Полициска небрежност

  • Креатор на темата Креатор на темата Kacar
  • Време на започнување Време на започнување
Штом се случило вчера на комплексон, џабе е не се расправај.
Што и било да покренеш ќе биди поскапо од казната, иако некои викаат што се 15 евра,ама за студент тие 15 евра значат и пари за цела недела.
А, све мислам дека не беше случајно, пошо на тој дел пред факултети освен студенти,се знае друг кој се движи, така да да бидат во корист на народот не верувам и да го заштитат.
Една колешка доби казна вчера зошто не поминала на пешачки,а пешачкиот беше преполн со луѓе и беше веднаш до пешачкиот,ама не и на пешачкиот.
Повеќе мислам дека беше опомена да размислиме дали уште еднаш ќе излезиме на протест..
Мој колега доби казна зошто пепелашникот не си го носел в раце па пепел од цигарата што ја пушел му паднала на улица демек ја загадил околината.....
 
Казните се најдобра лекција.
Пак да барате оставка од министерон и да го вознемирувате со неадресирани и неаргументирани писма.
 
да, така е. браво!
Немој случајно да раскажува наоколу дека македонската полиција има двојни аршини.

Јако ги советувате богами граѓаните.
кај спроведувате двојни аршини врз грбот на сопствениот народ, па уште и ги терате да ќутат
:tapp:

скини ја книшката одма, не ја заслужуваш, нити си сфатил што значат тие четири букви
Зошто ми ги менуваш зборовите? Реков во полиција нема ништо да псотигне ако каже дека он видел некој друг што овој не го казнил а не можеш да докажеш. Тоа звучи како да се вадиш. Треба да зборуваш за себе. А најпаметно е да кажеш дека мислиш дека полицаецот направил грешка и дека ти си убеден дека си поминал на зелено. Како што реков порано се одеше на прекршочен суд за ова сега не сум сигурен. Додека да стигне казната може да поминеш низ неколку нивоа на проверка, затоа се всушност и таму ставени тие проверки. На крајот на краиштата и полицаецот може да направи грешка а и ти можеш да направиш грешка.
За вториот дел од твоето пишуање треба да се засрамиш затоа што ни ме знаеш ни ме познаваш а инсинуираш нешто кое патем не е вистина. Многу ниско од твоја страна, не знам што е изворот на тоа? Веројатно некоја лична фрустрација ама нема да дозволам вака да зборуваш со мене и барам модераторот да го избрише тој дел. Верувај јас знам да навредувам со иста мера ама мислам дека тоа не е поенатата на овој форум или можеби е?[DOUBLEPOST=1416395514][/DOUBLEPOST]
Што да прави кутриот кога од штабот му кажале дека значи:" Balistite Makedoncite gi Perdašat Odlično".
Истото важи и за тебе.
 
На крајот на краиштата и полицаецот може да направи грешка а и ти можеш да направиш грешка.

Не погрешил полицаецот, туку се работи за чиста одмазда поради студентските протести. Не знам како тоа не го гледаш.
И плус таа раскрсница кадешто човекот бил глобен е мачкина кашлица спрема онаа кај Градска болница кадешто зеленото за пешаци трае 5 секунди, а кога на пешаците им е зелено во исто време им е зелено на сите коли што доаѓаат од Кисела Вода. Како тука не им текна да сторат нешто ако се грижат за безбедноста на пешаците?
Оди лажи ги децата во градинка, немој нас овде на форумов да ни продаваш финти.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Зошто ми ги менуваш зборовите? Реков во полиција нема ништо да псотигне ако каже дека он видел некој друг што овој не го казнил а не можеш да докажеш. Тоа звучи како да се вадиш. Треба да зборуваш за себе. А најпаметно е да кажеш дека мислиш дека полицаецот направил грешка и дека ти си убеден дека си поминал на зелено. Како што реков порано се одеше на прекршочен суд за ова сега не сум сигурен. Додека да стигне казната може да поминеш низ неколку нивоа на проверка, затоа се всушност и таму ставени тие проверки. На крајот на краиштата и полицаецот може да направи грешка а и ти можеш да направиш грешка.
За вториот дел од твоето пишуање треба да се засрамиш затоа што ни ме знаеш ни ме познаваш а инсинуираш нешто кое патем не е вистина. Многу ниско од твоја страна, не знам што е изворот на тоа? Веројатно некоја лична фрустрација ама нема да дозволам вака да зборуваш со мене и барам модераторот да го избрише тој дел. Верувај јас знам да навредувам со иста мера ама мислам дека тоа не е поенатата на овој форум или можеби е?[DOUBLEPOST=1416395514][/DOUBLEPOST]
Истото важи и за тебе.

Зошто јас мислам дека ти си Битушанец само во поумерена варијанта? Мислам дека откако почнаа да ти се смеат на форумот како Битушанец за сите небулози кои ги истресе, сега фати поумерен пристап.

Погодив?
 
Не погрешил полицаецот, туку се работи за чиста одмазда поради студентските протести. Не знам како тоа не го гледаш.
Сето тоа звучи како теорија на заговор. Како полицаецот знаел дека тој е учесник на протест? Или сакаш да кажеш дека сите студенти се сега мета на полицијата? Се случуваат триста глупости ама за банални работи кога ќе почнат да се прават заговори.....исто и кај зелено пазарче завчера казнуваа пензионери и други што претрчуваат сигурно ги слушнале како рекле дека пензиите не им чинат. Па дај не заебавај тоа ти е детско размислување. Единствено што верувам е дека голем дел од полицајците албанци се неписмени и имаат доза на омраза кон македонците и затоа советувам секој проблем да се реши на културен начин (пријавување во полициска станица). Сепак не сме сите храбри како господин дрндарион кој најверојатно прво би му влепил шамар на полицаецот албанец а потоа во станица би почнал да се расправа како господинот полицаец е расист. Ја немаме таа храброст и да виновен сум што ширам дефетизам и сметам дека вакви банални случаи треба да се решаваат низ институциите. Наречете ме партиски штакор или не знам како но тоа било и сеогаш ќе биде моето мислење. Во краен случај ако мислам поинаку не би го споделувал тоа на форум т.е. не би слилел некого да го направи тоа ако самиот не сум го направил а тоа е точно тоа што го прави господин дрндарион храбриот интернет воин против албанците и власта.[DOUBLEPOST=1416397365][/DOUBLEPOST]
Зошто јас мислам дека ти си Битушанец само во поумерена варијанта? Мислам дека откако почнаа да ти се смеат на форумот како Битушанец за сите небулози кои ги истресе, сега фати поумерен пристап.

Погодив?
Затоа што на форумов има екипа која лови имагинарни инфилтрирани партиски шпиуни а ти си очигледно дел од нив. Не познавам никого од форумов лично, а најмалку некојси битушанец. Ако имаш нешто да кажеш на темава повели.
 
А ха, затоа. Скоро да сум сигурен дека си Битушанец. И не е страшно ако си тој, одличен беше за шутирање. И под овај ник можеш за тоа да послужиш.
 
А ха, затоа. Скоро да сум сигурен дека си Битушанец. И не е страшно ако си тој, одличен беше за шутирање. И под овај ник можеш за тоа да послужиш.
Знам дека тоа ти е најголем дострел во животот - шутирање членови на форум. јебига коа те шутираат у вистински живот мора и ти да си замислуваш дека некого шутираш барем на форум.
 
Или сакаш да кажеш дека сите студенти се сега мета на полицијата? Се случуваат триста глупости ама за банални работи кога ќе почнат да се прават заговори.....исто и кај зелено пазарче завчера казнуваа пензионери и други што претрчуваат сигурно ги слушнале како рекле дека пензиите не им чинат. Па дај не заебавај тоа ти е детско размислување.

Напротив! Детско размислување е оваа твоето. Велиш казнувале пензионери кај Зелено пазарче. Им изгорел џигерот ним дали некој пензионер или студент ќе заврши под тркалата на автомобилот. Ним им е битно да напишат што повеќе казни. За безбедноста на учесниците во сообраќајот баш ги заболе органот. Се сеќаваш ли како се поминуваше булеварот кај Алкалоид пред да стават семафори? Фрчеа коли што доаѓаа откај Куманово и Велес и немаа абер да застанат. Или како се поминуваше пешачкиот од кај Студентскиот Дом Гоце Делчев накај Козле пред да стават семафори? Понекогаш требаше да чекаш и по пет минути да начекаш шанса да поминеш. Ти текнало ли како тука поминувале пензионерите? Сто години им требаше на тие места да стават семафори. Веројатно зашто се грижеле за безбедноста на пешаците, нели?
 
Пак ми припишуваш нешто што не сум кажал. Каде јас ја спомнав грижата на полицијата за безбедноста? Реков дека не се согласувам со теории на заговор како што кажа ти дека тој студент бил казнет затоа што можеби одел на протест. Или ај да бидам попрецизен - постојат мали шанси да бил казнет за тоа. Се зависи од тоа како гледаш на работите. Ти очигледно ги гледаш полицајците како машини за пишување казни и иако се согласувам дека некогаш претеруваат и не се флексибилни затоа што сите знаеме дека имаат опдредени квоти за пополнување (број на казни во денот) во 90% од случаите се во право. Сега ти пак ми даваш пример за некаков семафор. Според тебе ако нема семафор на некое место кое ти сметаш дека е правилно (а има пешачки 50 метра подоле) тогаш е во ред да преминуваш на недозволено место и полицаецот не треба да те казни? А доколку те казни тоа е затоа што треба да пишува казни. Јас сум добил преку 10 казни и 90% од нив биле оправдани. Сум возел без возачка (само оваа мислам дека е бесмислена па имав лична карта бапка имаат компјутери сега ама пошто местопари плаќаш со поени не се бунам)), сум возел под дејство на алкохол, сум возел брзо, сум бил учесник во тепачка и сл. И сега ај кажи кој размислува детски кој зрело? :)
 
Според тебе ако нема семафор на некое место кое ти сметаш дека е правилно (а има пешачки 50 метра подоле) тогаш е во ред да преминуваш на недозволено место и полицаецот не треба да те казни?

Кои 50 метри? Од пешачкиот кај Алкалоид до семафорите кадешто се врти за Железара имаш 500 метри и тоа само во еден правец. А ако си поминувал преку М.Т. Гологанов кај Студентскиот спрема Козле, би видел дека тука немаше семафор со километри наоколу.
Но очигледно не си морал да поминуваш на тие пешачки, па затоа и не можеш да ми ја доловиш поентата.
 
Точно не сум проаѓал често и иако се фаќаш за еден пример ај ќе ти одговорам. Колку што знам таму има подземен премин а и на целата улица немаше ништо поради кое би се поставил пешачки или семафор. Ете сега има птореба поставиле. Како и да е пак не ја разбираш поентата, ете можда државата 50 години згрешила што не постаивла семафор таму ама тоа не те оправдува тебе да проаѓаш од таму неказнето и нема потреба да се лутиш ако те казнат.
 
Нема подземен премин таму. Подземниот е 400 метри источно. И тука имаше обележан пешачки премин - зебра отсекогаш. Тоа е местото кајшто стојат градските автобуси. Немаше семафор! А без семафор колите, автобусите и камионите што доаѓаа од исток немаа абер да застанат. Сега јасно ли ти е за кој пешачки ти зборувам?

Еве, за овој обележан со црвено:

OjyQOBa.jpg
 
Последно уредено:

Да сега ми текна. Претпоставувам дека ова е крунскиот доказ дека....дека што? Што е поентата? Ти ми се нафрли за мојот совет кон г-дин Кацар. Каква врска има пешачкиот кај Алкалоид со неговиот случај? Човекот побара совет му дадов. Го поддржав да оди во станица или каде и да му рекле и да каже дека полицаецот не бил во право.
 
Барајте број на полициска значка. Па нека докаже тој, како си поминал. Инаку за "црвено светло на пола помината улица"...нормално дека ќе продолжиш. Некој напиша 5-10 секунди. Кој е тој закон што регулира во секунди?

Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

Член 44 Член 44

(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно
регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните
сообраќајни знаци за учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:
- црвено светло – забрана на минување;
- зелено светло – слободно минување и
- жолто светлозабрана на минување, освен за возилата кои во
моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од
светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го
поминат тој знак, а за другите учесници – забрана на минување, освен за оние
пешаци кои веќе почнале да го преминуваат коловозот
.
...
(4) Зеленото трепкаво светло служи за предупредување на учесниците во
сообраќајот за блиското престанување на слободното минување и за појавата
на жолто
односно црвено светло.

Кога пешак ќе стапне на коловоз (на пешачки), нема правило за колку секунди/минути треба да ја помине улицата. Нормално, да не се заборави и да смета на останати учесници во сообраќајот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom