Почесен Македонец - БАШ МАКЕДОНЕЦ

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
"Истражувај ја Македонија", најпознатиот интернет-портал за туризмот и убавините на Македонија деновиве го привлече вниманието на Белгијците и Германците

657098F70BB5CE43BBAB3B6146A2C8F2.jpg


Банерот на која со огромни букви е испишано www.exploringmacedonia.com е закачен за мал спортски авион кој лета над селата и градовите во Белгија и Западна Германија.
Целта е да се привлечат туристи во Македонија, а оригиналната идеја е на Лутц Домил - македонскиот почесен конзул во Кралството Белгија.

Со 22 метра должина и 3 метри ширина, транспарентот се гледа буквално од сегде. Покрај веб-страницата на него стои и македонското знаме.

Првиот лет беше пред 3 дена, а Домил кој меѓудругото е пилот само го лета авионот.
На промотивното веење на транспарентот, присуствуваше македонскиот амбасадор Мухамед Халили и делегаците од мисиите на НАТО и ЕУ.

Транспарентот беше презентиран и пред Европскиот парламент во Брисел. Ова е прв конкретен проект на Домил, но тој тврди дека активно остварува средби со белгиските компании и им ја презентира бизнис-климата во Македонија. Над двесте пројавиле интерес. Инвестиции засега нема.

Македонија досега има назначено 50 почесни конзули во светот. Од Пакистан до Калкута и Џакарта. Најмногу во Турција - дури 7, поради добрите политички односи и интересот на Турците за инвестирање во земјава. Конзулите се главно бизнисмени и други видни личности од политичкиот и општествениот живот.

Приоритет и задача им е промоција на Македонија и привлекување странски капитал. Сепак малку од нив си ја вршат работата, а уште помал број покажале видни резултати.


штета што нашите дипломатски претставништва и политичари немаат ни половина од неговиот елан дух и љубов кога станува збор за работа и претставување на оваа земја
 
Арно на некој му текнало за ваков проект и реклама за Македонија...Дај боже и останатите козули од цел свет да ја земат оваа идеја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom