PlanetSide 2

  • Креатор на темата Креатор на темата T0M
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум на Lithcorp, уште од бетата ја играм, првин бев на Милер ама на првите 2-3 дена беше хаос заради преоптовареност на серверот, па се префрлив кога отворија 2 нови.
Иначе ако очекуваш регрути, пишувај која нација сте.
 
Абе коа отворате тема за игра пишете нешто за приказната. Не секој е не-мрзелив да бара.
 
Сакам да ја симнам играва, ај збор - два ако може.

Добра ли е, вреди ли да се симне ?
 
Ние имаме outfit на Miller, играме T.R. ако има кандидати да ни се придружат може слободно да пишете :D
 
јас ја пробав синоќа, сецка кај мене :(
 
Ние имаме outfit на Miller, играме T.R. ако има кандидати да ни се придружат може слободно да пишете :D
Ја сум VS на тој сервер. ;)
Иначе што збор-два за играта. ММОФПС, ме потсеќа на Battlefield, само што нонстоп се игра, нонстоп има превземање територии. Што е поентата? Има три фракции (Vanu- некои интелигентни типци, научници као, интересен изглед имаат, Републиката-република ко република :D и тие третите не ми текнува сега како се викаат-тие се сепаратисти). Си бираш сервер, имаш европски и амерички. Си бираш дали сакаш машко/женско, фацата каква да ти биде. Си фаќаш левели (battle ranks), си бираш помеѓу стандардните класи: light assault, heavy assault, инжињер, лекар, снајпер и дополнително Max (со него не можете да играте од старт, т.е. кога прв пат се spawn-увате). Во секое време можете да ја смените класата, си има како посебни машини за тоа, а може и кај Surrenders (едни возила, доста практични и битни во тактиката при напаѓање на некоја база). Кога те убиваат, нормално spawn во било која од базите или кај тие возилата што ги спомнав претходно. А да, заборавив да кажам, има три континенти, и во секое време можете да се префрлите од еден во друг континент и тоа трае десетина секунди.
Се формираат како squads, platoons, и секоја од нив има лидер кој на мапата покажува што е следната задача и така е најубаво за играње, барем според мене. Само кога зборат на микрофон, ништо не ги слушам пошто нонстоп има пукање.

Од возила имате најразлични за по земја, како и воздушни. Мене лично онака океј ми е играта, ништо wow, ама добра е за тепање време, а можда и ќе ве зарази. Друго не знам што би ве интересирало, прашајте, мада и ја не ја имам многу играно (едно 8-9 саата вкупно).
 
Пиши како ти е ник на Miller кога ке те видам у битка да не те рокам :D
 
Пиши како ти е ник на Miller кога ке те видам у битка да не те рокам :D
Grolub. :D
Имињава ми се кое од кое посмешно, али не сакав да ставам некое со бројка (а зафатени беа тие што сакав). На Woodman сум Републиканец, Gonju ми е никот.
Иначе само што ви напраивме прилична офанзива на Индар (така мислам се викаше, слаб сум со имињава). Само што ја освоивме пиоследната база, одма вие ни удривте против напад, еден куп авиони имате цц :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom