По 4 децении Штип ќе добие нов плоштад

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
По 4 децении Штип ќе добие нов плоштад



По повеќе од 4 децении Штип конечно ќе добие нов плоштад. Штипскиот градоначалник и првиот човек на ,,Бетон‘‘ го потпишаа договорот за реконструкција на плоштадот ,,Слобода,,. Градежната операција ќе чини близу 20 милиони денари, средства обезбедени преку кредит од Светска банка.
stip_77975.jpg
- Ќе добиеме плоштад како што доликува на град како што е Штип, а второ целата процедура за потпишување на овој договор, следејќи ги сите стандарди кои ги пропишува Светската банка, за нас навистина е едно големо училиште- изјави Зоран Алексов, градоначалник на Штип
Од градежното претријатие со најава дека реконструкцијата ќе биде готова за само 4 месеци.
-Ние ќе почнеме веднаш после потпишувањето, согласно договорот и ќе го завршиме плоштадот. Нормално, квалитетено и се во рамките на проектот- изјави Илија Бреслиски, директор на ГП ,, Бетон,,
Плоштадот ќе биде од гранитни плочи, ќе има нова модерна Фонтана и простор за културно-забавни содржини, а се планира да се подигне и споменик на Св. Никола, заштитиникот на градот,.
Еве една добра вест за Штип.
 
► Штип е во полоша состојба и од онаа во времето на Југославија! Ама баш ништо не е направено, дури и некако не природно изгледа кога ќе се каже ништо, дури и јас неможам да си поверувам, еден Тедико направија и го затворија - Едноставно НИШТО од било која влада е сега ова за плоштадот се најавуваш уште од 1 Октомври е ајде сега да видиме што ќе се случи дали ќе се оствари чудото!!! :unsure:
 
И јас сакам да видам како планираат да изгледа!
 
Алелуја. Редно време е да се тргне таа грдосија од фонтана. А архитектонското решение е ова:
http://www.build.mk/?p=7946
Само Аце наш не го гледам на сликите.
 
Навистина ќе биде убаво ако така го направат, и ќе биде причина прв пат во животот во Штип да отидам :)
 
Малку потсетува на Скопскиот по тие правоаголниците и скаличките ама супер ќе биде. Баш би отишол во Штип да го посетам :)
 
Без фасада на околните објекти ништо, кога поминувам се си мислам дека Тито е жив!

Изгледа дека треба да се потрудат и фасадата околу плоштадот да ја направат. Нема да личи нов плоштад со фасадите на зградите околу него уште пред времето на Тито.

Скоро поминував низ Штип, ко да сум влегол во некој град од 1 светска војна. Али сега со плоштадот може да се премислам и пак да појдам да го видам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom