Во никој случај не сум против пластична операција.Природно си е природно да,ама нема ништо повеќе природно,шминки,надградби ова она...толку од природното,заврши одамна.
 
 
А и што фајде од природното,кога не е како што треба? Кога има шанса да се подобри нешто,треба да се искористат.Не разбирам зошто некој би бил против,понекогаш ептен сакаме да поставуваме граници и каде што треба и каде што не треба.Одобрувам и поддржувам се` што прави да изгледаш и да се чувствуваш подобро,без штетни последици.
Нормално дека не треба да се претерува,оти и најкорисната работа ако не е во некои нормални граници,е штетна.Пример,ова холивудскава најнова мода,да ставиш силикони,да ги поносиш некое време,па да ги намалиш или да ги зголемиш и на крај да ги извадиш.Која е смислата на ова,стварно не ми е јасно...
 
Али таму каде што постојат индикации или обективни пречки кои создаваат телесни или психички потешкотии,би требало да се искористи пластичната операција и да го реши проблемот.