11.05.2008 10:42
Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 1 јуни.
Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во наредните 20 дена ќе можат да ги претстават своите програми пред електоратот и да образложат зошто ја бараат довербата од граѓаните.
Двете најголеми коалиции - „За подобра Македонија“ предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, и „Сонце“ Коалиција за Европа предводена од опозицискиот СДСМ, кампањата ја почнуваат вечер со митинзи, првата во Охрид, а втората во Штип.
Предизборната кампањата ќе трае до 30 мај. Денот пред гласањето е изборен молк. Гласачките места на 1 јуни ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
Граѓаните ќе можат да избираат меѓу 18 кандидатски листи што ги потврди Државната изборна комисија.
Изборите ќе бидат спроведени според пропорционалниот модел во шест изборни единици. Право на глас имаат околу 1,74 милиони граѓани на на Република Македонија евидентирани во Единствениот избирачки список.
Со цел фер и демократски изборен процес над 30 политички партии минатата недела потпишаа Кодекс на однесување за време на парламентарните избори. Апел за коректно изборно постапување упатија САД, ЕУ, ОБСЕ, како и повеќе други домашни и меѓународни претставници и организации.
Според досегашните најави, изборите ќе ги набљудуваат 270 претставници на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права - ОДИХР и 3.500 на граѓанската асоцијација МОСТ.