Прв ден на работа на една плавуша во една голема фирма, за да се покаже влегува кај Директорот и го прашува:
-Директоре, лифтот само на овој спрат ли да го чистам или на секој!?
Што е разликата помеѓу комарец и русокоса?
-Кога ќе го плеснеш комарецот,престанува да цица.
Разговараат две русокоси:
- Првата: Го гледам календарот за оваа година и констатирав дека оваа нова година се паѓа во петок.
- Втората: Убаво само да не се биде петок тринаесети ! ! !
Изнервираниот шеф и' вели на секретарката плавуша:
- Mозокот ти е меѓу нозете...
Следниот ден се јавува плавушата на работа na шефот:
- Извинете шефе не можам да дојдам на работа зашто добив излив на крв во мозокот!!!
Разговараат две колешки плавуши во канцеларија:
- Да знаеш само што ми се случи вчера...Влегов по грешка во машкото WC, кога таму директорот... И мила моја, му ја видов онаа работа...
- И, баш ме интересира, каков му е?- љубопитно прашува другата.
- Па, малку е солен за мој вкус...
Отишла русокоса да врати книга во библиотека, па вели - знаете оваа книга воопшто не ми се допаѓа. нема никакво дејствие, а и ликови има едно чудо, не можев ни едно име да запамтам! - аха, значи вие сте ни го земале телефонскиот именик!
Се фали среќната плавуша на своите комшивки:
- Знаете, мојот син оди на часови по англиски, француски и алгебра.
- Ма немој...- и' велат комшивките
- Да, да...Сине, кажи им на теткиве нешто на алгебарски...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.