Tonchie
BATTERY +
Ете, пројдоа пет години од почетокот на нашето онлајн дружење. Пролетаа неочекувано брзо. Како да беше вчера денот кога беше објавен првиот текст на вашиот и наш Плагијат. Започнавме со единствена желба - да се спротиставиме на целиот тој кич и невкус кои не опкружуваат. Колку успеавме проценете сами. Сепак, оваа прилика нема да ја искористиме за да се фалиме или да се жалиме, туку за да ви ја презентираме програмата со која ќе го прославиме нашиот петти роденден. Пет дена за пет години Плагијат.
ПРОГРАМА
28.09.2010, Ла Кања
1825(+1) денови Плагијат
изложба на промо материјали и фотографии од концертите организирани од страна на Плагијат
почеток: 21 часот
29.09.2010, Галерија 7
Проекција на филмот All Tomorrow’s Parties
организирано во соработка со Компресор - Задруга за креативна трансформација
почеток: 21 часот
30.09.2010, Лаика
Плагијат слушалка: Роденденско издание
за музичкиот избор се задолжени нашите пријатели: Јане Алтипармаков, Ѓорѓи Јаневски и Костадин Шурбановски
почеток: 21 часот
01.10.2010, клуб Кастро
Khuda (Велика Британија)
Од вратот надолу (Македонија)
Nikki Louder (Словенија)
Petrol (Србија)
почеток: 20.30 часот
влез: 250 денари
02.10.2010, клуб Кастро
Man Zero (Хрватска)
Fighting Windmills (Македонија)
Killed by 9V Batteries (Австрија)
Oldseed (Канада)
почеток: 20.30 часот
влез: 250 денари
* Блок влезница за двата фестивалски денови во клубот Кастро чини 400 денари.
Повеќе детали за бендовите и за претпродажбата на влезниците наскоро.
Извор: Plagij.at