Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.875
Поени од реакции
7.141
Десна масовно да била гласана сакал легендава.. :icon_lol:
Десна се огради од Палчо и од преостанативе членови што учествуваа во неговата акција. Дури рекоа дека ќе им ги скинат членствата. Десна реално е подобра алтернатива и од Левица, поради тоа што апла порадикални се и стриктно се фокусираат на Македонците, за разлика од Левица која сè уште верува дека постојат добри Албанци како од 1944 и 1945 што војувале и гинеле за Македонија и АСНОМ.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.453
Поени од реакции
5.171
Мицкоски како претседател на ДПМНЕ и човек кој сака да биде премиер, треба да го знае ова.
Не баш, за да се биде премиер во северџганистан потребно е да се знае кој е претседател во Централата-САД (или за колониите е важно кој им е гувернер-амбасадор) и кој е канцеларот на четвртиот рајх.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Десна се огради од Палчо и од преостанативе членови што учествуваа во неговата акција. Дури рекоа дека ќе им ги скинат членствата. Десна реално е подобра алтернатива и од Левица, поради тоа што апла порадикални се и стриктно се фокусираат на Македонците, за разлика од Левица која сè уште верува дека постојат добри Албанци како од 1944 и 1945 што војувале и гинеле за Македонија и АСНОМ.
Друже, уште такви овчарски партии како Родина или Десна ни фалат во земјава на ваков очај и беда.Ти гледај економскиот дел пред се да се подобри, само во тоа е проблемот, ниту СДСМ, ниту ВМРО курот не ги боли за економијата во државава.
Левица да не правам муабет.Со нивните социјалистички идеи ептен ќе не управат.
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.875
Поени од реакции
7.141
Друже, уште такви овчарски партии како Родина или Десна ни фалат во земјава на ваков очај и беда.Ти гледај економскиот дел пред се да се подобри, само во тоа е проблемот, ниту СДСМ, ниту ВМРО курот не ги боли за економијата во државава.
И кое е чарето според тебе?

Левица да не правам муабет.Со нивните социјалистички идеи ептен ќе не управат.
Баш напротив, Левица кажа дека за доброто на Македонија дека со сите ќе соработува и секаде ќе оди, па дури и во Вашингтон.
А социјализмот ќе биде македонски со кинески карактеристики, а реално гледано Кина отиде пренапред со таквиот социјализам, па зошто да не и Македонија?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.698
Поени од реакции
42.284
Од опозицијава Димче има капацитет но он не знае да кохабитира со други од неговото его. Затоа и делува крајно деструктивно него обединувачки.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.453
Поени од реакции
5.171
“Менување реалност” е несоодветен израз, оксиморон. Тоа што веројатно сакаш да кажеш е да се создава иднината во поинаков правец од сегашниот, што е сосема на место. За да се направи тоа, основно е да се осознае и дефинира моменталната состојба па потоа да се почне со делување.
?
значи знаеш што сум напишал ама сепак малку да подјебуеш :(

Темелите на една држава би биле безбедност, образование, здравство, правен систем. Колкав е моменталниот капитал, интерес, капацитет и потенцијал за иднина на Македонците за утврдување на овие 4 суштински темели? Економски се подобривме со излегувањето од ексју матрицата кај младите преку “ворк & травел” програмите и ИТ светот пред се, ама треба континуитет.
Темели (столбови е точно ако сакаме да сме прецизни) на секоја држава се одбрана, надворешни работи, финансии и суд/правосудство!
...образование и здравство не се тоа...

Зошто Албанците уживаат поддршка моментално? Се множат повеќе од останатите, борбени, послушни, работливи, бизнис ориентирани, шверцери на што сакаш, имаат пописмени единки кои можат роварат низ остантите ексјугословенски заедници знаејќи ги јазиците и обичаите. Ти разбираш албански јазик, нивните обичаи и Куранот? Ако одговорот е не, ти си помалку вреден од твој албански пандан на човек од Тетово или Чаир кој разбира македонски и српски јазик. Да те потсетам со еден пример на високо ниво, пред сегашниот министер за финансии Албанец имаше една министерка Македонка, промената настана откако таа се бламираше на позицијата.
Глупости!
Арнаутите имаат подрѓка затоа што се корисни идиоти и се во функција на ЕУСА во остварувањето на нивните интереси во регионот, а за таа наклонетост дури и даваат пари заработени од црни бизниси.
Кога би живеел во Шчиперија веројатно би знаел и учел албански за сега додека живеам во Македонија не ми е потребно да знам јазик на малцинство.
Куранот го листав нешто информативно и нема некоја голема разлика од Библијата, принципите се исти само тој е нешто изменет во некои сегменти...
Инаку има Македонци со Исламска вероисповест и претпоставувам го читале Куранот ;)
Кој те убеди дека си помалку вреден во тетове и Чаир, мора да е Црпе со дружината :pos:

Според мене доцна е за било каков спас на македонштината како националност и државност а можеби и како народ, ама тоа што би можело да се направи според мене е следното:
Ако е доцна, зошто толку време трошиш и пишуваш реферати?
Поискрено би било да напишеше дека тебе не ти лежи на душа Македонија, што е можно не сите се Македонци а и не се сите Македонци свесни дека се Македонци!

1. Внатрешна политика:
- Множење. Дали тоа ќе биде МПЦ, државни приватни субвенции дотации, пропаганда за секс и семејни вредности, поттикнување екскурзии за млади да се сексаат повеќе таму пошто нели “повеќе печати во пасошот” и сликање за социјални мрежи е во мода сега…. сеедно како, без квантитет ништо.
- Всадување на индивидуална и колективна свест, претходно споменатите општествени темели и политичка писменост во свеста на секој поединец уште од деца, континуитет на истите. Алатките се неважни (спорт, музика, социјални мрежи, религија, сеедно…).
- Образованието од темелите со посебен акцент. Технички и социјални вештини и знаења во прв план. Да се поттикнуваат Македонците покрај светските јазици, да знаат и Албански, Грчки и Турски барем на основни нивоа да разбираат што им се случува пред нос и зад грб.
- Економијата. Финансиска писменост и развој на максимално можно чувство за преприемаштво кај сите, правење од едно од ништо, три од едно, десет од три… и така натаму.
:pos: значи МПЦ-ОА (тоа е правото име, а не МПЦ како што си напишал, сигурно е случајно) треба да ги тера лујџето да се сексат :pos:
Значи ти би да ги програмираш(им утеруеш свест) луѓето, оти тие се глупи и не ги разбираат работите, интересно. Не треба елитите да станат луѓе ами оние кои се робови и немаат свест, треба да станат свесни :yid:
Можеби сакаше да речеш ПРОГРАМА која е плод и производ на КОНЦЕПЦИЈА или не?
Не заборавај и Марсовски јазик (покрај албански, турски, грчки и повторно заборави вблашки -го знаеш ли патем?), оти сега како тераат газдите вонземјаните само што не дошле на гости :несвест:

2. Надворешна политика:
- Фокус на дијаспората. Никој странец нема да се интересира толку за овие краишта колку некој што има врска со истите.
- Максимално можно користење и одржување на секоја можна позиција во меѓународни организации и билатерални оддноси. Ова да се поврзува во континуитет со дијаспората.
- Големите сили: Тие не бираат нас, не ние нив. Играме со тоа што можеме. Останатото зависи од претходните 2 потточки.
- Соседи: Максимално можно поврзување и одржување добри односи со Грците. Ова изгледа чудно, ама еве зошто: јужно од Австрија и Унгарија, Грција и Турција се единствените ентитети со суштински карактеристики на државност и поддршка од САД, НАТО и ЕУ како покровители на цел овој регион. Ваква територија и народ како ние не мислам дека може без “поголем брат” од соседството и од цела наша околина најнормално нешто е Грција, се друго е жалосна боранија од држави и општества. И нивниот аспект не е целосно неразумен, дури и нивната позиција за “славомакедонци” е пореална отколку воулгарската шизофренија дека “всичко е блгарско”. И да не заборавиме, има уште наши луѓе таму. Пред неколку месеци во Костур/Касториа гирото на почетокот на шеталиштето на езерото, човекот веројатно не слушна откако седнавме и цело време ни зборуваше на македонски, на група моторџии од Србија до нас им зборувше на англиски (не верувам дека не ги разбираше и нив што зборуваа на српски). Линијата Србија-Македонија-Грција е важна за нас, сеедно дали преку економија, музика, православие, туризам, Византијаство како што лупа оној “мариовскиот банкар од швајцарските езера” по форумов…. сеедно како. Ако веќе сакаш и историски поглед, најголемата слава на македонизмот е во времето кога Александар III Македонски ги освојува старогрчките градови-држави и ги здружува тогашните Македонци (неговото царство) со Елините/Грците (нивните градови-држави), барем за тој дел од историјата се согласуваме сите.
Надворешната политика е слика и прилика на ВНАТРЕШНАТА политика.
Штом немаш внатрешна политика (а ниту една колонија нема внатрешна политика па не гледам причина Северџганистан да има своја внатрешна политика) не можеш да имаш надворешна!
Нашата дијаспора-иселеници е специфична категорија и да бифдам искрен јас не очекувам од нив никаква активност за македонија, освен топли желби и поздрави, едноставно такви се, такви биле и кога заминале од тука, таму само станале малку поситуирани, таму започнува и завршува нивната...

Големите сили -тоа се вика ГЛОБАЛНА политика, за да нешто се знае од неа не е доволно само да се читат нивните теории за геостратегија и геополитика, ами треба да се разбере истата да се артикулират сопствените интереси (веќе реков нема внатрешна се е попусто) за што треба време да се создадат барем “читачи“ за почеток. (од 1992 на сите страни и каде треба и каде не треба трубам да се отвори еден институт за геостратешки истражувања и....ам....)...

Грција, велиш малку им е Беломорска треба и овој дел да им го дадеме за да ги направиме пријатели :yid::yid::yid:

Коридорот Грција-Македонија-Србија-Унгарија секако дека е значаен, види ги ти нив дури и тоа Кинезите ја увиделе таа траса... повтоно се враќаме на почеток треба ИНСТИТУТ , треба Македонска елита а не врховисти и квислинзи.

Дали може и дали имаме Македонска елита, имавме -имаме и ќе имаме само не гледам дека некој има капацитет да ја види, на повеќето им се побитни парите, Грците и бугарски пасоши...
Заради таквата состојба најмалку се виновни Македонците!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Од опозицијава Димче има капацитет но он не знае да кохабитира со други од неговото его. Затоа и делува крајно деструктивно него обединувачки.
Токму таквата кохабитација ја доведе македонската држава до ова дереџе.

Типично за секој политичар е да ги тргнува настрана своите ветувања откако ќе се закачи за власт како мува на измет, но кога тргнува против интересите на сопствените гласачи за да ја задржи или зацврсти својата позиција, тогаш само дополнително го засилува познатиот народен аргумент "сите се исти".

Први кои тргнаа против националните интереси на Македонците - бидејќи да, и Македонци гласаа за нивната партија на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година - беа плавите жолтици во 1992 година кога ја формираа првата анти-македонска влада. Проблемот кај денешните гласачи во буквално секоја држава во која се одржуваат избори - без исклучок - е краткотрајното помнење за постапките и политиките од минатото на политичарот за кого гласаат или политичката партија за која гласаат.

На велешкиот даскал можеби му фалат даски, а можеби има даски за давање, но како и да е, одбивање на предизборно коалицирање и соработка со партиите народно познати како "сите се исти" е повеќе од добредојдено за сеуште неодлучените и незадоволните гласачи.

Доволно беше кохабитација изминативе 31 (ТРИЕСЕТ И ЕДНА) година, на Македонците им треба политичка партија која ќе ги стави македонските национални интереси на прво место, а не уште една "европска", "евроатлантска", или "евроинтеграциска" партија.

Не е прашање на его, туку на потреба за еден народ.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.698
Поени од реакции
42.284
Токму таквата кохабитација ја доведе македонската држава до ова дереџе.

Типично за секој политичар е да ги тргнува настрана своите ветувања откако ќе се закачи за власт како мува на измет, но кога тргнува против интересите на сопствените гласачи за да ја задржи или зацврсти својата позиција, тогаш само дополнително ја засилува онаа народната "сите се исти" .

Први кои тргнаа против националните интереси на Македонците - бидејќи да, и Македонци гласаа за нивната партија на првите повеќепартиски парламентарни избори во 1990 година - беа плавите жолтици во 1992 година кога ја формираа првата анти-македонска влада. Проблемот кај денешните гласачи во буквално секоја држава во која се одржуваат избори - без исклучок - е краткотрајното помнење за постапките и политиките од минатото на политичарот за кого гласаат или политичката партија за која гласаат.

На велешкиот даскал можеби му фалат даски, а можеби има даски за давање, но како и да е, одбивање на предизборно коалицирање и соработка со партиите народно познати како "сите се исти" е повеќе од добредојдено за сеуште неодлучените и незадоволните гласачи.

Доволно беше кохабитација изминативе 31 (ТРИЕСЕТ И ЕДНА) година, на Македонците им треба политичка партија која ќе ги стави македонските национални интереси на прво место, а не уште една "европска", "евроатлантска", или "евроинтеграциска" партија.

Не е прашање на его, туку на потреба за еден народ.
Кој народ бе, Димче ве користи да си билда егото само, го заболе него за народот. Тој е толку привиден тип, од километар се гледа, од шарен револуционер сега ќе глуми лево вмро. Ништо чудно и како Палчо еден ден да заврши со оглед на тоа дека си гради некој култ околу него.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Кој народ бе, Димче ве користи да си билда егото само, го заболе него за народот. Тој е толку привиден тип, од километар се гледа, од шарен револуционер сега ќе глуми лево вмро. Ништо чудно и како Палчо еден ден да заврши со оглед на тоа дека си гради некој култ околу него.
А бе и амеби да се тие кои ги гласаат велешкиот даскал и неговите левичарски десничари, сепак некои граници од поодамна се преминати и на тие амеби или како сакаш нарекувај ги, им е дојдено преку глава од таквиот непрекинлив развој на настаните.

Доволно беше кохабитација од 1992 година па наваму.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.930
Поени од реакции
5.071
А што се „издеси„ со кривичните кои Диме из Велес и до сега ги упатуваше кон о зоти о Таљатими?

За мене прашувам...
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.281
Но скептичен сум за ова, поради тоа што кај нас малку ги боли за Македонија, односно побитна им е кафаната и побитни им се журките.
Da ne treba da se nerviram za situacijava vo koja nisto ne mozam da smenam slucajno?
Uau ne otidov u kafana, sedev doma i napisav na instagram za drugite sho se izlezeni.
Da se menuvase realnosta so instagram storinja ke bese ubavo, ama ne e taka.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom