По 1.000 денари месечно ако не сте во брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?!

Немажените девојки и ергените ќе плаќаат данок на државата ако задоцниле со склучување брак?! Проструи вест дека на девојките со полни 26 години и на момчињата со 28 години кои не успеале да стапат во брак, од платата ќе им се одбивале до 1.000 денари месечно?!

Оваа вест побуди големо интересирање во јавноста. Посебно ги вознемири вработените девојки и момчиња зашто оваа мерка би ги опфатила токму нив.

Неофицијални извори велат дека вакво изненадување се подготвувало како дел од популационата политика на Владата, а дека тоа би се вградило во дел од регулативата за семејните односи.

Сепак, идејата не беше потврдена во ниту една владина институција. Владата и Министерството за труд и социјална политика негираат дека постои таков предлог или иницијатива.

„Министерството за труд и социјална политика нема никаква иницијатива, ниту предлог немажените девојки и неженетите момчиња да плаќаат пенали на државата“, тврди категорично државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Душко Миновски. Да има таква идеја, додава Миновски, тие како надлежен ресор први би знаеле. Ова прашање не е отворено ни во Владата, а за Министерството за финансии, Миновски не знаеше.

Од Владата велат дека непотребно се шири ваква информација, бидејќи нема предлог немажените и неженетите да плаќаат данок на државата.

„Од Владата не излегол ваков предлог. Не се размислува за такво нешто. Информацијата веројатно излегла од Денот на идеите кои ги даваат граѓаните во Владата. На тој ден имаше еден граѓанин со ваква идеја, но засега од неа нема ништо“, изјави портпаролот на Владата, Шефик Дураки.

Добро упатени извори коментираат дека Владата можеби само го проверува пулсот меѓу народот, така што не се исклучува целосно данок за немажените. Вакви мерки за подобрување на наталитетот не се ништо ново во другите држави. Во Бугарија, на пример, данок на државата плаќаат ергените, а и брачните двојки кои немаат деца. Слични популациони мерки се практикуваат и во Франција.

Засегнатите девојки и момчиња од Македонија сметаат дека не можеме да се споредуваме со други држави, а особено не со Франција каде што стандардот е далеку повисок од нашиот.

„Не е исто на некој од 6.000 денари плата да му се одбива 1.000 денари. Сосема поинаку е ако некој заработува и до 2.500 евра плата па да му се земаат, на пример, 100 евра“, реагираат немажените и неженетите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BB6E75CFBB10D74D937B031536D111A4
 
20.jpg
 
Е нека гледат да го изгласат тоа ќе е општа катастрофа. Ај право со плата нека стаса и едно момче или девојка :pos:
 
Абе марш у три лепе...Кој курац се дешават во земјава бе, еј? Од кај испаднаа закониве, бе? Дај уште данок за потрошња на кислород нека ни постават, и се ќе е во ред.

Изгледа им испадна малу мачно на буџетот со тоа бенифициите за фамилии шо ќе родат појќе деца, па сега едниве пошо добиваат, другове да даваат. Или прај деца, или кини се од работа, за да ми плаќаш данок...Малу поинаку кажано, или билдај ми нација со новороденчиња, или билдај ми буџет...„Како и да е, ве држам во раце!“ (и сега тука следуват самозадоволна искезена фаца на саканиот ни прајминистер и сателитите кои гравитираат околу него, а кои немаат ни вештачка, а камо ли хуманоидна интелигенција)
 
АЛОООООООООООООООООООООООООО

АКО Е ОВА ВИСТИНА СИТЕ ГРАНИЦИ ГИ ПОМИНА!

Добро бе .... како ќе не тераат со сила да се ебиме. ?????

аааа.мора хелсиншки,хјуман рајдс воч и еден куп други да напишат добри извештаи...
 
„Министерството за труд и социјална политика нема никаква иницијатива, ниту предлог немажените девојки и неженетите момчиња да плаќаат пенали на државата“, тврди категорично државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Душко Миновски.
^ и ова го пишува погоре... малку подолу од насловот
 
ako go procitavte uvodniot post dobro mislam nema podreba da prajme senzacii, ideata bila na gragjanin na ``denot na idei`` i nema veze so vladina inicijativa
 
Абе марш у три лепе...Кој курац се дешават во земјава бе, еј? Од кај испаднаа закониве, бе? Дај уште данок за потрошња на кислород нека ни постават, и се ќе е во ред.

Изгледа им испадна малу мачно на буџетот со тоа бенифициите за фамилии шо ќе родат појќе деца, па сега едниве пошо добиваат, другове да даваат. Или прај деца, или кини се од работа, за да ми плаќаш данок...Малу поинаку кажано, или билдај ми нација со новороденчиња, или билдај ми буџет...„Како и да е, ве држам во раце!“ (и сега тука следуват самозадоволна искезена фаца на саканиот ни прајминистер и сателитите кои гравитираат околу него, а кои немаат ни вештачка, а камо ли хуманоидна интелигенција)
Едно време во царска Русија се плаќал данок за носење мустаќи..што знаеш што не чека...може ќе имаме и норма за брачните парови...:)...
 
Ех ама избрзувате ,па почекајте малце ,ова е само пробен балон пуштен од некои други кои се блиски до владата ,ама никако не е до владата! Е сега ако јагнињата се мирни и ова ќе помине.За на крај заслугите секако ги земе владата
 
^ и ова го пишува погоре... малку подолу од насловот

Ќе подразмислат и ќе поднесат иницијатива...гледај ретроспективно бе братче, ситуациите ќе ти покажат сами.
 
Ќе подразмислат и ќе поднесат иницијатива...гледај ретроспективно бе братче, ситуациите ќе ти покажат сами.
Епа тогаш да почекаме да покажат затоа што не сите сфаќаат како што треба може некој лудак новинар ќе не прочита тука и да каже готово е... ја воведоа 1000ката за самци :helou:
 
Го прочитав текстов ама не сфатив од каде на Утрински идејава...
али ако стварно го прават ова и уште некои слични глупи закони мислам дека ќе има интерес за каменување на владиниов состав
 
Е добро, па и по 1000 да ми земаат од плата мислат дека на таков начин ќе ме присилат за брак како формална институција?

Нема да ме изненади и ова да се случи, ама нема ни да има некои подрастични промени.
 
Чекоров (остварувањево :tapp:) не е за да те присилат да се омажиш/ожениш, туку за да имаат допуна на буџет, и да направат повраток на парите за бенефиции на многудетните фамилии. Пошто не размислуваа кога се силеа, дека не им стигвит чергичето за се. И ај удри сеа...е на кого де...?
 
"Идеална старост на мажите за брак е накај 90 години, две минути пред смртта."
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom