Плавуши!:)

  • Креатор на темата Креатор на темата Free
  • Време на започнување Време на започнување
Си разговараат на телефон две плавуши:
- Абе знаеш денес го пратив маж ми да оди да купи компири ама се случи трагедија.
- Каква трагедија?
- Го згази кола!!!
- И што ќе правиш сега?!
- Веројатно ориз.
 
Плавуша----Мажот ми донесе вчера кокошка и ми рече убаво да ја спремам за во недела.Незнаев што носат кокошките во недела но најдов едно убаво фустанче...:)))
bfbb614190.jpg
 
Плавуша му кажува на сопругот дека сака да посвои тримесечно бебе од Англија. Сопругот ја прашува:
- Што ќе правиш со него ??
- Па кога ќе почне да зборува, од него ќе учам англиски.
 
Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
- Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
- Аааа… четири.
- Во ред.
Квадратен корен од 100?
- 10?
- Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
Плавушата молчи. После некое време рекла:
- Не знам…
- Добро, размисли и дојди утре.
Пријателката и се јавува на плавушата:
- Те вработија ли?
- Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.
 
Плавуша оди на посета кај својот маж кој се наоѓа во затвор. Потоа оди кај началникот на затворот и го моли:
- Не можете ли да му најдете на маж ми некоја полесна работа?
- Каде полесна од тоа? Тој им лепи марки на писмата!
- Чудно, мене ми се пожали дека копа подземен тунел..
 
Плавуша киднапира подморница. Кога дошло време да преговара за условите да ја предаде назад таа поставува услов:
- Да ми се исплатат 200.000 долари и падобран!
 
Зошто вицевите за плавуши се кратки?
- За да можат бринетите да ги разберат.
 
Две плавуши седат во некое кафуле и си муабетат за нивната пријателка, исто плавуша:
- Разбра, ма? Мила се удавила летоска на море…
- Што збориш, ма? Стварно? Како се случило тоа?
- Да, стварно. Одела крај пристаништето и во еден момент паднала во вода.
- Па нели таа знаеше да плива, и тоа добро?!
- Е, да, знаеше, ама некоја неписмена будала баш тука ставил табла „Забрането пливање“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom