Појадок на Камен мост во недела

@Wayatt Earp
дали забележа пред крај на видеото, кога типот им вели на келнерките:
„ Пакетичањата со храна спакувајте ми ги за дома - сега дајте само за пиење „
 
Коцекабана пред новинарите изјави дека ова не требало да се сфаќа како делење храна за социјални случаи, бидејќи храната била најмалку важна во случајот, а луѓето доаѓале да се дружат.

Е сега, да сме нормална држава со нормални социо-економски услови, граѓаните кои сакаат да се дружат ќе си седнат у ресторан, ќе си нарачаат салата и скара и ќе си платат. Како секаде у свет.
Овие што ги даваат по снимките се гледа дека се сиромашни ко канализациски стаорци, кои ниту им е дружење, ниту до муабет. Грабаат што ќе им се даде, пикаат у ќеси и торби и идат дома да им однесат на своите да каснат нешто. Така да Коце да го дува со муабетот.

Второ. Директорот на средното угостителско се пофали дека учениците цел ден и цела ноќ работеле и пакувале, за да во 9 биде сервирано. Нели е злоупотреба на детски труд средношколци да рмбаат цела ноќ за без пари за да денес министрите се сликаат со варено јајце, парче леб и модри сливи?
 
Видеово плаче за пародија, како к-15 не постојав више...
Ако случајно Цаци, Тошо и Миле го следат форумов ве молам направете пародија и ставете си ја на каналот на јутуб :D
 
Какви методи се користат за перење мозок и поткупување, дури и најбатал државите ни се смеат. Само кај нас некој го продава гласот за место у студентски дом, за појадок, кило брашно. Зашо би одел некој со Коце да прајт муабет кога веќе си гласал и некој друг треба да ги решава проблемите на градот. Посебно пензионеришта се насобрале таму, шо ќе предложат? Уште еден ден гага да се возат? Штета што неделата има седум дена. Ако веќе даваат гага, нека даваат бесплатни часови за пливање.
 
Не, отишле да го караат зошто им го даде четврток бесплатно на студентите а не на нив :icon_lol:
 
:pos::pos:Бутарис организира бесплатен оброк за 5000 души сега во недела ама не на мост- туку кај Белата кула во Солун
само знаете од што ќе им спремаат појадок?!
од сето нестандардно о0вошје и зеленчук, со крива форма, премали или удрени, коишто не смеат да се продаваат и наместо да се уништат ќе им бидат приготвени вегетаријански јадења на вечито„гладните гејци„:facepalm:

http://tro-ma-ktiko.blogspot.ru/201...ed&utm_campaign=Feed:+Tromaktiko+(tromaktiko)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom