Ова што пишува во написот се вистински глупости - незнам како не им е срам да пишуваат нешто вакво:
Пази што велат:
„
Причините за настанување на енергетската сиромаштија се вештачки одржуваните ниски цени на електрична енергија во времето на комунизмот поради што се широко се распростани греењето со електрична енергија, исклучувањето од централното греење и стекнувањето на навики да се троши енергија; а оваа појава потоа директно беше предизвикана од зголемувањето на цените на енергенсите, што ги остави потрошувачите соочени со недостиг на финансиски средства, ограничени опции за греење (недостиг на алтернативи за затоплување на пример на природен гас) и енергетски неефикасни домови.
1.Енергетска сиромаштија би значело дека трошиме помалку енергија од просекот на другите земји, а во написот воопшто нема колку ние трошиме а колку трошат другите.
3Втора смешна и неточна работа е тврдењето за „ вештачки одржуваните ниски цени на струјата во комунизмот “. Тоа воопшто не е точно. Никогаш кај нас електростопанството не било дотирано,
Но сега има друга појава ЕЛЕМ произведува струја за 2,3 денари за KWh, МЕПСО ја пренесува за 0,2 денари за KWh. Струјата домакинствата ги чини 6.37 денари за KWh, а останатите ( училиштата . болниците. дуќаните ) 9.90 KWh,
Разликата е ќар на ЕВН - и тоа треба на сите да им биде јасно - ЕВН наплатува двојно и тројно повеќе од производството / Тоа никаде не е така ниту има некакво логично објаснување.
3. трето смешно и неточно тврдење е дека поради ефтината струја во комунизмот сме се исклучувале од Топлификација.
Тоа не е точно - Граѓаните почнаа масовно да се исклучуваат од системот на Топлификација по 2009 година. Од тогаш Топлификација наметна неточен начин на мерење наречен “мерење со калориметри “ и почна да ги мами и ограбува граѓаните. Па почна да наплатува ангажирана моќност, па да користи неразбирливи формули, па го подели системот за да што повеќе ги покачи цените. Тоа е грабеж и каква врска има овој криминал со „ комунизмот “?
Јас не знам кои се тие што пишуваат вакви глупости но може да се претпостави дека се блиски на ЕВН и Топлификација но вистината не може да се прикрие. . Но ова што јас го изнесов. се факти,