@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.117
Изнајми полицаец за 360 денари, а хеликоптер за 4.000 евра за час
.
Од заштитна ограда, полициско обезбедување на концерти до хеликоптерско снимање филмови и реклами, Министерството за внатрешни работи нуди мени на услуги за определени цени. Најчести клиенти се спортски клубови и федерации, банки и фирми што работат со експлозивни материи, но и продуцентски куќи кои организираат концерти или снимаат реклами и филмови. Од 360 денари за полицаец за час до 4.000 евра за час летање со хеликоптер, с` се фактурира според важечките ценовници на МВР.
- Обезбедуваме пренос на пари, на пример. Сите преноси на „Пошта“ и транспортот на пари од патарините, ги обезбедуваме сите концерти, натпревари, Скопскиот маратон... Изнајмуваме и заштитна безбедносна ограда, хеликоптери, сме работеле со екипи што снимаат спотови, реклами, со филмски продуценти - вели Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.
Сите дополнителни трошоци се фактурираат, а Владата одлучува како ќе се плаќаат.
Асистенција за транспорт
Според Законот за полицијата, полицијата укажува асистенција по барање предвидено со посебен закон (за обезбедување транспорт на експлозивни материи, вонреден превоз и придружба на стоки и друго), за спроведување извршна одлука, во ситуации кога државниот орган што треба да ја спроведе очекува физички отпор, и при транспорт на пари и други вредни стоки на барање на фирмата што го извршува транспортот.
Барањето за асистенција се поднесува најдоцна пет дена пред спроведувањето, а трошоците се на товар на барателот.
Полицаец, ангажиран за обезбедување извршители или транспорт на експлозиви и други стоки, чини 360 денари за час, пропишува Решението за наплата на трошоци при укажување помош од полицијата. За асистенција при транспорт на пари или вредности, полицијата наплаќа 600 денари за полицаец за еден час. Во двата случаја при обезбедување транспорт се наплаќа по 60 денари за километар.
- Најчесто поднесувани барања за асистенција до МВР се оние што се однесуваат на укажување асистенција предвидена со посебен закон (за обезбедување превоз на експлозивни материи, вонреден превоз и придружба на определени стоки и друго) и за обезбедување транспорт на пари и вредности. Kако баратели се јавуваат најчесто правни лица, поштата, банки и слично. МВР има склучено договори за обезбедување транспорт на пари и вредности со повеќе правни лица, како на пример со „Македонска пошта“, со Народна банка, со повеќе банки, со Агенцијата за државни патишта и други – вели Kотевски.
Услуги за подлабок џеб
Се изнајмуваат и полициските хеликоптери, но за клиенти со подлабок џеб. Според ценовникот за користење на хеликоптерите на МВР за потребите на други корисници, еден час летање со хеликоптер „Агуста-Бел 206“ чини 1.000 евра за час, „АБ-212 хјуи“ чини 1.500, а неговата помодерна верзија верзија „АБ 412“ чини 2.000 евра за час. Новите хеликоптери на МВР, руските „Ми-17/171“ се изнајмуваат за 4.000 евра за еден час.
Условите и начинот на користење на хеликоптерите на МВР за потребите на МВР и на други корисници се уредени со Правилникот за полициските воздухоплови и персоналот во воздухопловството во МВР и Правилникот за воздухопловството во МВР.
- Во согласност со одредбите од овие правилници, за потребите на корисниците надвор од МВР и другите органи на државната управа, а за превоз на лица и важни личности, превоз на опрема и предмети снимање од воздух, испитување и проверка на далноводи, гасоводи и нафтоводи и интервенции на телекомуникациски објекти, потрага и спасување од воздух, заштита на животната средина, медицинска евакуација повредени лица и слично, корисникот плаќа надоместок во висина определена со ценовникот на МВР – вели Kотевски.
За секоја поединечна употреба на полициските воздухоплови, како и за континуирана употреба на полициските воздухоплови во определен временски период, се склучува писмен договор помеѓу МВР и корисникот.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8B9FD19176E3434B96FE6497CD3D062E