Знам, затоа го замолив да ги објави сликите од CPU-Z за да се осигураме дека неговиот компјутер може да прифати PCI Express графичка картица, а според сликите, неговата матична поддржува и AGP и PCI Express графички картици, што е добро.
Според сликиве, твојата матична е ASRock 775Dual-VSTA, детали за оваа матична плоча се прикажани на официјалниот веб сајт на ASRock, поконкретно на Интернет страницата кон која води наредниот линк.
http://www.asrock.com/mb/VIA/775Dual-VSTA/
Графичка картица
Оваа матична плоча доаѓа и со AGP и со PCI Express лежиште за графички картици, што значи дека поддржува и AGP графички картици, кои од поодамна се застарени и не се произведуваат повеќе, со многу малку исклучоци на понови модели кои се речиси неисплатливи, и PCI Express графички картици кои денес се стандард кај секој персонален компјутер.
Од тука следува заклучокот дека можеш и дефинитивно мораш да ја смениш графичката картица со понов модел. Во СЕТ има графички картици од Asus, од кои ти ја препорачувам
GeForce GT630-1GD5, која се продава по цена од 4.690 денари, а според официјалниот веб сајт на СЕТ, ја имаат на лагер во нивниот салон во ГТЦ Скопје. Ако можеш да си дозволиш нешто поскапо, би ти ја препорачал
GeForce GTX650TI-2GD5, која се продава по цена од 9.499 денари, но според официјалниот веб сајт на СЕТ, за жал, ја немаат на лагер.
Во Мебиус има графички картици од MSI и од Gigabyte, лично ти ги препорачувам моделите на Gigabyte бидејќи се поевтини и бидејќи ги имаат на лагер, додека поголемиот дел од графичките картици од MSI не им се пристигнати, односно ги немаат на лагер. Можеш да го симнеш нивниот ценовник од официјалниот веб сајт на Мебиус кон кој води наредниот линк.
http://www.mebius.com.mk/
Од графичките картици од Gigabyte кои ги има во Мебиус, ти ја препорачувам GeForce GT630, која се продава по цена од 3.440 денари, а според ценовникот на Мебиус, ја имаат на лагер во нивното седиште на улица Дрезденска во Тафталиџе. Ако можеш да си дозволиш нешто поскапо, ти ја препорачувам GeForce GTX650 Ti BOOST, која се продава по цена од 8.380 денари, а според ценовникот на Мебиус, ја имаат на лагер во нивното седиште на улица Дрезденска во Тафталиџе.
Процесор
Освен графичката картица, дефинитивно мораш да го смениш и процесорот. Твојата матична плоча доаѓа со LGA 775 лежиште за процесори и поддржува Intel Core 2 Duo процесори, но не знам каде има на лагер, според ценовниците на Анхоч, СЕТ и Мебиус, немаат ништо такво на лагер, ќе треба да побараш и да обрнеш внимание колкава е брзината во GHz, односно гигахерци, колку е поголема брзината, толку е поквалитетен процесорот.
RAM меморија
Твојата матична плоча поддржува и обична DDR RAM меморија со максимална брзина до 400 мегахерци, и DDR2 RAM меморија, но со максимална брзина до 667 мегахерци, што е малку тешко да се најде, бидејќи од DDR2 RAM мемории претежно се продаваат мемории со брзина до 800 мегахерци, какви што твојата матична плоча не поддржува.
Според официјалниот веб сајт на Анхоч, имаат на лагер DDR2 RAM мемории со капацитет од 1 гигабајт и брзина до 667 мегахерци од Hynix, кои ги продаваат по цена од 850 денари, за кои подетално можеш да се информираш на официјалниот веб сајт на Анхоч, поконкретно на Интернет страницата кон која води наредниот линк.
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=333&pid=35300
Бидејќи твојата матична плоча поддржува и обична DDR RAM меморија со брзина до 400 мегахерци и DDR2 RAM меморија со брзина до 667 мегахерци, отвори го повторно CPU-Z и објави слики од Memory и SPD страниците за да ни стане јасно дали тој 1 гигабајт RAM меморија што го користиш е обична DDR RAM меморија или е DDR2 RAM меморија.
Доколку е обична DDR RAM меморија, тогаш може да имаш проблеми откако ќе го надоградиш компјутерот со DDR2 RAM меморија, во тој случај би ти препорачал да купиш 4 DDR2 RAM модули од Анхоч, а да го извадиш и да не го користиш повеќе тој 1 гигабајт обична DDR RAM меморија.
А доколку тој 1 гигабајт RAM меморија што го користиш е DDR2 RAM меморија, во тој случај би ти препорачал да купиш 3 DDR2 RAM модули од Анхоч, кои би работеле во комбинација со тој 1 гигабајт RAM меморија што веќе го користиш, иако јас лично попрво би купил 4 DDR2 RAM модули за да целата RAM меморија се состои од кристално исти DDR2 RAM модули од еден ист производител, а досегашниот 1 гигабајт RAM меморија би го извадил и би престанал да го користам.
Хард диск
Твојата матична плоча поддржува SATA хард дискови, обрни внимание на ова, поддржува SATA хард дискови, чија што брзина е 1.5 Gbit/s, но не поддржува SATA 2 хард дискови, чија што брзина е 3.0 Gbit/s и не поддржува SATA 3 хард дискови, чија што брзина е 6.0 Gbit/s.
Бидејќи е тешко да се најде обичен SATA хард диск со брзина до 1.5 Gbit/s, доколку не успееш да најдеш таков хард диск, би ти препорачал да најдеш SATA 2 хард диск со брзина до 3.0 Gbit/s, се разбира нема да работи со оваа брзина на твојот компјутер, но ќе работи со брзина до 1.5 Gbit/s.
Од производителите на хард дискови ти ги препорачувам Western Digital, но не успеав да најдам некој евтин SATA 2 модел на лагер. Како и да е, ти препорачувам да побараш хард диск од Western Digital, ако не обичен SATA со брзина до 1.5 Gbit/s, тогаш SATA 2 со брзина до 3.0 Gbit/s. Доколку играш многу видео игри и доколку планираш да играш многу видео игри, тогаш ти препорачувам да побараш хард диск со капацитет од 500 гигабајти или уште подобро, со капацитет од 1 терабајт. Во спротивно, доколку не си многу по видео игрите и доколку не го полниш компјутерот многу со фајлови, било каков хард диск со капацитет од 150 гигабајти до 500 гигабајти би требало да ги задоволи твоите потреби.