- Член од
- 25 ноември 2013
- Мислења
- 1.670
- Поени од реакции
- 1.533
Вели во текстот 1300 евра му останале чисти за штедење или патување плус платата на жена му. Не вели 1300 е платата на жена му. (ако грешам кул нека ме поправи)
Да е сам со 1300 плата нема да седи во 70 квадрати, ќе седи во помал стан. Помал стан помали трошоци. Храна за еден помали трошоци. И кога истиве пресметки би ги направил за еден би трошел комплетно задоволен околу 1000 евра. 300 евра ќе му останат според некоја груба пресметка, се си зависи од личноста, некој сака да шета, некој е либерте некој е штедлив. Посебна математика за секого поединечно си важи. Сигурно неможеме да се рамниме сите меѓу себе, сите сме различни. Плус секоја Република има свои разлики, не е исто во Дортмунд и Нирнберг, не е исто во Берлин, во Хамбург. Секаде е различно. Некаде е стан 400 евра, некаде истата квадратура може да е 550/600 евра. Некаде градинка за деца е 120 евра, некаде до 300 евра стасува. Значи си има разлики секаде. Овде зборува за Баерн една од најбогатите Републики во Германија и исто така и поголеми трошоци има.
Она за даночните стапка, ако си неженет си во класа еден. Кога ќе се ожениш идеш во класа три. Партнерот кој зема помала плата иде во класа пет. Германија има прогресивни даночни стапки во превод кој повеќе зема, тој повеќе ќе плаќа за јавните добра. Ако се двајца системот верува дека платите им се доволни за живот и партнерот со помала плата иде во петката каде даноците се поголеми. Тој со поголема останува со поголема плата и помали даноци. Плус секоја година со даночната пресметка од даночниот советник, Германија им враќа дел од даноците. Ако работиш на место 10 км од место на живеење, ако се дообразуваш, ако купуваш за дома ствари и безброј ситни работи кои даночниот советник ти ги пресметува во Април ги поднесува и ти враќаат назад пари. Просечно Германец добива назад од прилика 900 евра годишно. Странците првата година добиваат повеќе има некоја ставка за преселба која Германија ја плаќа првата година. И ред други даночни ставки.
Пошо спомнато беше прво платата на жената па после одма овие 1300,зато не бев сигурен

Болдираново важи само за парови?пошо жената зима помала плата а плаќа поголем данок.
И успут ако знаете некој добар сајт за барање работа во германија али на англиски
