Oва е скроз нефер.
Ако посочуваш на лицемерие, барај го кај тие што прават пропаганда од смртта на човечки битија - од смртта на девојката (па сеедно дали баба и е Еврејка исселена од Македонија 1920та, или не е). И ако баш немаш друга работа, побарај дали (колку) вакви слични моменти има и во други држави. Слични „вести“. Некој убиен израелски цивил, со потекло од таа и таа држава, и сето тоа раширено на сите медиуми за да се предизвика емоционална реакција.
Целта на таквата псај-оп „вест“ е јасна. Ваљда... Јасна ти е?
Па да, не е фер, пропаганда е кога Изреалците снимаат жртви, а кога Хамас го прави тоа, тогаш е тоа ексклузивна вест. Не... Не го прифаќам тоа и нема да го прифатам. Пропаганда е и во двата случаи.
Па тогаш која е поентата да го обвинувате палестинското здравство за местење бројки, кога самите Израелци спречуваат увид. Да е до нив медиумски мрак едно пола година би било најдобро. Нели? Да зачистат сѐ што треба, без мешање од гојим.
Освен тоа веќе кажав дека иако точните бројки не се знаат многу очигледно се гледа дека умираат илјадници цивили, илјадници деца. Буквално се гледа како умираат... Или не ги отвараш снимките што понекогаш ги ставам во спојлер? Тоа е само мал дел од лесно достапните видеа, стотици ги има (и не знам зошто покрај сето тоа вадиш снимки од претходната војна). Цели квартови срамнуваат со земја. Буквално, има сателитски снимки. Пошто ова ако не е геноцид, тогаш не знам што е.
Никој ништо не обвинува, само кажуваме дека бројките не можат да се земат за релевантни, а ако и самиот кажуваш дека не се релевантни бројките, важни е актите. Акт на геноцид во случајов имаме на двете страни, како што кажав и иницјално видовме кој почна со тоа, не дека е оправдување, ама да се знае
Не знам кои бројки се услов за таква дефиниција. Но не е спорно дека Хамас убивале цивили... И покрај тоа што излегува дека и ИДФ испоубиле еден куп сопствени цивили. Хамас со мопеди и со параглајдери не носеле тешка артилерија со нив преку ограда.
Нејсе. Тоа на 7-ми Октомври дефакто и дејуре беше злосторство, воено злосторство за кое Хамас треба да одговараат.
Но дали тоа е оправдување сега Израелците месец и половина систематски да убиваат цивили од другата страна?
Значи тоа на 7ми Октомври беше злосторство и убиствта на цивили, исто како што тоа што се случува сега во Газа е злосторство. Тоа што се случуваше на 7ми Октомври е Геноцид исто како што ова што се случува во Газа сега е геноцид. Секој го прави Геноцидот во рамките на своите можности. Значи не збориме тука за библиска битка меѓу ангелите и демоните.
Не знам кои бројки се услов за таква дефиниција. Но не е спорно дека Хамас убивале цивили... И покрај тоа што излегува дека и ИДФ испоубиле еден куп сопствени цивили. Хамас со мопеди и со параглајдери не носеле тешка артилерија со нив преку ограда.
Нејсе. Тоа на 7-ми Октомври дефакто и дејуре беше злосторство, воено злосторство за кое Хамас треба да одговараат.
Но дали тоа е оправдување сега Израелците месец и половина систематски да убиваат цивили од другата страна?
Не, читај убаво, ако може да се каже дека Пашанијан беше една од причините (покрај актерите на другата страна) зошто на некој начин Ерменците го доживеаја тоа што го доживеаја. Така може да се каже и дека Хамас е една од причините (покрај тие со авиони) зошто Палестинците го јадат стапот во моментов. Во моментот кога Палестинците успеат сами да го тргнат Хамас од врат, Газа само по себе ќе постане подобро место за живеење, а и непријателствата ќе се намалат, слично како што се намалија со ал фатах.
И нема оправдување за убивање на цивили, и за геноцид. Не сакам тоа да го најдам.
Мислам дека си забегал. И не ми е јасно зошто... Односно јасно ми е, само не ми е јасно дали и ти и сите останати малку застанувате да размислите зошто толку страствено се бира страна во овој конфликт? Дали си застанал макар на секунда да размислиш зошто се случува оваа поларизација? Ете зошто јас и ти да се „колеме“ на форум за некои си Евреи/Арапи.
Направи споредба. За ерменското етничко чистење кога прв јавив дека се дешава, одзивот на веста беа двајца без тројца. Буквално толку бевме. Пази, православни Христијани и белци, луѓе со слична судбина на Македонците... Тишина. Штурци на темата.
Овде Евреите ги нападнал Хамас еден ден, и светот наопачки се заврти. Ти кој со сигурност знам дека ги симпатизираш Ерменците, и тебе те немаше таму. Но овде си активен.
Со Ерменците во Нагорно Карабах е завршено во 2020, тоа моите пријатели Ерменци веќе ми го кажаа од тогаш. Болна ми е таа тема и нема зошто да се навраќам таму повторно. Јас дури и пред да почнуваше да се пишува знаев што се дешава од прва рака, единствената причини што Ерменците не си заминаа порано е дека не ги пуштаа во Ерменија. Нередите што повремено се дешаваат е за жртвите што се дадоа во последната војна за нешто што ним и изгледа веќе било договорено (незнам дали било или не). Има таму доста емоции, речиси и да нема човек во Ерменија кој не изгубил близок роднина во таа војна. Едноставно останува сега дали Пашанијан ќе го даде пантурскиот коридор (увек го грешам по име). По се изгледа и тоа е договороена работа, пошто како што гледам Пашанијан планира Ерменија да ја прави ко Грузија под Сакашвили. Тука јас неможам да им помогнам, тука треба сами да си помогнат, така што ќе го обесат Пашанијан и компанија на канделабри. Еднаш во деведесетите имаа сила да го направат тоа со еден нивни премиер, сега, ќе видиме.
Јасно ти е зошто?
И јасно ти е дека мора да направиме нешто со пропагандава што ни се дешава? Јасно ти е дека мора ладно да се гледа на работите, и да не се паѓа во несвест за вести со Еврејки со „македонско“ потекло од 4-то колено - ако воопшто е точно дека бабата Еврејка 5-то колено навистина и дошла од Македонија.
Ти како Македонец, спрема кој треба попрво да си правилно поставен? Спрема сонародник кој е родољуб (па каков сака нека е), или спрема некои флоскули за т.н. антисемитизам? Утре ако (кога) ќе затреба се симнеш во ров, кој ќе се симне со тебе? Некој како таксистот, некој како јас... Или некој таму во Израел
европјанец што се претставува како Семит а нема ни допирна генетска точка со Семитите? Па некој ако инсистира на „антисемитизам“, тој некој треба прв да биде против Израел. Мама им ебаа на Семитите (сите окулу нив се Семити, освен они самите).
Не убија со пропаганда бе друже. Се испозаклавме меѓу себе. Мислиш само на форумов е вака? Не, и во реален живот пријатели и колеги се испокараа... За кој кyp бе, за Евреи и Арапи?
Ајде кочница малку. Сите да земеме воздух и да престанеме да им дозволуваме да не влечат за нос.
Наврати се на темава и види кој почнал со вреѓање, јас воопшто немам земено страна во конфликтов. Единствено нешто за што ја користам темава е за познавањето што го имам од регионот, чисто да го пренесам тоа знаење. Али пошто не сметам во Хазарската теорија на заговор(која е западна пропаганда, пошто нашите извори зборат поинаку), пошто не сметам дека евреите се во секоја манџа замешани (немора и не е здраво да ги замислуваме како свемоќни), јас сум одма талмундочитач, платеник на западот и на Евреите, непријател на народот, пропагандист. Значи не создавам јас непријатели, ниту антагонизам, туку тој што е параноик.
Не, за мене во моментов исти курац ми се и Хамас и Биби, две мрачни сили кои се наострени да убиваат. Неможам да го одберам помалото зло, затоа што поголемо зло од овие две ми се чини во моментов не постои на планетава. Јас тука не навивам, јас кажувам мислење, на тие којшто навиваат не им се свиѓа тоа мислење и имаат проблем со него, па почнуваат да вреѓаат, да провоцираат, да се изразам така курвински позади грб да зборат, баш попут оние што се на другата страна, а ти знаеш добро и кој и како.
Едноставно ако ти се дискутира со мене, полемизирај, брани си го ставот прифаќај предизвик, но ако се љутиш подобро е да не збориме. Јас ако си приметил зборам и со Клинтон и со Кико и со Такер и со секој кој може да прави цивилизиран муабет(со исклучок на тие што не заслужиле), без притоа да мора да ни се поклопуваат ставовите. Со сите правам муабет на тој начин на којшто тие се понашаат према мене и како што заслужиле.
За да ја тргнеме пропагандата што ни се дешава, треба да ја тргнеме прво паранојата и да прифатиме поинакво мислење.