Пливање, Пекинг 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
За се` во врска со пливањето може да се дискутира на оваа тема. Имајте милост, има преку 10,000 спортисти, ако се отвораат теми за секој нивни дуел, пофорумов ќе го надмине и Вести и политика:). Ќе настане кармакаш.
Инаку, Топ Ган, почетник си и ќе ти објаснам некои работи како одат на форумов.
А) Пишувај на кирилица.
Б) Исклучувај капс лок, било да пишуваш пост или да отвораш тема.
В) Не ставај милиони прашалници и извичници на крај, ќе ја прочитаме темата и со еден.
 
Мајкл Фелпс значи бил љубител на Алкохолот не само на пливањето.
 
Пишав и јас мислам на некоја тема.
Тоа се случи пред 4 години, веднаш кога се врати од Атина, го фатија како вози во пијана состојба. Потоа мораше да издржува казна на многу занимлив начин. Држеше предавања по училиштата какви штетни дејства има алкохолот и дека не треба да се консумира.
 
Не ги следам многу пливачите.Некој знае зошто годинава Јан Торп се откажа?Која е причината?Тој ми беше фаворит и најинтересен за гледање:)
 
Иан Торп




thorpe_beats_pix686.jpg




Дата на раѓање: 13 Октомври 1982​

Место: Сиднеј, Австралија

Националност: Австралијанец

Учество на ЛОИ: Сиднеј 2000, Атина 2004

Одличја: Олимписки медали - 5 злата, 3 сребра, 1 бронза, СП медали - 11 злата, 1 сребро и 1 бронза




Мојот омилен! :wub: Не пропуштав бре да гледам ако пливаше, ало. Фелпс сакс. :pipi:




Статус: Пензиониран
ШО?!? Неќам да го видам појќе. :nesvest:​






А ти не мораше да пишеш ма. :icon_lol:
 
Пензиониран?Не е премногу млад?
 
Да, ама се разболи од Хепатит, оздраве, па после отиде во САД да студира и полека полека откажа со тренинзите.
Ама кога знаеш дека си прв и не можат да те стигнат, не ти останува друг избор.
 
А зошто сте сите толку против Фелпс, ја баш мислам дека е кул типче, барем онака на интервјуа што го имам гледано, ептен искулирано и едноставно ми изгледа, баш преѓеска на Еуроспорт тој новинарот го задена за споредбата со Шпиц, Фелпс рече дека на сака да биде втор Марк Шпиц туку прв Мајкл Фелпс.:toe:

А дека е моментално најдобар пливач, нема збор, и неговиот тренер баш рече, доволно е само да ги отплива неговите најдобри времиња, тронот не му бега :)
 
Седумчлената македонска експедиција ќе почне да го чувствува олимпискиот натпреварувачки дух веќе в недела, на 10 август, кога пливачот Михајло Ристовски ќе дебитира на ваквиот настан во квалификациите на 200 метри слободно.
За 13-ти е предвиден настапот на пливачката Елена Поповска во квалификациите на 100 метри слободно
 
Кај американците не е само Фелпс добар,пазете на Крокер,Хансен,Лохте,и оној грбно шо плива мислам дека се вика Пирсол.Овие 4 манекени сигурно освојуваат заедно 7 или 8 златни медали.
 
А зошто сте сите толку против Фелпс, ја баш мислам дека е кул типче, барем онака на интервјуа што го имам гледано, ептен искулирано и едноставно ми изгледа, баш преѓеска на Еуроспорт тој новинарот го задена за споредбата со Шпиц, Фелпс рече дека на сака да биде втор Марк Шпиц туку прв Мајкл Фелпс.:toe:

А дека е моментално најдобар пливач, нема збор, и неговиот тренер баш рече, доволно е само да ги отплива неговите најдобри времиња, тронот не му бега :)
Офтопик: Сега ќе ти кажам зошто сме против Фелпс. Баш затоа што кул типчиња не се вистински спортисти. Кул типчињата откако ќе станат славни аздисуваат и прават работи како Фелпс кој возеше пијан.
Торп додека пливаше цело време одеше низ пливачките училишта низ државите во светот и им ги пренесуваше на младите деца неговите вештини. Плус, види и самиот, рекордите на Торп поставени од 2000 се` уште не се срушени.:smir:
Инаку, за тоа дека пливањето е најздрав спорт и дека сите можат да се занимаваат со него говори и фактот што Грент Хакет плива со едно белодробно крило а Ласло Чех како мал боледувал од рахитис, а видете ги сега, тие се на врвот на светското пливање.
img214523852164.jpg

Онтопик: Мајкл Фелпс постави нов светски рекорд(т.е. го подобри својот) на можеби најтешката трка во пливањето, 400 метри мешано.
Оваа делница, тој ја исплива за време од 4:03:84, подобрувајќи го рекордот за 1 секунда и 40 стотинки. Среброто му припадна на унгарецот Ласло Чех а бронзата ја освои Рајан Лохте. Со ова, Фелпс ја почна голготата кон освојување на 7 златни медали на ЛОИ.
 
Гледав денес пливање, го чекав Михајло да го видам.И појдов да го приклучам компјутерот и кога видов завршила трката:kesa:
Добро е, го видов резултатот Михајло беше втор мислам:)
 
Гледав денес пливање, го чекав Михајло да го видам.И појдов да го приклучам компјутерот и кога видов завршила трката:kesa:
Добро е, го видов резултатот Михајло беше втор мислам:)
Втор ама од тројца натпреварувачи, значи у средина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom