Мислам дека причината за повлекувањето е друга.
Имаше тема за дискусија, зошто атеистите доаѓаат на форумот религија.
Одговорот е: забавно е да си играш пинг понг со противник за кој знаеш дека, ја изгубил битката - во оној момент кога ќе ти одговори на провокација или на навреда со навреда. Атеистот е слободен да фрла кал врз што стигне, верникот мора строго да се држи до правилата. Поприлично нерамноправна борба.
Едно од моралните начела на Исус: ако ти пречи тоа што во светот има зло, неморал, лажење, крадење и тн, тогаш, направи нешто за да го смениш тоа. Немој да крадеш, да лажеш, не прави зло. Тоа е најголемата сила што ја има еден човек. Со секое добро дело, придонесува да има повеќе добро во светот; со секое воздржување од зло, го намалува злото во светот.