Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не, ама имаше такви што запалија америчка амбасада и ја одредија судбината 2001ва.Ние како влада поддржуваме кршење меѓународни права врз други држави, ама зошто ќутевте кога се кршеа нашите меѓународни права?
Пратам политика колку толку во последните 20 години, ама некој постар ако знае да каже дали имало ваков ретард во 90тите?
Прегледај го приврзокот 465753
emagazin.mk
Значи врти сучи повторно Македонците-народот е крив.Се` што се има случено во Македонија после 2004 година е со амин од Македонците, не можат да кажат дека не биле информирани, предупредени, дека не знаеле што следува, можат само да кажат дека одлучиле да си молчат, а молчењето значи одобрување.
Околу овие што малтретираат со историја, а има цел пдф за тоа, си сосема во право, мислев дека е туку така ама како минва времето се помалку сум убеден во тоа.Класични дефокуси со праисторија, а има цел форум историја.
Во однос на постапките на оваа "економски успешна патриотска" влада, го прашале чатгпт. Ова е одговорот
![]()
Емилија Целакоска
За глупчовциве наши ChatGPT го прашав: „Македонија, каков став требаше да изрази? Министерот за надворешни работи побрза да ги пофали Трамп и Рубио за успешната воена акција во Венецуела. Воедно...www.facebook.com
Значи врти сучи повторно Македонците-народот е крив.
Кога еднаш ќе подразмислите и ќе прифатите реалност а таа е дека не може да биде одговорен/крив тој што е УПРАВУВАН ами крив/одговорен е тој што УПРАВУВА, кога?
Од секогаш имало и има две врсти лујџе едни управуваат други се управувани толку ли е тешко да се разбере ова.
Молчеле ами шо треба да направат, си видел овци да се организираат за да се бранат од волци?
Патернот е очигледен. Се збори за економија, повратници или за венецуела и оп, одеднаш се појавува текст вон се, за бугари, срби и историја.Значи врти сучи повторно Македонците-народот е крив.
Кога еднаш ќе подразмислите и ќе прифатите реалност а таа е дека не може да биде одговорен/крив тој што е УПРАВУВАН ами крив/одговорен е тој што УПРАВУВА, кога?
Од секогаш имало и има две врсти лујџе едни управуваат други се управувани толку ли е тешко да се разбере ова.
Молчеле ами шо треба да направат, си видел овци да се организираат за да се бранат од волци?
Околу овие што малтретираат со историја, а има цел пдф за тоа, си сосема во право, мислев дека е туку така ама како минва времето се помалку сум убеден во тоа.
За ова другово:
пред години напишав и уште го мислам истото, дека сме окупирани или ако ви е многу страшно еве колонија сме, вазали на таму некои НИВНИ стратешки партнери....:
-Која друга земја знаете каде полициски службеници од друга држава вршат легитимирање и други работи а не е под окупација??
-Што очекувате од окупирана земја?
-Што очекувате од инсталирани квислинзи?
Пред некое време еден министер се фалеше дека одбиле бескаматен кредит од Кина и што мислите на тоа ќе заврши? е нема туку ќе продолжи уште посилно и по дрско затоа што се ИНСТАЛИРАНИ.
Ако ова треба ВИ да го каже а самите не можете да го видите и процесирате тогаш нема многу фајде од тоа што ВИ вели.
Како тоа не излезе народот против територијалната поделба? Па повеќе народ гласаше на референдумот од што грујо доби гласови 2006, самите сдсовци излегоа на референдумот, аман со оваа реторика на владе народот бил крив, крив е тој бугарашот бучко.Имаше референдум и можеа да излезат и да гласаат.
Одлучија да молчат.
Никој не ги натера да не излезат на гласање и да гласаат за задржување на постоечкиот статус кво со територијалната организација на локалната самоуправа.
Ако Македонците се овци тогаш не им треба држава, туку им треба трло.
Овој го заборави што велеше?Имаше референдум и можеа да излезат и да гласаат.
Одлучија да молчат.
Никој не ги натера да не излезат на гласање и да гласаат за задржување на постоечкиот статус кво со територијалната организација на локалната самоуправа.
Ако Македонците се овци тогаш не им треба држава, туку им треба трло.


Да живее нео бализмот.
Значи сепак не е казниво со закон ?
Како и да е, еве малку отрезнувачки пораки кои тешко дека ќе бидат сериозно сфатени од тие за кои се наменети.
https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/aj-pa-i-na-vasha-glava
3 јануари 2026 - 22:16
Ај па и на ваша глава
![]()
" Ја поздравувам @POTUS објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.
Исто така, го пофалувам @SecRubio за неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.
Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија.
Тимчо Муцунски
македонски министер за надворешни работи "
![]()
https://off.net.mk/lokalno/razno/poltronstvoto-kako-drzhavna-politika
Полтронството како државна политика
4 јануари 2026 - 12:32
Според македонскиот речник, полтронството е однесување при кое некој е понизен, сервилен и послушен кон посилните, а груб, навредлив и агресивен кон послабите или кон оние што немаат моќ да возвратат. Да погледнеме како изгледа тоа во македонската пракса на владеење.
![]()
Македонското Министерство за надворешни работи, со сериозност својствена за објава на земјотреси и други природни катастрофи, изрази поддршка за американската интервенција во Венецуела (види: „Ај па и на ваша глава“ - н.з.). Без дилеми, нијанси, оградувања, без никаква сопствена анализа - како и вообичаено за сé што прават. Навикнале да зборуваат со туѓи зборови кога се работи за поддршка на големата сила. Но, тоа не е никаква дипломатија, туку најмизерно полтронство пред посилниот.![]()
Ова не им е првпат, туку веќе воспоставен образец на однесување. Во Обединетите нации, Македонија во повеќе наврати се најде во обратна позиција од светското мнозинство од 160 и кусур земји, но во линија со Вашингтон:
- дадоа глас против укинување на американските санкции кон Куба, заедно со мал број земји;
- гласаа воздржано или отворено против резолуциите што ја критикуваат политиката на Израел;
- гласаа воздржано или со малцински глас против резолуции за Палестина, за повлекување на Израел од окупираните територии, за решение со две држави, па дури и за правото на самоопределување на палестинскиот народ.
Воздржаноста е само друга форма за наведната глава.
Често се прави грешка и полтроните се мешаат со подлизурковците. Но разликата е суштинска. Подлизуркото ласка, клима со главата и се надева на трошки од господарот. Тој е само смешен, но сепак безопасен.
Полтронот, пак, оди чекор понатаму. Тој не само што е понизен пред претпоставените, туку е насилен кон потчинетите. За да се докаже пред моќниот, мора некого да понижи, како некаква компензација. Подлизуркото сака само ситна привилегија, но полтронот сака да биде брутален и да владее. Ги сретнуваме во речиси секоја работна организација и институција кај нас.
Од гласањето во ООН, кругот се затвора на домашен терен. Кога, по трагедијата во диското во Кочани, опозицијата постави прашања за одговорност, безбедност и пропусти, одговорот не беше ниту оставка, ниту истрага, ниту сочувство. Одговорот беа етикетите „глодари“, „некрофили“.
Образецот е како по учебник. Кон Венецуела покажуваат отсуство на сочувство и поддршка. Кон САД држат наведната глава. Кон Куба и Палестина гласаат спротивно од светот. Кон Кочани демонстрираат отсуство на сочувство. Кон домашната критика искажуваат навреди.
Полтронството е стратегија за владеење во земја што нема капацитет да спречи трагедија во едно диско, но има став за Венецуела, Куба и Палестина. Трпиме понижувања од посилните, за да покажеме некаква лажна важност и сила над немоќните. Всушност, само нé срамотат пред светот. Некој треба да им каже дека и надредените презираат полтрони и дека ги ликвидираат кога повеќе не им требаат.
Има уште една важна разлика меѓу подлизуркото и полтронот. Подлизуркото се срами од себе и се крие, а полтронот без срам ја претставува државата.
Основниот модел е секогаш ист: тиран кон потчинетите, слуга кон надредените. Токму согласно дефиницијата од речникот на странски зборови и изрази.
Дејан Трајковски
Да ама во случајов Македонците по се изгледа ја препознаа измамата (дека ќе се фалсификува резултатот а што сите видовме дека на крајот така излезе) и што е уште поважно изгледа Македонците ЗНААТ дека не излегување=бојкотирање на референдумот го дава истиот резултат односно референдумот НЕ ПОМИНА односно НЕ БЕШЕ ПРИФАТЕНО или да ти стане појасно ПРОПАДНА.Имаше референдум и можеа да излезат и да гласаат.
Ти рече дека се овци не реков јас такво нешто!Ако Македонците се овци тогаш не им треба држава, туку им треба трло.
Да ама во случајов Македонците по се изгледа ја препознаа измамата (дека ќе се фалсификува резултатот а што сите видовме дека на крајот така излезе) и што е уште поважно изгледа Македонците ЗНААТ дека не излегување=бојкотирање на референдумот го дава истиот резултат односно референдумот НЕ ПОМИНА односно НЕ БЕШЕ ПРИФАТЕНО или да ти стане појасно ПРОПАДНА.
Токму ваквиот резултат дава надеж дека НЕКОГАШ ќе се ослободиме од квислинзиве ќе имаме власт која ќе се повика на резултатот од овој референдум и ќе ги прогласи сите понатамошни активности за НИШТОВНИ, сепак Македонците ќе да се подалековидни од тебе, извини ама факт!
Ти рече дека се овци не реков јас такво нешто!
Инаку многу овци имаат своја држава така да не гледам во случајов нешто сензационално или....
Молчеле ами шо треба да направат, си видел овци да се организираат за да се бранат од волци?