Почина Гоце Арнаудов

  • Креатор на темата Креатор на темата HEATHY
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Возраст
31
Веб-сајт
www.zolta.com.mk
IN MEMORIAM
Почина Гоце Арнаудов, големата македонска музичка легенда, големиот македонски патриот
Царе, нека ти е лесна македонската земја
Македонија нема да те заборави
ОД ФЕЈСБУК!!!
Знам дека беше болен нешто.. но нели се излече???
Имате ли некаква информација или е некоја шпекулација?!?!



UPDATE SO NOVA SLIKA!!
 

Attachments

  • goce.JPG
    goce.JPG
    58,8 KB · Прегледи: 152
  • goce.JPG
    goce.JPG
    41,8 KB · Прегледи: 134
Воздржете се од секакви коментари, додека навистина не се дознае или не дај Боже потврди....

Не дај Боже да е вистина... :(
 
Вторник, 06 Декември 2011 21:59
Сподели
7
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Почина големата македонска музичка легенда, големиот македонски патриот Гоце Арнаудов на 52 годишна возраст.


goce248.jpg

Неговите колеги и пријатели на социјалната мрежа Фејсбук изразуваат жалење и сочувство за Арнаудов кој ја изгуби битката со ракот.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.
Во 1994 година на Фолк фест - Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. До ден денешен Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на сторина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донесле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.
Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостува на публиката во Европа ,Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот и собира 10 илјади публика, а раководството на областа му дава награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.
Лесна му земја, нека почива во мир. http://kurir.mk/makedonija/vesti/52533-Pocina-Goce-Arnaudov
 
jас слушнав бил болен од простата и дека многу му се влошила состојбата и се наоѓал во животна опасност.

Како и да е ми е жал, штета, најпозитивниот пеач на македонската естрада.
 
Навистина беше добар пејач , лесна му земја.
 
Човеков има рак на белите дробови. Не шпекулирам, точно е ова. И да не е вистина дека починал, колку и да звучи лошо, тешка болест е тоа, само прашање е на време :(
 
Лоша вест, почина еден од најдобрите и нејвеселите пеачи во Македонија.
Лесна нека му земјата!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom