Серијата "Под прикритие" ќе се емитува во странство и во 3D формат
Серијата на БНТ "Под прикритие", чии права беа откупени од "Њу Филмс Интернешенел", ќе биде првата ТВ сериjа на американската компанија, која ќе биде емитувана и во 3D формат, соопштија од државната медиа.
За "Дневник" од БНТ нагласија дека адаптирањето на серијата на 3D систем е во почетна фаза, но сопственикот на компанијата Насим Хеjсfн работи сериозно на идејата. Сериjата ќе се емитува во таков формат во странство.
"Мислам дека пред нас никој не правел вакво нешто и зошто не - тоа може да биде првата бугарска серија, всушност - првиот серијал воопшто, кој ќе биде променет во 3D и ќе се шири низ целиот свет", вели Хеjсfн во интервју за БНТ.
"Се гордееме со тоа што успеавме да продадеме серијата на три континенти - Блискиот Исток и Европа, вклучувајќи ги и Источна Европа. Во САД исто така се заинтересирани. Обидуваме да пробием и во Латинска Америка. Тоа можеби ќе е најуспешната ТВ серија што некогаш се произвела во Централна и Источна Европа. "Под прикритие промени претставата за бугарско кино ", објаснува Хеjсoн.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.