Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Многу угостителски објекти (скоро сите) се припремаат за работа исклучиво со достава, ќе ги затварат објектите, многу компании исто планират зимава да стават клуч , еден куп пред се млади зимава ќе останат без работа, додека нашава влада мува не ја лази, ако оваа зима не пукне кај нас , поарно да се припоиме со некој и да престанеме да си играме држава.
 
Нема да пукне, поради тоа што народот е некако отрпнат, нема кој да преземе иницијатива, нема прав лидер. Виа народ не сфаќа како системот го игра него, дека единствено нешто што ги држе на власт СДС/ДПНЕ е корупцијата, корупцијата е страшно навлезена кај нас, пример, ти вика гласај и ќе те вработиме, ќе ти дадиме воа, ќе ти дадиме ноа, тоа за мене е корупција. Е сега, они, ти викат гласај и ти викат дека ќе ти дадат нешто што веќе и онака го заслужуваш, пример јас како студент заслужувам да седам во добар студентски дом, нај ми одговара да сум во Гоце поради тоа што ми е блиску до факултетот и се тоа, арно ама па сите сакат во Гоце оти е само тој реновиран, и сега за мене да ме примат таму мора партиски врски да повлекујш и после ќе те влечат по митинзи, гласања.

Што сакав да кажам, дека народот треба да престане да ја игра нивната игра и да биде офца, т.е да вика, еи брат виа ми наредиа воа и воа и ќе ги гласам, БУДАЛО ЕДНА, па тоа ти и без нив си го заслужуваш, не ти наредиле они ништо, да не биле они немало да мора да се молиш кај нив за да го добијш тоа што и онака го заслужуваш.
Како студент си спремам веќе свој портфолио сајт во кој ќе има и дел за политика каде што планирам да го освестам народот и студентите за виа работи што се случуват.

Хипокритски е од моја страна што го зборувам воа, а лани влегов во Гоце со врски преку роднина, ама сепак сакам да се смене ваквиот начин на размислување на народот и да ги снема тиа врски со кои партиите СДС/ДПНЕ го држат народот беден. Да додадам, до сега не сум отишол на митинз ниту пак сум гласал за СДС/ДПНЕ.
 
Слушам разни муабети, има секакви шпекулации...работата е можеби до таму отидена у пропаст што никој не се нафаќа веќе да ја води оваа држава....да не зборам повеќе.
Tokmu i zatoa na nikoj ne mu se prevzema centralnata vlast. Na DPNE ne im se brza voopšto, ke si čekaat do 2024 redovni parlamentarni, pa i pak da si ostanat opozicija ništo strašno, ionaka duri i da dojdat na vlast ke si imaat samo teški problematiki za rešavanje !
 
Хипокритски е од моја страна што го зборувам воа, а лани влегов во Гоце со врски преку роднина, ама сепак сакам да се смене ваквиот начин на размислување на народот и да ги снема тиа врски со кои партиите СДС/ДПНЕ го држат народот беден. Да додадам, до сега не сум отишол на митинз ниту пак сум гласал за СДС/ДПНЕ.
Една од ретките добри работи што ги направи ДПНЕ за студентаријата од провинција беше укинување на тие партиски списоци и врски за студентски. Последната година(2013-2014та) кога седев можам да ти гарантирам дека едно добро 85-90% во Кузман беа без врски и со валидни апликации. Претседатели на УМС и нивни членови не беа примани кои претходната година ги правеа списоците во нивните градови.

Сега ако почнале СДС пак со партиски списоци не ме изненадува, добрата работа е што има се помалку студенти и помала конкуренција за студентско легло. Лошата е ако решат да се вратат на нивните златни денови од 2002 - 2006 кога ги продаваа тие места.
 
Многу угостителски објекти (скоро сите) се припремаат за работа исклучиво со достава, ќе ги затварат објектите, многу компании исто планират зимава да стават клуч , еден куп пред се млади зимава ќе останат без работа, додека нашава влада мува не ја лази, ако оваа зима не пукне кај нас , поарно да се припоиме со некој и да престанеме да си играме држава.
Накратко кажано државата и народот дојдоа до питачки стап и до енергетска криза, а од друга страна Курто-Мурто политичарите сеуште го лажат народот со некаква европска иднина...
Е па чекавме толку, дај да причекаме и истрпиме уште троа (2030?!)... А за една деценија МКД ќе биде во уште многу полоша состојба и од сега, како во социо-економски така и во демографски/популационен аспект !
 
Една од ретките добри работи што ги направи ДПНЕ за студентаријата од провинција беше укинување на тие партиски списоци и врски за студентски. Последната година(2013-2014та) кога седев можам да ти гарантирам дека едно добро 85-90% во Кузман беа без врски и со валидни апликации. Претседатели на УМС и нивни членови не беа примани кои претходната година ги правеа списоците во нивните градови.

Сега ако почнале СДС пак со партиски списоци не ме изненадува, добрата работа е што има се помалку студенти и помала конкуренција за студентско легло. Лошата е ако решат да се вратат на нивните златни денови од 2002 - 2006 кога ги продаваа тие места.
Не знам за другите студентски, ама за Гоце знам дека многу многу влеват со врски, пошто е реновирам и убаво е таму. Ваа година повеќе ме примија на среќа, тие што одеа преку СДС ваа година, не се примени голем дел од нив, мене ме примија ваљда ради просек и други работи.
 
Накратко кажано државата и народот дојдоа до питачки стап и до енергетска криза, а од друга страна Курто-Мурто политичарите сеуште го лажат народот со некаква европска иднина...
Е па чекавме толку, дај да причекаме и истрпиме уште троа (2030?!)... А за една деценија МКД ќе биде во уште многу полоша состојба и од сега, како во социо-економски така и во демографски/популационен аспект !
За тоа каде дојде државата е народот сам крив а ништо не превзема да не дојде до тоа, тој ги гласаше Курто-Мурто, кога влегуваше во политика мотивот му беше државно работно место и да дрпне пара а не да помогне нешто за државата, од кога увиде дека е овца за стрижење од елитиве ниту еднаш да излезе масовно на улица да се спротистави, трета опција до скоро и немаше но ете сега се појавува иако јас лично третава опција не е по мои убедувања а и покрај идеолошките несогласувата сметам дека и политички не влечат паметни потези но кој сум додуша јас во приказнава, во секој случај јака трета опција за прв пат кај нас во собрание ќе промени многу нешта,а во тоа Левица веќе е се повеќе сигурно оти ќе се случи, дури можам да кажам дека и судбинава на државата може да зависи од нив во блиска иднина.

Демографската катастрофа кај нас се гледа од авион, ај што се зголеми старосната граница на која се станува родител, се намали бројот на деца од просек над 3 во семејство со по 1 преку сила 2 деца, големото иселување со отворените врати на западот, плус економскава ситуација не доведоа до точка на вриење, сега сме во таков момент каде или ќе изумреме или државата ќе се стабилизира и ќе почне да оди напред, после оваа точка на вриење никогаш повеќе ништо нема да биде исто во Макеоднија, сега за дали ќе се извлечеме се зависи од економските политики на новата влада која ќе биде избрана по оваа убедливо најлоша во историјата на државата , од СДСМ кој и да дојде на власт ќе биде сигурно подобар, дали ќе е ВМРО ДПМНЕ, Левица па дури и МОРО Работничка партија, но секој изминат ден работи против нас, што порано паднат толку подобро, влада без сдсм-дуи во неа ќе биде идеално но без дуи чисто се сомневам.

Со крајната десница која гази ширум Европа, ЕУ ќе ја сонуваме, таа моментално има преголеми проблеми внатре и ќе има големи турбуленции , посебно по наредните избори за Европарламентот 2024 каде е можно дури евроскептиците да се пата-пата со оние кои се европјани (во ЕУ смисол), така да во ЕУ не влегуваме во блиска иднина.

И да потенцирам повторно за крај дека веќе после оваа точка на вриење која станува дури неподнослива во општеството а ни беше очајно потребна да се свестиме дека цело време си игравме курташак има две опции, првата е конечно да станеме држава и да одиме напред, да се подига квалитетот на живот, конечно да имаме нормален и достоинствен живот во Македонија додека вторава опција е тотален колапс и поради самиот притисок кој ќе се наметнува дури и оние кои се хц против иселување да се иселат и државата или да згасне или да биде дестинација за лето, јас лично за прв пат сметам и имам голема надеж дека ќе бидеме поблиски до првото сценарио но се зависи од наредните избори, ако победат комуњариве и фомираат влада нека ни служи на чест на сите нас.
 
Последно уредено:
Нема ни работна сила повеќе, по маркетиве и по фирмиве, па и по институцииве работат матори и маторки од по 50-60 год. а младите перспективата ја гледаат надвор, веќе ни работа на државно не е некоја јака ствар и врвно животно достигнување и успех ко што беше во минатото, кога врвно животно достигнување на еден просечен човек беше да се вработи државно и да зима државна плата која и беше прилично солидна ама говорам за во некои минати времиња. Значи сега во моментов сме во оваа ситуација, а тек па да замислиме како ќе биде после 5-10-15... години !
 
Прегледај го приврзокот 346290
За вакви милиони тврдења нема осуди, а за нас сè и сешто... :facepalm:

Toј трансџендер изгледа го слушал Божа Стојановиќ:

Aла Срби Бугаре избише,
Ај, и братски им шамар ударише!
.................................

А Бугарска више наде нема,
Ај, јер је Срба јуначки излема.

:lolzz::lolzz::lolzz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom