mRnO
И по mRnO,mRnO
Луѓето кои неконтролирано консумираат алкохол се изложени на зголемен ризик за заболување од тежок облик на воспаление на белите дробови, покажале резултатите од истражувањето на експертите од Универзитетот во Барселона.
Научниот тим предводен од Антонио Торес испитал 1.300 случаи на пневмонија кај возрасни Шпанци и заклучил дека алкохоличарите, освен што се наклонети на тежок облик на болеста, во просек се 10 години помлади од останатите болни од воспаление на белите дробови.
Имено, просекот на староста на заболените алкохоличари изнесува 58, а кај останатите болни 68 години.
Најновото истражување на шпанските научници укажува дека корисно е населението над 65 години и возрасното население кое консумира алкохол да се вакцинира против таа болест.
Пневмонија претставува воспалителен процес на белите дробови кој можат да го предизвикаат различни бактерии и вируси. Таканаречената пноумококална вакцина штити од бактеријата стрептококус пнеумоние која секоја година во САД е причина за околу 500.000 случаи на заболувања од воспаление на белите дробови од кои 40.000 умираат.