Planet earth is you

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.325
Ова е едно од видеата кое ме допрело во душа.Сакав да направам тема каде што ќе може да се постираат вакви видеа или слики од поучен карактер ,но незнаев каде да ја отворам дали овде или во фотографија и видео ако не е на правото место нека ја преместат модераторите.
За само 4 мин е опишана приказната за планетата земја ,сметам дека вреди да се погледне.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Видеово ме фрли од тараса..како и да е одлично е за малку "просветлување на умот".На глобално ниво ние луѓето сме гнаси,и уште многу ќе се караме со мајката природа,се дур не и прекурчи и да не исфрли од овој свет.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.568
Видеово ме фрли од тараса..како и да е одлично е за малку "просветлување на умот".На глобално ниво ние луѓето сме гнаси,и уште многу ќе се караме со мајката природа,се дур не и прекурчи и да не исфрли од овој свет.
Јас па не се согласувам со тебе, мислам дека ние ке победиме, со тоа што ке ја уништиме планетава додека се уништуваме самите себе, со технологијата која ние ја измислуваме, се ке постане една голема округла карпа, пустина, исто како што некоја форма на живот го исушил Марс.
Некои научници вадеа теории дека ние сме Марсовците кои по уништувањето на Марс сме нашле нов дом овде на земјата. На почетокот не верував во оваа теорија, но како оди времето веројатноста дека теорија е вистина, е се поголема, со тоа што историјата ни се повторува и овде во "новиот дом".
И во начинот на живеење ние лугето се издвојуваме од сите други милијарди видови на жив свет жто живее овде, што додатно ми прави да верувам дека ние сме гостите на планетава. Само ние знаеме што е тоа колективно учење, пренесување на знеањата и искуствата, градење на комплексни материјални предмети.
Ние сме тој 1 вид кои се издвојуваат во интелигенцијата од не знам колку милијарди видови жив свет што постои . Сите останати си живеат онака како што се родени не променуваат ништо на планетава, не градат, не прават експерименти не размислуваат за машини, астрономија, нуклеарна енергија, хемиски состав на нештата кои постојат и тн едноставно си живеат и се задоволуваат со основната потреба за живеење, храната. Ние сме толку посупериорни од нив и сепак нашата енергија и интелект го трошиме за деструктивни работи. Зошто секогаш му даваме предност на деструктивното наспроти конструктивното? Зошто секогаш главна вест на Си Ен Ен е некое убиство, насилство и криминал, наместо некоја креација, уметничко дело, иновација во било кое поле?
Астролозите ја сметаат Марс за планета на војните, можеби има некое значење и вистина во тоа, ако претпоставиме дека ние лугето некогаш сме дошле овде од таа планета. Ние сме канцерот на планетава, и единствената болест, од која би сакал самата да има сила да се излечи, ама шансите се мали.
А можности имаме, избор имаме, ресурси имаме, наука имаме, се имаме за да ја направиме планетата подобро место за живеење...ама воља немаме. Доволно е да кажам, пари, интерес, надмоќ и луксуз за да ви стане јасно. Ако ги снема овие работи, за неполн месец може да се направи голем пресврт во квалитетот на нашите животи. Ама моментално владеат тие 4-5 збора со планетата и дур не се истребат ние ке продолжиме да живееме во мизерија која расте со забрзано темпо и ке дојде до ниво од кое што нема да може да се оди понатаму, тоа ке биде максимумот на мизеријата во која еден човек ке може да живее. Е тогаш, ке се уништи се.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.075
Видеа има вакви еден куп.... тоа ништо нема да смени. Човекот си е научен да живее како што живее сега. Во наредниве 50 години промени нема да има ама баш никакви.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.797
Поени од реакции
3.054
Мене ми е незаменлив клипот We Are Here, со Carl Sagan. Неговите зборови треба да ги учи секое дете во основно одделение.
 
На врв Bottom