Подложни на промени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?
 
Во основа сум слободоумен и ми се пробува нешо ново, во смисла на авантура, ама често сум зафатен од сопствената инертност!
 
Често ги менувам работите во мојот живот, а уште почесто во мојот ум. Ако видам дека нема позитивен ефект од таа промена, или воопшто никаков, се враќам на старото “нешто“. Сакам новини, освежувања, не сакам монотоност и едноличност!
 
Јас живеам за тие промени.. За адреналин, возбуда... Ми годат промени. Се чуствувам жива:pipi:
Мразам монотонија..
 
Јас сум тип на човек на кој не постојат долги навики, сем миењето лице и чешлањето коса....
Спремна за промени секој ден, и ако ги нема се разочарувам и постојано ги барам и внесувам.....
На една страна ја сакам хармонијата , а на друга страна противречи мојата желба за постојани промени, иновации и изненадувања во мојот живот.....Само на тој начин животот е подобар и повозбудлив.....
 
Ок, а што подразбирате под промени?!

Еве тоа сите ве прашувам?

Дека менувате облека и денеска место кратко миниче ставате долга сукња?
 
Ок, а што подразбирате под промени?!

Еве тоа сите ве прашувам?

Дека менувате облека и денеска место кратко миниче ставате долга сукња?
Различни места на искачање, различни луѓе, градови, пози во секс... Не е шаблон. На пр. Секој викенд во една иста дикотека, со исти луѓе, исти алишта, иста пијачка во рака... Истиот кармин.. Па досадно е.. Или секој секс почнува со истата предигра, првата поза више на памет ја знаеш, и крајот го знаеш..Тапа е
Секој ден треба да има нешто ново...:pipi:
 
Ок, а што подразбирате под промени?!

Еве тоа сите ве прашувам?

Дека менувате облека и денеска место кратко миниче ставате долга сукња?

До некаде и тоа е еден вид на промена....
Еве ти еден компаратив: За какви промени се срповедуваат парламентарните избори на 4 години? За промена на костумите на политичарите или за она посуштинското?
Ете ти одговор
 
~*~

Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?

:nema teorija: Мој тип на тема.
На промени сум подложна ... константно, обожавам промени, ми го прават денот, месецот и на крајот годината.Јас сама по себе сум промени во движење, за мене се може да се промени, ништо не е статично, се е релативно.
Експериментирам и повеќе од потребно верувам, знае да им засмета на моите блиски, но ако добро ме познаваат знаат дека без тоа не можам, само мојата коса ако се земе за пример колку пати ја имам сменето во текот на само 5 месеци ... ќе се види колку многу сакам да ги менувам работите.
Либерал до срж.
 
ретко правам промени речиси секогаш сум истиот тоа е
 
Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?

Па, таква личност сум што лесно се прилагодува на промени и да, сакам да експериментирам и да пробвам нови работи, сакам нови нијанси во мојот живот, сакам нови случки, нови возбудувања..
Всушност тоа го прави мојот живот возбудлив. Нови друштва, нови излегувања..
Едноставно тоа го исполнува мојот живот и прави да се чувствувам пожива, повесела.
 
Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?

Краткотрајни промени да, но некои поголеми и на подолги стази - не.
Најчесто се држам на мојот начин на живот и не сакам многу да менувам.
Слободоумна сум, внесувам новини во мојот живот, но како што кажав, тоа не се некои големи работи, кои би ми го нарушиле спокојството за кое сум си се намачила.
Пример, постојано и секојдневно менувам облека и начин на облекување (бидејќи ја споменавте облеката). Со косата долго време не сум експериментирала, ама сум правела крајни промени. Шминката - исто така.
Но кога се работи за места за излегување, места за јадење, места за купување, места за живеење, нови луѓе и сл. малку сум позатворена и повеќе поврзана за тоа што веќе го имам и знам. Можеби се плашам, можеби сум проста што се задоволувам со малку, но ете, така е тоа кај мене ...:pipi:
 
Не сум навикнат на промени и воопшто не сакаш да бидам подложен на промени од проста причина што секоја нова промена значи ново приспособување, привикнување, прилагодување и сл,а искрено ме мрзи да го правам тоа.
 
Па не ги сакам промените,повеќе сакам да си останам на она што е,макар и да не ми се допаѓа,можеби затоа што ми е страв од она што го носат промените.Како и да е,не ги обвиунувам оние кои експериментираат и сакаат се да пробаат,туку напротив им се воодушевувам,но од друга страна има и такви кои претеруваат во тоа.Уживаат во промените за да надоместат за нешто во својот живот кое го немаат и мислат дека она што ќе им го донесе промената можеби ќе престанат да го сакаат тоа што им фали,тоа се непостојани личности,имам неколку такви во животов кои се трудам да ги избегнам,затоа што во принцип неможат да бидат верни другари,но имам и крајно не флексибилни на промени,што исто така ужасно ме нервираат,тоа е веќе егоизам и себичност.Значи една златна средина.
Сакам нештата да ми бидат онакви какви што се,за да можам да ги држам сите конци.Добро сакам некогаш некоја позитивна промена и ја правам,но сепак не толку често,да речеме еднаш на 6 месеци,еднаш во годината,ама само кога сум сигурна дека ќе испаде горе доле како што предвидувам.Сепак мислам дека ги нема многу,колку што би требало.
Во последно време сакам да направам извесни промени,но се плашам од крајниот резултат,па се воздржувам со мали исклучоци.Во моментов единствена промена која можам да ја направам у животов да ја сменам бојата на ноктите и ништо друго,немам доволно енергија во себе,за нешто поголемо.
 
промените се составен дел од мојот живот.ама под тоа никако не се подразбира промена на карактер,туку промена на мислења,луге,карактери,места на движење.секогаш се трудам да има нешо ново,иако тоа понекогаш мн тешко оди.ама јебига то е животот...
инаку има и моменти кога сакам да одам на места кај шо знам дека сум сигурна и дека нема никој да ме гледа под око.те на место кај што има мои луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom