Погрешно име

Ми се случува бе ...и тоа од моја страна :)Бившиот ми се викаше Алекс а сегашниот Алек и чат пат ми се испушта да го наречам Алекс а тоа ужасно страшно го нервира.. и нешто друго ..море ај не ќе си кутам ќе ме мислат за перверзна изопачена личност.:wink::helou:
 
Ми се случувало и ќе ми се случува...Има некои луѓе не можеш да ги избркаш лесно од потсвеста.
 
Често ми се дешава да утнам нечие име али се вадам на она "ејјјјј ме збори " :) А не дечко му немам утнато име.. а еден бифши ми има баш кажано дека и го утнал името девојка му ( со моето) неколку пати и девојчево страшно се нервирала и плачела ,греота девојчето:(
 
Ова ми се нема случено (а и нема да се случи зашто немам бивши) ни го имам мојот слушнато да ме нарече со погрешно име, до душа го немам слушнато ни моето име( зашто ме вика срце :) а и малку чудно ми е кога некогаш ќе ми го изговори името). Инаку да те нарече некој/а по неговата/нејзиниот бивша/бивш стварно е глупо а и понижувачко.:toe:
 
Паметење лица ми е лесна работа, но имињата не. Често ми се случува моите дома да ги смешам по име или па да не ми текнува како се викаат кога ќе ме праша некој, не па бивши или сегашни. Едноставно пречесто ми се случува да мешам луѓе со имиња и не се лутам некој друг ако погреши, па и да ми е дечко. Голема работа, име згрешил. Ако сите други важни работи функционираат како што треба и само името е тоа што ние двајца ќе го грешиме, не гледам зошто да се ситничари до тој степен.
 
За да му го згрешиш името на оној со кој се муваш-идеш ватевер, треба да си особено талентиран:)
 
сега баш ми случи пред нецели два саати :pipi: ја нареков по бившата ама така се вика и сестра ми па се извадив лесно. алелујааа
 
Не ми се е случило никогаш да погрешам име, се надевам дека нема ни да се случи.
Фала богу досега не се е случило и мене да ме наречат со друго име, е тогаш што би се случило незнам....:nerv:
 
Едино имам речено на татко ми љубави али не чу ништо, за среќа:) А тоа чудо да мешам имиња на бивши сегашни, не никад ;)
 
Не користете имиња, тоа е основна почетничка грешка во врските. Ем може да се побрка името, ем станувате блиски и после има проблеми со со откачување и отпуштање на партнер(ка). Користете за сите називи како “срценце,, душичке, љубави, злато..“ и ќе си немате проблеми
 
Еднаш коа ми се пушташе една гркинка, онака по грешка реков дека сум македониец. Ден денес ми нема вратено на поканата за кафе.
 
Не сум згрешила нити ми го згрешиле. Како би реагирала, зависи кој го згрешил и зашто. Во принцип сакам да ми го знаат името и не е баш некое комплицирано :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom