Полесно е да му се отвориш на непознаник?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Имам прочитано неколку афоризми кои одеа некако така, кои велеа дека многу е полесно да му се отвориш на непознаник, да му го кажеш проблемот и дека е многу поефективно така.

Се согласувате или не?

Дали навистина непознаникот/странецот може полесно да ни даде совет за некој проблем затоа што е комплетно објективен или сепак за тоа се нашите пријатели?

Дали ви се случило да споделите некоја мака/тага/проблем со непознат човек или со некој што не ви е близок и истата таа особа да ви помогне навистина?
 
Поради тоа што на човек не му е срам за она што го прави, се` додека не го видат другите - држи теоријата. Од друга страна пак, не знам колку на странец би му било гајле за нечии проблеми, па уште и да советува за нив...
Секако, имам пријатели што ме познаваат 90 процентно и кои знам дека ми мислат само најдобро, па затоа ги споделувам маките со нив. Ретко ми се случува да се отворам за некоја мука онака „од прва“ со некој што го гледам прв пат во живот. Ептен треба да ми оставил добар впечаток... :smir:
 
навистина е полесно да се отвориш на познаник ама сепак на некој што добро го знаеш и му веруваш, а понекогаш сето тоа е полесно кога му кажуваш на некој што не го знаеш и тогаш ќе добиеш совет ама може да не биде тоа што ти го сакаш и она реалното што би те отсликало тебе........затоа подобро е на познаник да кажеш зошто таа личност ќе те знае тебе каков си всушност :back:
 
Не би можела да се отворам целосно на човек што прв пат го гледам во живот, за тоа имам пријатели на кои буквално можам се да им кажам, без погрешно да ме протолкуваат, осудуваат или било што.Тие ќе ми пружат само разбирање и евентуално решение затоа што знам дека го мислат најдоброто, а од странец не сум баш сигурна колку ќе го добијам тоа.
Не ми се случило да се отворам на непозната личност а и за во иднина мислам дека не би можела.
 
Никогаш никаде на никој непознат не сум му се жалел ова она.
Освен во една деликатна ситуација прв пат го/ја гледам него/нејзе и сега требаше да се прави тоа со него/нејзе една од најинтимните несексуални случки, е сега малку фрка беше ама потоа се опуштив :icon_lol:.
 
Па да не беше полесно, немаше да постојат советувалиштата, психолозите, групите за поддршка итн.
Полесно е да му кажеш за некој проблем на човек што никогаш нема да го видиш, или ќе го гледаш задари тоа што го имаш тој проблем затоа што и да те осуди за тоа што си го споделил нема да мора да се соочуваш со него секој ден како што ќе се соочуваш со пријателите и најблиските.
Секако, повеќе емпатија ќе добиеш од пријателите, ама од непознатиот ќе добиеш објективно мислење.

Ми се има десено еден форумџија со кој не контактирам којзнае колку, да ме начека у бед момент на мсн и да му се отворам и да ми даде мн добар совет и многу убаво гледиште на работите и се тоа и ми помногна ептен во тој момент.
Ништо страшно :)
 
Да се чека само убави работи од советувањето, нешто што викате ќе го добиете од блиските пријатели, е исто како да се чита хороскоп. Се ќе ти биде точно, само ако ти е убаво и ти одговара. Повеќе би сакал објективност отколку субјективност.
 
Moжеби е полесно ама не знам колку е паметно. Не знаеш на каков човек си налетал, највеќе заради тоа. Заради довербата.

Онака во живо немам кажано на никој странец ништо за себе, барем досега не ми се случило, а во виртуелниов свет се случувало да се изненадам самата себеси од работи што сум ги кажала на личности со кои и немам некоја силна комуникација.
Можеби непознаникот ќе ти даде објективен поглед на нештата, но ќе ја ислуша приказната само од твој аспект и нормално дека ќе те поддржува затоа што не ги знае нештата што (не)намерно ќе ги испуштиме.

Не знам, не преферирам такви нешта. :)
 
подобро ке дојдам ке се исповедам тука на форумот дека шо знам оти никој не ме знае (или барем јас тка мислам) отколку да одам да кажувам на некој шо го познавам. тва го правам од проста причина шо и коо тука некој би ме осудил не би ми било исто как шо би ме осудил некој шо ме знае...
 
Дали навистина непознаникот/странецот може полесно да ни даде совет за некој проблем затоа што е комплетно објективен или сепак за тоа се нашите пријатели?
Од една страна да, од друга не. Од една страна ќе слушнеш нов совет/дискусија кој досега од друштво немаш слушнато (лице од друга средина, други искуства), но не значи дека истиот ќе ти помогне (као плацебо ефект).
Само полесно е да се искажеш пред некој што више очи нема да му видиш.
 
Попрво би се искажала на некоја личност која не ја познавам од проста причина што не се познаваме,и знам дека утре нема да ме издаде на мои најблиски.А доколку се искажам на некој што го познавам од кај да знам што мисли за мене и дали ке ја чува тајната или ке ја рашири и на останатите.Познајникот и веке знам што ке каже-батали, а со тоа повеке ке ја влоши ситуацијата наместо да помогне,за разлика од оној кој не го познаваш ке ти каже свое мислење,и совет.Бар досега мене така ми се случувало.
 
Реално гледано, личностите што се блиски најчесто и се запознаени со нашиот проблем уште и пред да се отвори темата на дискусија. И горе долу се запознаени и со проблемот и страните инволвирани во него (пример ако е љубовен ја знаат и втората варијанта) па се доаѓа до повеќе размислувања и нереалност.

Вака од особа што не те познава, ем неможе да те осудува зад грб, ем ќе ти даде реален совет што ќе соодветствува со твојата прикаска.

А во мојот случај, затворен сум по природа. И ич не ми е лесно, бидејќи мнооогу треба за да се отворам, било пред странец, било пред познат. Фак ми, тој сум, таков сум.
 
хм да кажувам маки на непознат,подобро е да одам на психолог барем е постручен одколку нестручен странец зашто со познајници што ги познавам многу добро и знам однапред што ќе ми советува и пак не е тоа тоа па затоа поарно непознат психијатар:salut:
 
Па, на форумов се отвораме, нели? А ниту знаеме кој чита, ниту ни е гајле. Важно ни е да си ја ослободиме душата од стегите и она што сакаме да го кажеме. И не ни е гајле кој е човекот што чита и кои се неговите проблеми.

Најлесно се отвораат на непознати луѓе оние на кои не им е гајле да се спријателат со таа личност, туку само да си кажат она што го мислат, бидејќи мислат дека она што нив ги интересира, автоматски ги интересира и соговорниците. И сите ние, што пишуваме на форумов, до некаде се однесуваме исто така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom