Поделба на имот стекнат со 100% самостојни средства - по развод?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mechence
  • Време на започнување Време на започнување
Бреј како се поклопува случкава.
Пари дадени од родителите на младожењата се користат за купување стан. Станот се пишува на име на младожењата.
Пука бракот, и жената бара поделба на станот. Судот не го интересира дека тој стан е "поклон" од родителите на мажот, туку дека е стекнат во време на брак. И станот се "подели" на двајцата. Знам дека го продадоа, и поделија парите.

Така да, консултирај се со адвокат. Прашај дали ќе влијае доказот дека си имал физичка оштета, и добиените пари си ги пренасочил во стан.

Нажалост, не функционира тоа така. Младожењата не ја кажува целосно приказната. Секој стан се купува со префрлање пари од сметка на купувач, на сметка на продавач. Значи има потекло на пари и мора да ги имаш на сметка. Од каде прв пат се појавиле тие пари. Ако родителите му ги дале парите, морало да биде од нивна сметка на сметка на синот, што лесно се докажува и потоа се користи да се докаже дека е подарок. Ако му дале кеш, ке имал проблем при внесување на кешот во банка, зошто ке му бараат потекло на парите моментално.

Пишував тука на форум дека имав огромен проблем, мои лично стекнати пари, кои 2012-та ги извадив од банка, и ги чував до 2020-та во сеф, да ги вратам назад во банка на сметка, како би уплатил стан. Морав да носам договори за работа, уплати од плати, стар извештај од сметка.

Тато ми даде пари за стан МОЖЕБИ ке профункционира до некоја сума под 10,000Е, но не и со сегашниве цени на станови и со еден куп документација која се потпишува кога внесуваш готовина во банка. Полесниот начин е родителите да го имаат купено станот, и потоа да го препишат на синот, небитно дали е во брак или не, ваков поклон не се дели. Ова со префрлање пари е само додатна компликација.
 
@vidooq се работи за стан купен пред 15/20год, кога се даваа пари на рака, кога се правеа трампања, дубари итн.
Ако мислиш дека те лажам, ќе те седнам со мажот. Му се распадна 20годишен брак, се подели станот, итн.
Јебига, кога други јајца ќе ти се вмешаат во фамилија, ексик и стан и се.
 
Мислев дека е свежа ситуација, не пишуваше за кој временски период се работи. Греота за семејството и децата, со развод никој не добива.
 
Се додека не се донесе закон за предбрачен договор спонзорушите ќе прават што сакаат.
 
Реобновување на темата :)
- после комплетиран и потпишан развод, можно е еден партнер да бара делба или не, толку од приказната?
- во случај да пред разводот, пример, имаат купено имот АМА : еден како кредитобарател - и отплаќач 100% на ратите, а вториот партнер како ко-кредитобарател - со никакви обврски за додатни плаќања ни една година пред, ни следните години за исплата, после разводот?
 
Последно уредено:

Развод на брак, и поделба на имот, се 2 посебни, и меѓусебе неповрзани постапки. Нормално дека и после разводот едниот партнер може да бара делба на имот.

За поделба на имот, доколку е стекнат во брак, нема врска кој бил кредито, а кој ко-кредитобарател. Ниту кој ги плаќал ратите за кредит. Ниту на чие име се води имотот на имотен лист.
Ако не успеете да се договорите со убаво, ќе идете на суд.
Судот трга од претпоставката дека имотот е 50/50.

Е сега...
Ако едниот успее да докаже дека значително повеќе од другиот учествувал во стекнување на тој имот, тогаш судот, наместо поделба 50/50, МОЖЕ да донесе друга одлука за поделба.
 
Развод на брак, и поделба на имот, се 2 посебни, и меѓусебе неповрзани постапки. Нормално дека и после разводот едниот партнер може да бара делба на имот.

За поделба на имот, доколку е стекнат во брак, нема врска кој бил кредито, а кој ко-кердитобарател. Ниту кој ги плаќал ратите за кредит. Ниту на чие име се води имотот на имотен лист.
уште нема имотен лист.
 
од претходните разговори во темава, за потекло на парите, прилог за кој што плаќал во домот сметки/комуналии,
пак небитно? :unsure:
Автоматски споено мислење:

Судот трга од претпоставката дека имотот е 50/50.

Е сега...
Ако едниот успее да докаже дека значително повеќе од другиот учествувал во стекнување на тој имот, тогаш судот, наместо поделба 50/50, МОЖЕ да донесе друга одлука за поделба.
Реков дека до денар, исплатите се вршат со траен налог од моја сметка, и пред развод на брак , и после развод брак.
 
од претходните разговори во темава, за потекло на парите, прилог за кој што плаќал во домот сметки/комуналии,
пак небитно? :unsure:
Автоматски споено мислење:

Реков дека до денар, исплатите се вршат со траен налог од моја сметка, и пред развод на брак , и после развод брак.
Ок, ајде вака...
Ти ќе речеш јас плаќав кредит сонтраен налог. Другиот ќе рече јас купував за јадење дома, плаќав сметки, купував гардероба за сите....
И?

Ама...
Ако докажеш дека ти си имал месечни примања од 5000 евра, а другиот 500 евра, имаш основа да бараш поголем дел од имотот.
Или, како што те разбирам, и после разводот ти плаќаш рата од кредитот, тоа е исто основа.
 
- сметките 100% моја обврска,
- ратите за кредит , 100% моја обврска и пред и после разводот.
- јадење за дома, и двајца, ок... ама ќе цепидлачиме ли кој повеќе јадел на суд ?

чисто ме интересира , дали можам конечно да земам и да вдишам воздух после целата хаварија... (ви благодарам на пораките)

инаку @Ocajna , дека кажа да информирам како испаднала приказната, завршено е , и плус поранешната сопруга доби поклон пари од мене, од мојата фамилија, за да земе стан (половина веќе значи отплатен) и да си го исплаќа самата со свој кредит натаму. има и детето, и таа кров над глава. од нели ни М од Маж, ни Т од Татко.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
чисто ме интересира , дали можам конечно да земам и да вдишам воздух после целата хаварија...
Види, најдобро да отидеш да разговараш со адвокат. Имаш многу варијабили во целата равенка.
Ама ако е станот земен во брак, ќе земеш воздух дури кога ќе имаш црно на бело.
Незнам зашто кога веќе викаш дека си и дал пари, истовремено не си го средил и овој договор, ама, ок, поминало...

И, добронамерен совет...хаваријата, за среќа, брзо ќе ја заборавиш. Чувај нерви и здравје....
 
Реобновување на темата :)
- после комплетиран и потпишан развод, можно е еден партнер да бара делба или не, толку од приказната?
- во случај да пред разводот, пример, имаат купено имот АМА : еден како кредитобарател - и отплаќач 100% на ратите, а вториот партнер како ко-кредитобарател - со никакви обврски за додатни плаќања ни една година пред, ни следните години за исплата, после разводот?
Кај вас малку е комплицирана работата. Вие може да ставите на папир дека станот е твој и дека таа не бара дел од станот, ти ке си ги плаќаш ратите.... Но, проблемот е во тоа што таа е ко кредитобарател а во превод солидарен должник заедно со тебе, ако дојде ден кога нема да го плаќаш кредитот банката може да бара присилна наплата и од неа. Ова особено доаѓа до израз ако кредитот не е обезбеден со хипотека врз станот или хипотеката не го покрива во целост кредитот. Треба да се договорите со неа да таа биде заменета со друг ко кредитобарател.... но тоа нема да биде можно без согласност на банката, затоа најпрво треба да се договориш со банката па да пристапиш кон решавање на проблемот.
 
Back
На врв Bottom