Појачување на PC

  • Креатор на темата Креатор на темата Delux123
  • Време на започнување Време на започнување
Ти се восхитувам на одлучноста да помогнеш и да пребаруваш низ страните, ама колку и да си член на место, препораките за апгрејд на тој компјутер се лоша идеја.

Нема да постигне ништо со тој барокен хардвер, се тоа ќе го кошта исто колку да купи нова ddr3 плоча, целерон g540, i 4gbDDR3, тоа ќе биде огромен апгрејт за него, доколку има плус 50 евра сега или во иднина да земе една 7750-ка и завршена е голготата...

Знам, ама ете, очаен е човекот, очигледно не стои добро финансиски за да си дозволи нов компјутер.

Последното што им го препорачувам на луѓе со ептен стари компјутери е да појачуваат, но кога човекот вели дека слабо стои финансиски и дека не може да си дозволи нов компјутер, треба да се види што навистина може да си дозволи за појачување.

Ај кога ја видов темата па и јас си прашам нешто, бидејќи видов сличен е како мојот стар овој комјутер.

...

Значи комјутерот не ми треба за игри, само колку да може да се седи на интернет. А бидејки е многу стар кога уклучуваш јутубе и фб сецкат песните на јутуб.

Според сликиве, твојата матична плоча е ASRock ConRoe1333-D667, која доаѓа во 3 различни изданија, но техничките спецификации им се речиси исти. Детали за тие 3 различни изданија се прикажани на официјалниот веб сајт на ASRock, поконкретно на Интернет страниците кон кои водат наредните линкови.

R1.0 http://www.asrock.com/mb/Intel/ConRoe1333-D667 R1.0/
R2.0 http://www.asrock.com/mb/Intel/ConRoe1333-D667 R2.0/
R3.0 http://www.asrock.com/mb/Intel/ConRoe1333-D667 R3.0/

Графичката картица не игра значителна улога за YouTube и за Фејсбук, поради што нема потреба да ја менуваш, освен ако сакаш да ја смениш, што нема да го подобри значително твоето искуство на YouTube и на Фејсбук, но доколку сакаш да ја смениш, тогаш важат истите препораки за графичка картица кои ги спомнав во пост #7.

Процесорот кој го користиш исто така делува задоволително за YouTube и за Фејсбук, но твојата матична е понова од таа на Delux123 и поддржува не само Intel Core 2 Duo, туку и Core 2 Duo Extreme и Pentium Dual Core процесори, наменети за LGA 775 лежиште, се разбира, но исто како графичката картица, нема значително да го подобри твоето искуство на YouTube и на Фејсбук. Не можам да најдам процесор на лагер за да ти препорачам, доколку сакаш да го смениш, би ти препорачал да побараш Intel Core 2 Duo Extreme процесор за LGA 775 лежиште.

RAM меморијата мораш да ја смениш, таа игра многу важна улога за било какви компјутерски операции, вклучувајќи и користење на YouTube и на Фејсбук. Твојата матична плоча доаѓа со 2 лежишта за DDR2 RAM меморија со брзина до 667 мегахерци, така што може да прифати максимум 4 гигабајти DDR2 RAM меморија, односно 2 DDR2 RAM модули од по 2 гигабајти со брзина до 667 мегахерци во едното и во другото лежиште. Но 4 гигабајти DDR2 RAM меморија не се толку многу потребни за Windows XP, не можам да најдам такви DDR2 RAM модули на лагер за да ти ги препорачам, а и плус Windows XP не може да користи повеќе од 3.75 гигабајти RAM меморија, не може да чита толкава RAM меморија, поради што ти препорачувам да ги извадиш тие 512 мегабајти DDR2 RAM меморија кои сега ги користиш и да купиш 2 DDR2 RAM модули од по 1 гигабајт со брзина до 667 мегахерци од Hynix, какви што има во Анхоч, кои ги спомнав во пост #7 и сигурно ќе бидеш задоволен со 2 гигабајти DDR2 RAM меморија, која значително ќе го подобри твоето искуство на YouTube и на Фејсбук.

Не знам колкав е капацитетот на хард дискот што го користиш, но твојата матична плоча поддржува SATA 2 хард дискови со брзина до 3.0 Gbit/s. Доколку го полниш компјутерот со музика и/или со филмови и доколку сегашниот хард диск што го користиш е со капацитет помал од 300 гигабајти, би ти препорачал да побараш SATA 2 хард диск со брзина до 3.0 Gbit/s од Western Digital, по можност со капацитет од 500 гигабајти до 1 терабајт, ова исто како графичката картица и процесорот, нема значително да го подобри твоето искуство на YouTube и на Фејсбук, но е препорачливо доколку го полниш компјутерот со музика и/или со филмови.

Се на се, на твојот компјутер му е потребно појачување на RAM меморијата, а по можност и добро реинсталирање на Windows XP со сите најнови надградби, односно закрпи, популарно познати како апдејти (updates), за да се освежи компјутерот, како хардверски, така и софтверски и би требало да немаш проблеми со YouTube и со Фејсбук.
 
не ми се пратил постов :tapp:, покажа серверот покажа непослушност и ја рефреширав страната али не се пратил.

по колку пари одат интел core 2 процесорите ?
Во врска со рамот имам прашувано во амц ми рекоа дека можеле да донесат ддр2 само биле поскапи од ддр3 и сега ова на мене ми нема логики, зошто ддр2 да е поскапо од ддр3 кога ддр2 нели е постар модел. Хардискот е менуван пред окулу 1 год. 500gb western digital така да нема потреба да се мени. во врска со апдејтеот скоро го форматирав, само што го форматирав изгасив automatic update бидејќи мислам тоа го забавува ком, али грешка сум изгледа.
 
Секако дека ќе бидат поскапи пошто се постари престанато е нивно производство и се помалку ги има..види цената на DDR
 
не ми се пратил постов :tapp:, покажа серверот покажа непослушност и ја рефреширав страната али не се пратил.

по колку пари одат интел core 2 процесорите ?
Во врска со рамот имам прашувано во амц ми рекоа дека можеле да донесат ддр2 само биле поскапи од ддр3 и сега ова на мене ми нема логики, зошто ддр2 да е поскапо од ддр3 кога ддр2 нели е постар модел. Хардискот е менуван пред окулу 1 год. 500gb western digital така да нема потреба да се мени. во врска со апдејтеот скоро го форматирав, само што го форматирав изгасив automatic update бидејќи мислам тоа го забавува ком, али грешка сум изгледа.

Не знам по кои цени одат процесорите за твојата матична плоча, како што спомнав, не најдов ништо на лагер за да ти препорачам.

Логично е DDR2 RAM мемориите да се поскапи од DDR3 RAM мемориите бидејќи се помалку DDR2 RAM мемории ги има, а побарувачката не е значително опадната за да се намалат цените, додека од друга страна DDR3 RAM мемории ги има се повеќе, а побарувачката не е преголема за да се зголемат цените. Но се очекува 2014 да биде тешка година за купување на RAM мемории бидејќи имаше пожар во фабриката на Hynix во Кина која произведува 30% од целокупната побарувачка на RAM мемории во светот и е втор најголем производител на RAM мемории во светот.

Не си згрешил со тоа што си исклучил Automatic Update, тоа може да ти предизвикува проблеми кога си на Интернет ако е вклучено, ја влече брзината за да симне и инсталира надградби.

Лично јас еднаш месечно до надградувам компјутерот рачно, ќе отворам Windows Update или Microsoft Update, сеедно, одам Custom и рачно ги штиклирам сите High priority надградби за да се симнат и инсталираат, процедурата трае неколку минути, а може да потрае и половина час, во зависност од големината на надградбите. После тоа го дефрагментирам хард дискот и после тоа месец дена мир со исклучен Automatic Update за да не ми се појавува од никаде и за да не ми одзема брзина и нерви.
 
Делува прифатливо, но изводливо е само кај понови компјутери, а неговиот компјутер за жал, не поддржува најнова технологија, што ги ограничува можностите за појачување.

Инаку @Delux123, штотуку го прочитав ова на официјалниот веб сајт на ASRock за твојата матична плоча, пишува дека има 2 лежишта за обична DDR RAM меморија и 2 лежишта за DDR2 RAM меморија, односно дека има поддршка за максимум 2 гигабајти RAM меморија, без разлика дали е обична DDR RAM меморија или е DDR2 RAM меморија.

Ова значи дека доколку сакаш да ја појачаш RAM меморијата, ќе можеш да ја појачаш на максимум 2 гигабајти DDR2 RAM меморија и со уште максимум 2 гигабајти обична DDR RAM меморија, што значи дека ќе можеш да купиш само уште 1 DDR2 RAM модул од 1 гигабајт со брзина до 667 мегахерци, по можност ист како тој од Kingston што веќе го користиш, и со тоа ќе имаш 2 гигабајти DDR2 RAM меморија.

За дополнително појачување, ќе можеш да купиш уште 1 обичен DDR RAM модул од 1 гигабајт со брзина до 400 мегахерци и со тоа ќе имаш 3 гигабајти RAM меморија, од кои 2 гигабајти ќе бидат DDR2 RAM, а 1 гигабајт ќе бидат обична DDR RAM меморија.

А ако сакаш да го појачаш компјутерот на 4 гигабајти RAM меморија, ќе можеш да купиш уште 2 обични DDR RAM модули од 1 гигабајт со брзина до 400 мегахерци и со тоа ќе имаш 4 гигабајти RAM меморија, од кои 2 гигабајти ќе бидат DDR2 RAM, а 2 гигабајти ќе бидат обична DDR RAM меморија.

За жал, тоа се ограничувањата на матичната плоча.

Дали ке може да се надогради овој процесор
procesor INTEL Core 2 Duo E5700 Wolfdale 2 x 3.00GHz, 2MB Cache, 800MHz FSB, 65W TDP, LGA 775И ке ставам 1GIGA DDR2 + 1GIGA DDR2 i 1GIGA DDR = 3GIGA RAM
Графичка 9500 1giga PCI express

Ќе има ли со ова солидни перформанси барем за некој игри до 2006година и за гледање на филмчиња
Сите овие делови можам да ги добјам по цена од 120евра
 
На Интернет страницата кон која води наредниот линк се прикажани процесорите кои ги поддржува твојата матична плоча. За жал, Intel Core 2 Duo E5700 Wolfdale го нема на листата.

http://www.asrock.com/mb/VIA/775Dual-VSTA/?cat=CPU

Планот за појачување на RAM меморијата делува прифатлив и претпоставувам дека нема да имаш проблеми.

Графичките картици GeForce 9500 излегоа во продажба во 2008 година и поддржуваат DirectX 10 и OpenGL 3.3, а со 1 гигабајт сопствена RAM меморија сигурно ќе работи без никакви проблеми со видео игри излезени заклучно со крајот на 2010 година.
 
Предлог за некој процесор и дали купувањето настаро на процесор е добро ?
 
Предлог за некој процесор и дали купувањето настаро на процесор е добро ?

Веќе ти спомнав, побарај Intel Core 2 Duo процесор, колку поголема брзина, толку подобро, важно е да е за LGA 775 лежиште, а според листата со процесори кои твојата матична плоча ги поддржува, можеш да побараш и Intel Core 2 Extreme X6800 Conroe XE со брзина до 2.93 гигахерци, тоа е добар процесор.

Секако дека е добро да го купиш и на старо, но задолжително да побараш да го тестираат пред тебе за да се увериш дека е исправен.
 
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=834834 ?
 
Пријателе,што не си присобереш некое париче,па да си земеш една стандард матична H-61,и едно Пентиум G630 процесорче..Плус 4 гигабајти рам..
Голема работа ќе си завршиш,и ќе бидеш во тек со технологијата колку толку..Ова се што ти е набројано не вреди да се надоградува,според мое мислење..Дотрајано е..
Еве ти една листа набрзина склопена..
2000 Ден. - Матична http://webshop.ddcom.com.mk/product...4-x-USB2.0-RJ-45-mATX/pid/806393#.UnbIrhCmbyo
3200 Ден. - Процесор http://webshop.ddcom.com.mk/product...3-1066MHz-Socket-1155/pid/738926#.UnbI7BCmbyo
1270 Ден. - Рам http://webshop.ddcom.com.mk/product...6V-Non-ECC-Unbuffered/pid/806467#.UnbJJhCmbyo

И после натенане..
Графичка,па напојување некое фино..
Не може се одеднаш..
Исто да ти кажам дека процесорот има интегрирана графика,мислам дека Intel HD 2500..Што е повеќе од доволна за нормално сурфање по интернет,за видеа и такви работи..За постари игри е океј,дури и некои понови би ги играл,ама на пониски поставки..Така да нема да бидеш без ич ништо,додека да си земеш некоја појака графичка..

Јас тоа би го сторил да сум на твое место,затоа што сум бил во слична ситуација,и мое мислење е дека,не вреди да се фрлаат пари на дотрајани работи..
А во Македонија,компјутерски хардвер на старо да купуваш некако е многу скапо..Дури смешно е колку луѓето се приврзуваат за нивните компјутерски делови,и мислат дека имаат иста вредност како пред 10 години,кога ги купиле...:)
 
uste li se raspravate so vakvi kanti, frli toa gubre vo kanta

Друже секој нема пари толку за да фрла компјутер..нешто ако можам за мали пари да го појачам и пак да играм ако не така нека биде..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom