фокусираат на Македонците, за разлика од Левица која сè уште верува дека постојат добри Албанци како од 1944 и 1945 што војувале и гинеле за Македонија и АСНОМ.Десна масовно да била гласана сакал легендава..![]()
Не баш, за да се биде премиер во северџганистан потребно е да се знае кој е претседател во Централата-САД (или за колониите е важно кој им е гувернер-амбасадор) и кој е канцеларот на четвртиот рајх.Мицкоски како претседател на ДПМНЕ и човек кој сака да биде премиер, треба да го знае ова.
Друже, уште такви овчарски партии како Родина или Десна ни фалат во земјава на ваков очај и беда.Ти гледај економскиот дел пред се да се подобри, само во тоа е проблемот, ниту СДСМ, ниту ВМРО курот не ги боли за економијата во државава.Десна се огради од Палчо и од преостанативе членови што учествуваа во неговата акција. Дури рекоа дека ќе им ги скинат членствата. Десна реално е подобра алтернатива и од Левица, поради тоа што апла порадикални се и стриктно се фокусираат на Македонците, за разлика од Левица која сè уште верува дека постојат добри Албанци како од 1944 и 1945 што војувале и гинеле за Македонија и АСНОМ.
Друже, уште такви овчарски партии како Родина или Десна ни фалат во земјава на ваков очај и беда.Ти гледај економскиот дел пред се да се подобри, само во тоа е проблемот, ниту СДСМ, ниту ВМРО курот не ги боли за економијата во државава.
Левица да не правам муабет.Со нивните социјалистички идеи ептен ќе не управат.
?“Менување реалност” е несоодветен израз, оксиморон. Тоа што веројатно сакаш да кажеш е да се создава иднината во поинаков правец од сегашниот, што е сосема на место. За да се направи тоа, основно е да се осознае и дефинира моменталната состојба па потоа да се почне со делување.
Темели (столбови е точно ако сакаме да сме прецизни) на секоја држава се одбрана, надворешни работи, финансии и суд/правосудство!Темелите на една држава би биле безбедност, образование, здравство, правен систем. Колкав е моменталниот капитал, интерес, капацитет и потенцијал за иднина на Македонците за утврдување на овие 4 суштински темели? Економски се подобривме со излегувањето од ексју матрицата кај младите преку “ворк & травел” програмите и ИТ светот пред се, ама треба континуитет.
Глупости!Зошто Албанците уживаат поддршка моментално? Се множат повеќе од останатите, борбени, послушни, работливи, бизнис ориентирани, шверцери на што сакаш, имаат пописмени единки кои можат роварат низ остантите ексјугословенски заедници знаејќи ги јазиците и обичаите. Ти разбираш албански јазик, нивните обичаи и Куранот? Ако одговорот е не, ти си помалку вреден од твој албански пандан на човек од Тетово или Чаир кој разбира македонски и српски јазик. Да те потсетам со еден пример на високо ниво, пред сегашниот министер за финансии Албанец имаше една министерка Македонка, промената настана откако таа се бламираше на позицијата.
Ако е доцна, зошто толку време трошиш и пишуваш реферати?Според мене доцна е за било каков спас на македонштината како националност и државност а можеби и како народ, ама тоа што би можело да се направи според мене е следното:
1. Внатрешна политика:
- Множење. Дали тоа ќе биде МПЦ, државни приватни субвенции дотации, пропаганда за секс и семејни вредности, поттикнување екскурзии за млади да се сексаат повеќе таму пошто нели “повеќе печати во пасошот” и сликање за социјални мрежи е во мода сега…. сеедно како, без квантитет ништо.
- Всадување на индивидуална и колективна свест, претходно споменатите општествени темели и политичка писменост во свеста на секој поединец уште од деца, континуитет на истите. Алатките се неважни (спорт, музика, социјални мрежи, религија, сеедно…).
- Образованието од темелите со посебен акцент. Технички и социјални вештини и знаења во прв план. Да се поттикнуваат Македонците покрај светските јазици, да знаат и Албански, Грчки и Турски барем на основни нивоа да разбираат што им се случува пред нос и зад грб.
- Економијата. Финансиска писменост и развој на максимално можно чувство за преприемаштво кај сите, правење од едно од ништо, три од едно, десет од три… и така натаму.
Надворешната политика е слика и прилика на ВНАТРЕШНАТА политика.2. Надворешна политика:
- Фокус на дијаспората. Никој странец нема да се интересира толку за овие краишта колку некој што има врска со истите.
- Максимално можно користење и одржување на секоја можна позиција во меѓународни организации и билатерални оддноси. Ова да се поврзува во континуитет со дијаспората.
- Големите сили: Тие не бираат нас, не ние нив. Играме со тоа што можеме. Останатото зависи од претходните 2 потточки.
- Соседи: Максимално можно поврзување и одржување добри односи со Грците. Ова изгледа чудно, ама еве зошто: јужно од Австрија и Унгарија, Грција и Турција се единствените ентитети со суштински карактеристики на државност и поддршка од САД, НАТО и ЕУ како покровители на цел овој регион. Ваква територија и народ како ние не мислам дека може без “поголем брат” од соседството и од цела наша околина најнормално нешто е Грција, се друго е жалосна боранија од држави и општества. И нивниот аспект не е целосно неразумен, дури и нивната позиција за “славомакедонци” е пореална отколку воулгарската шизофренија дека “всичко е блгарско”. И да не заборавиме, има уште наши луѓе таму. Пред неколку месеци во Костур/Касториа гирото на почетокот на шеталиштето на езерото, човекот веројатно не слушна откако седнавме и цело време ни зборуваше на македонски, на група моторџии од Србија до нас им зборувше на англиски (не верувам дека не ги разбираше и нив што зборуваа на српски). Линијата Србија-Македонија-Грција е важна за нас, сеедно дали преку економија, музика, православие, туризам, Византијаство како што лупа оној “мариовскиот банкар од швајцарските езера” по форумов…. сеедно како. Ако веќе сакаш и историски поглед, најголемата слава на македонизмот е во времето кога Александар III Македонски ги освојува старогрчките градови-држави и ги здружува тогашните Македонци (неговото царство) со Елините/Грците (нивните градови-држави), барем за тој дел од историјата се согласуваме сите.
Од опозицијава Димче има капацитет но он не знае да кохабитира со други од неговото его. Затоа и делува крајно деструктивно него обединувачки.
Токму таквата кохабитација ја доведе македонската држава до ова дереџе.
Типично за секој политичар е да ги тргнува настрана своите ветувања откако ќе се закачи за власт како мува на измет, но кога тргнува против интересите на сопствените гласачи за да ја задржи или зацврсти својата позиција, тогаш само дополнително ја засилува онаа народната "сите се исти" .
Први кои тргнаа против националните интереси на Македонците - бидејќи да, и Македонци гласаа за нивната партија на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година - беа плавите жолтици во 1992 година кога ја формираа првата анти-македонска влада. Проблемот кај денешните гласачи во буквално секоја држава во која се одржуваат избори - без исклучок - е краткотрајното помнење за постапките и политиките од минатото на политичарот за кого гласаат или политичката партија за која гласаат.
На велешкиот даскал можеби му фалат даски, а можеби има даски за давање, но како и да е, одбивање на предизборно коалицирање и соработка со партиите народно познати како "сите се исти" е повеќе од добредојдено за сеуште неодлучените и незадоволните гласачи.
Доволно беше кохабитација изминативе 31 (ТРИЕСЕТ И ЕДНА) година, на Македонците им треба политичка партија која ќе ги стави македонските национални интереси на прво место, а не уште една "европска", "евроатлантска", или "евроинтеграциска" партија.
Не е прашање на его, туку на потреба за еден народ.
Кој народ бе, Димче ве користи да си билда егото само, го заболе него за народот. Тој е толку привиден тип, од километар се гледа, од шарен револуционер сега ќе глуми лево вмро. Ништо чудно и како Палчо еден ден да заврши со оглед на тоа дека си гради некој култ околу него.
Da ne treba da se nerviram za situacijava vo koja nisto ne mozam da smenam slucajno?Но скептичен сум за ова, поради тоа што кај нас малку ги боли за Македонија, односно побитна им е кафаната и побитни им се журките.