Подземни Фреквенции

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
628
Локација
Југославија
podzemni1.png
Здраво! Пред една година и нешто основавме интернет радио за подземната и алтернативна музика. Сега веќе еволвира во нешто поголемо, и имаме потреба од пополнување на распоредот и создавање на нови емисии. Ако сте заинтересирани да го искористите вашето слободно време на ова интернет радио, пишете апликација со потребните информации на frekvencii [@] gmail.com:​
Име и презиме​
Вид на емисија​
Контакт (Skype, AIM, MSN, Facebook)​
Зошто сакате да водите емисија?​
Термини во кои што сте слободни?​
Затоа што радиово е не-профитабилно сега за сега нема да има никаков профит од ова, но во иднина ако проектов успее, секако ќе се види и опцијата да се профитира од маркетинг или нешто слично.​
Можете да водите емисија што содржи само говорење, музика и говорење, или само музика. Радиото ќе го водите од дома на вашиот компјутер, така да потребно е минимум вашиот компјутер да има:​
Двојадрен процесор​
1GB РАМ Меморија
100Kbps Upload Брзина
Windows XP или понов
Mac OS X 10.5 или понов
Радиово како што напоменав горе е за алтернативна музика, нешто не-комерцијално.
Повеќе информации: http://www.facebook.com/frekvencii
 
pXdJ0.jpg


Подземни Фреквенции е интернет радио за алтернативната публика. Без никакви жанровски ограничувања, пуштаме од џез до звуци на природата. Во живо одиме неколкупати во неделата, а можете и секоја Недела да не следите од 21 часот во емисијата Хардкор Нација (емисија за тврдокорен, старошколски рап). Во многу брзо време ке воведеме музичка програма преку цела недела (24/7) и повеќе емисии се со цел да се опфатат повеќе жанрови. Тимот на Подземни Фреквенции два месеци работеше на веб страна која е создадена со цел да ја поддржи и промовира македонската алтернативна музичка сцена поконкретно во Македонија.

Волонтерство

Имате можност да започнете сопствена емисија што ке се емитува минимално еднаш во две недели до пет пати во неделата. Исто така може да станете наш соработнник со тоа што ке прикачувате албуми за преслушување на нашата страна, додавате новости и слично. Сите заинтересирани може да се обратат на frekvencii@gmail.com

За сите новости и информации околу радиото ке бидете известувани тука.

http://frekvencii.info.tm
www.facebook.com/frekvencii
www.twitter.com/frekvencii
 
Во ред тоа... а како да го слушам радиово? Никаде не гледам таква опција...

Моментално не одиме во живо, наскоро ке се иплементира 24/7. Ако слушаш рап утре има емисија од 21 часот со водители ке има дискускии, новости и слично.
 
Моментално не одиме во живо, наскоро ке се иплементира 24/7. Ако слушаш рап утре има емисија од 21 часот со водители ке има дискускии, новости и слично.
Не сакам рап воопшто. Ако има нешто џез, блуз... ќе се договориме :D
 
Не сакам рап воопшто. Ако има нешто џез, блуз... ќе се договориме :D
Ова е постирано за да волонтираат луѓе и да ги опфатиме сите жанрови со емисии, да ги задоволиме сите вкусови на алтернативната публика.
 
Јас можам да превземам поп! ;) А како мислите волонтерите за водители да ги вметнете на пример ако се од друг град и такви работи...и зошто да не отворите радио како радио ? Добра замисла имате.
 
Не го бива секакви жанрови, искрено да си кажиме. Али може одбрани, што се вклопуваат, почнувајќи со џез, блуз, па некој рок па премини со рап.Како и да е одлична идеја.
 
Фајндер Супер дизајн браво :) Ако сакаш може да размениме банер со think.mk, но нашиов банер ќе биде од форумот: http://think.mk/forum/ Доколку се сложуваш пиши ми порака или мејл на info@think.mk
 
Не го бива секакви жанрови, искрено да си кажиме. Али може одбрани, што се вклопуваат, почнувајќи со џез, блуз, па некој рок па премини со рап.Како и да е одлична идеја.
Апсолутно, алтернативна музика..
 
Јас можам да превземам поп! ;) А како мислите волонтерите за водители да ги вметнете на пример ако се од друг град и такви работи...и зошто да не отворите радио како радио ? Добра замисла имате.

Преку интернет иде сѐ, така да најважното е интернет конекцијата, помеѓу некои други работи што ќе ги дознаат тие што се заинтересирани за волонтирање. Иначе жалам, али самиот принцип на Подземни Фреквенции е да се избега од „поп“ музиката, особено денешната, затоа што јас искрено немам ништо против од постарата вистинска поп музика, ама сепак тоа е принципот и една од главните цели на радиото. Радио како радио, без финансии тешко :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom