Плескавици како од сендвичарите

  • Креатор на темата Креатор на темата koletheman
  • Време на започнување Време на започнување
во седмица?

Не, не е седмица.Но не е битно која е, сите работат на исти принцип.
Нема да ти кажам пошто сум човек од принцип, па не сакам некому да кварам бизнис, газдата поштено ми плаќаше поштено ја завршував работата:) Е сега, можам да ти кажам дека тоа не е единствената, што прави така, туку сите скоро сендвичари одат на БИЗНИС, да се направи промет а не да се продава здрава храна.Самиот сендвич по себе е калорична бомба за организмот и не е препорачлив да се јади, но што кога има еден милион сендвичи.

Прво, компирите што ги јадеш, се со поодминат рок, но сеуште траат. Полу пржени ги викаат, во најлонски кеси, лупени.Ја става во фритеза кесата, т.е компирите и се пржат во прегорено масло, масло кое не го менуваат туку само дотураат, а менување само кога фритезата ќе поцрни и ќе се наполни со остатоци. Од тука се добиваат канцерогени материи штетни по здравјето.
Компирот што нема да се продаде денес, се продава утре, нормално претходно во фрижидер, а за тоа време се случува еден процес на распаѓање на компирот, а утре повторно во исто масло се приготвува компирот.
Местото што нема да се продаде денес, го продаваат повторно утре замрзнато а претходно приготвено и само се притоплува.
А месото, т.е заостанати плескавици а не печени, фаќаат мувла пошто е дел од жив организам и е добар медиум за бактериите. Позеленува, се расипува, но кога ќе се испечи ти јадиш расипано месо, или во превод МРША, затоа што кога ќе умри животното месото скапува, но ако го испечиш нема да е толку штетно за јадење, затоа што на голема температура сите бактерии умираат, но штеточините што ги предизвикале не загинуваат, како некои киселини што ги испуштаат.
Значи ти фактички ако јадиш расипано месо , јадиш мрша.

Мајонезот, се раствора во вода, и никаде не добиваш вистински мајонез, туку течност и мајонез. Исто така тој стои мн време отворен а направен е од јајца па се расипува. Кога ќе изедеш сендвич и почниш да испушташ гасови повремено или имаш болки во стомакот, а во краен случај повраќаш, тоа е од мајонезот, а воедно и месото, но најпрво со гасовите е од мајонезот:)

Кечапот е истото, само овој е конзервиран малце повеќе.

Јадете тост, јадете нешто што пред вас се готви, јадете нешто што е подобро, еден бурек е 100 пати подобро него една калорична бомба хамбургер, јадете една кифла, или некоја друга храна што не стои со денови. Сендвичарите се катастрофа за исхрана , ова ви го кажувам од искуство.
Нема да изнесам име на ниедна сендвичара,да не кварам бизнис и да немам лични замерки, туку ова е општ заклучок како работат сендвичарите, затоа што секој гледа да прави бизнис.Така да, би го сменил коментарот ако се готви поинаку, но не верувам дека некој свесно би идел во загуба, освен ако оди сето на државно.
 
Па не е до меленото месо, меленото месо што сам ќе си го одбереш е дури и поубаво од тоа во сендвичарите, само ако дома ја пржиш плескавицата наместо да ја печеш на скара во тоа е разликата.
 
Како го прават меленото месо во сендвичарите што е толку вкусно и гумено, дали му ставаат нешто во место како вода, сода биакрбона или јајца, ако знај некој нека напиши рецепт
Друже ако ти кажам како се прави меленото месо што подоцна со додавање зачини станува плескавица ќе ти се згади животот. Вкусно е да, али немаш појма што све се става у тоа. Боље да незнаеш. Убаво те посоветуваа погоре, купи мелено месо, али од парчиња што ти ќе ги одбереш и што пред тебе ќе ги сомелат. Стави им сол.вегета,црн пипер, соја ( или па можеш презла, тоа ти се оние лебни трошки ) и сето тоа ќе почнеш да го месиш, Али убаво месење додека не престане да ти се лепи смесата за раце. И топчиња си правиш, 150,180, па и 200 грамски можеш ако те мрзи да праиш повеќе. И ги обликуваш.

п.с Добра фора при обликување е да се користи капак од маслинки. Со него ги стискаш топчињата и ти излегува вистински обликувана плескавица. Такви фори користат професионалците како мене :pos:

Добар апетит :pos:
 
Треба да си појдиш во касапница и да побараш амур за скара, тоа е смеса која е веќе подготвена за скара.
Најдобар амур за скара се прави во Прилеп.
 
makedonka1986 е најголем мајстор за плескавици, ако е добра ќе ви каже рецепт... Мада, чисто се сомневам :)
 

Мрзам соја во плескавици, сакам чисто месо, и треба во плескавиците бар една кришка леб сув да се издроби, а во некој сендвичари во Скопје користателе и месо од магариња и коњи имало такви случаеви, затоа најдобро е она што ќе си го направиш дома... :S
 
во Скопје, велат, куче и маче по улици немало после пивофестот :D

Е ако де нивни проблем, иначе за месото од коњи и магариња случај таков освен во Скопје имало и во Велес. Ако сакаш распрашај се.
 
Плескавица од сендвичара треба да имаш муда за да јадеш,да си не информиран од што ја прават или пак да имаш многу јак желудник...........златен стек.
 
sigurno nesto stavaat i vo mesarnicite koga kupuvas meleno meso za pleskavici, dali voda mu stavaat ili soda bikarbona ne znam ama znam deka se elasticni i vkusni pleskavicite togas, ne kako domasnite pola leb pola meso
 
makedonka1986 е најголем мајстор за плескавици, ако е добра ќе ви каже рецепт... Мада, чисто се сомневам :)
Благодарам :love:

Инаку до отварачот на темава имам прашање, дали некогаш пробал вистинска плескавица од месо? Пошо таа од сендвичари се прави со 30 % мелено месо (троа постаро), многу кромид (за да го убие мирисот на старо месо :( ), 70 % соја, бибер и сол.
"Плескавицата" е гумена поради сојата.
п.с.Рецепт не давам, ама ко ќе се организира пикник собиранка мош ќе припремам некоја:pipi:
 
Оф мори мајко, соја, јајца, вегета, леб...шо не се изначитав.
Прво, за скара, ти треба амур. Ако не си од Прилеп, и ако нема амур во месарниците од каде што си, можиш сама да си подготвиш.
Купуваш мелено месо, дента пред да планираш да правиш скара, ставаш во него црн пипер, ситно сецкано кромидче, сол и ТОЛКУ. Го месиш долго време, дури да побели малку, го оставаш в фрижидер вечерта да одстој, и сабаљето имаш амур. А за да ти дојди сочна плескавицата и како „гума“ што викаш ти, треба на тивко да ја пржиш и да не ја препекуваш.
 
Ако ставаат соја јас веќе плескавица во уста не ставам, и ќебапите со соја да не ги прават :unsure:?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom