Nemorosus
Маршал Изет Фазлиновић

Здраво! Пред една година и нешто основавме интернет радио за подземната и алтернативна музика. Сега веќе еволвира во нешто поголемо, и имаме потреба од пополнување на распоредот и создавање на нови емисии. Ако сте заинтересирани да го искористите вашето слободно време на ова интернет радио, пишете апликација со потребните информации на frekvencii [@] gmail.com:
Име и презиме
Вид на емисија
Контакт (Skype, AIM, MSN, Facebook)
Зошто сакате да водите емисија?
Термини во кои што сте слободни?
Затоа што радиово е не-профитабилно сега за сега нема да има никаков профит од ова, но во иднина ако проектов успее, секако ќе се види и опцијата да се профитира од маркетинг или нешто слично.
Можете да водите емисија што содржи само говорење, музика и говорење, или само музика. Радиото ќе го водите од дома на вашиот компјутер, така да потребно е минимум вашиот компјутер да има:
Двојадрен процесор
1GB РАМ Меморија100Kbps Upload Брзина
Windows XP или понов
Mac OS X 10.5 или понов
Радиово како што напоменав горе е за алтернативна музика, нешто не-комерцијално.
Повеќе информации: http://www.facebook.com/frekvencii