Почина глумицата Фара Фосит

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
thumbnail.php

Иконата на американската култура на 70-тите години и легендарниот „Чарлиев ангел“, Фара Фосит почина во четвртокот на 62-годишна возраст по долга и тешко боледување во болница во Лос Анџелес.

Глумицата, позната по својата исклучително широка насмевка и бујната руса коса од 2006 година се бореше со ракот на дебело црево кој и покрај многубројните агресивни терапии во Германија и Калифорнија и се прошири и на црниот дроб.

Пред само шест недели, во мај, прикажан е и нејзиниот личен некролог - видео дневник, кој го водела во текот на последните месеци од својот живот насловен како „Приказната на Фара“.

Некогашниот секс симбол и „златната девојка на Холивуд“ само пред неколку дена конечно се согласи да се омажи за својот долгогодишен партнер и познат глумец Рајан О Нил, со кого го има синот Редмонд.

Фара Фосит ќе остане запаметена по улогата на гламурозната Џил Мароу во серијалот за три приватни детективки, „Ангелите на Чарли“, како и по улогата во филмот „Екстреми“ од 1986 година, што и ја донесе и првата од шесте номинации за Златен глобус.

http://www.time.mk/story_835c390699_article_c8dc573d19.html

RIP Фара
Иако ја немам гледано на големото платно, ја знам нејзината сторија.
Прерано изгубен живот, жал ми е што не успеа да се венча со својата долгогодишна љубов.
 
Две преголеми ѕвезди изгубивме во ист ден...

R.I.P Сара и Мајкл
 
Не можам да го најдам линкот, но прочитав некаде пред неколку дена дека Love Story (1970) се случи во живо, откако ѕвездата на тој филм Рајан О'Нил конечно ја убедил својата девојка Фара да се омажи за него, иако таа била болна од рак и пред умирање.

Оваа приказна ме погоди затоа што сум голем фан на филмот во кој девојката исто така умира, а сега Рајан О'Нил покажа дека вистинската љубов не е само излузија на големото платно.

Ја немам видено во филм ми се чини, знам само дека била една од омилените холивудски личности.

R.I.P. Фара
 
Го има тоа на страната на а1 http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110419

Не се сеќавам да имам гледано некое нејзино појавување на ТВ, но некако ми прирасна до срце, како Џејд Годи.Во последно време редовно ги читав сториите за неа во онлајн изданијата на весниците. Многу ми е жал што почина три дена откако објави дека прифаќа да се омажи за својата долгогодишна љубов, Рајан О'Нил, и што нивниот заеднички син е во затвор.

Почивај во мир Фара
:toe:
 
Нека почива во мир. :(
 
RIP кога ја читав статијата на А1 ми се наежи кожатаа :( :( RIP
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom