Плачењето, храброст или понижување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Само еднаш имам плачено....пред луѓе...не гледам на плачењето како да ќе ми помогне....којзнае....викаат исплачи се ќе ти помине?? Благе везе нема.Професорката по англиски ни викаше дека со плачењето само очите можеме да си ги исплакнеме ништо друго.
Не викам дека е понижување ама никогаш не сум дозволила да покажам слабост пред било кого затоа што знам дека кога тогаш ќе се искористи тоа против мене.
 
Плачењето не го сметам како понижување,слабост едноставно како кулминација на сите претходно собрани чувства кои подолго време се натрупале и кои го достигнале својот максимум т.е. чашата се прелила и веќе нема каде да се собира и потиска тоа.
Малку луѓе ме имаат видено како плачам,значи најблиските кои нормално ме имаат видено во секакво светло.
А за останатите...една професорка ми даде добар совет:Не им го пружај тоа задоволство-they would kill to see you fall:wink:
 
Плачењето е потреба, која не може секој да ја контролира. Имам плачено во јавност (поточно пред другари). Мислам дека не е срамота, се додека не се прават смртни сцени со липтења и цмиздрења. Сепак, нормално е да се плаче и не е срамота понекогаш да се расплачеш пред други. Како што смеата е произвд на радоста(па не се срамиме да се изнапрскаме од смеење пред други), така и плачењето е производ на тагата, и не гледам шричина зашто тоа би било срамота. Плус во моменти на голема тага, разочарување, депресии најмалку ни е важно дали некој не гледа. Едноставно бараме простор и начин да се ослободиме од болката која штотуку сме ја примиле
 
Солзите се една од најголемите човечки привилегии, вистински благослов.
Плачење пред публика е слабост, а кај карактери од понизок тип-оружје. Јас на пример сум голема плачка, се и сешто може да ми ги наполни очите со солзи, ама никогаш не сум си дозволила да плачам пред публика, ми се чини дека така ќе си ги извалкам солзите, а тие ми требаат да си ја прочистам душата.
 
Плачењето ниту е храброст, ниту пак понижување пред некој, тоа е искажување на емоции во одредени моменти, било тоа дали се тажни или радосни нема во тоа ништо срамно :toe:
 
Плачењето ниту е храброст, ниту пак понижување пред некој, тоа е искажување на емоции во одредени моменти, било тоа дали се тажни или радосни нема во тоа ништо срамно :toe:

Ми ја зеде мислата :tapp:
 
Искрено одамна не сум плачел. Последен пат кога умре Тоше..:(
 
Според мене плачењето нема врска ни со храброст ни со понижување...

Значи според мене плачењето е начин на искажување на депресија или тага(по некоја личност и сл.)...

Така да јас на пример не ја искажувам тагата преку плачење...а сепак можам подолго да ја чуствувам тагата од оние што плачат.....значи се е до свеста..

Ако ме прашате лично..јас мислам дека тие што плачат имаат помала самоконтрола...затоа што немора да плачеш за да ја искажеш тагата!!!
 
Јас сум плачка и за радост и за тага ,ама не се чувствувам пријатно кога заплачам пред други особено пред тие кои се причина за тоа .Тогај се чувствувам слабич и не си ја бендисувам оваа особина ама тоа е тоа .
 
не сум плачко нормално :nenene: и многу ми е глупо ке ке видам некој да плаче:nesum:

 
Според мене плачењето нема врска ни со храброст ни со понижување...

Значи според мене плачењето е начин на искажување на депресија или тага(по некоја личност и сл.)...

Така да јас на пример не ја искажувам тагата преку плачење...а сепак можам подолго да ја чуствувам тагата од оние што плачат.....значи се е до свеста..

Ако ме прашате лично..јас мислам дека тие што плачат имаат помала самоконтрола...затоа што немора да плачеш за да ја искажеш тагата!!!
И јас исто вака реагирам
 
Плачењето е како војна. Not to see what is right, but what is left. Тоа го сфатив од последното плачење пред 1 месец. Видов што ми остана. Не е ни храброст, ни некакво понижување. Има моменти кога сите подлегнуваме на нашите натрупани тежини.:smir:
 
Според мене плачењето нема врска ни со храброст ни со понижување...

Значи според мене плачењето е начин на искажување на депресија или тага(по некоја личност и сл.)...

Така да јас на пример не ја искажувам тагата преку плачење...а сепак можам подолго да ја чуствувам тагата од оние што плачат.....значи се е до свеста..

Ако ме прашате лично..јас мислам дека тие што плачат имаат помала самоконтрола...затоа што немора да плачеш за да ја искажеш тагата!!!

Same here.. :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom