Плачење

  • Креатор на темата Креатор на темата Reds United
  • Време на започнување Време на започнување
Ја отварам темава како простор каде можете да се искажете кога последен пат сте плачеле!
Би ме интересирало и кога плаче македонскиот човек!
-----------------------------------------------------------------------
Еве ќе започнап со мене!
Последен пат јас што се сеќавам дека сум плачек беше кога имав некои 12/13 години, кога ми умре кучето! Тоа беше страшна глетка и уште ме лазат морници од тие спомени!:ija:
Последен пат......пред некој ден, чисто онака од една убава мантра „Medicine mantra" се викаше....
 
Таков човек сум што физички многу ретко плачам... ама затоа душевно растурам...
Ептен значи треба нешто да ми преоптерети душа па да ми протече некоја солза... знам последен пат физички плачев на јадење, истовремено го гледав последниот концерт на Тоше, песната ептен ме погоди... ме наежи и почнаа солзи да ми течат среде јадење... ми дојде се... и за него плачев, и за мене, и за некои проблеми шо ги имав тогаш... за се...
Душевно... моментално плачам... (ако и тоа се рачуна)... ептен ми е тешко за една работа... важно што конечно признав и расчистивме една ствар.... али тешкото е шо навреме го приметуваш, а се затвораш во себе и не кажуваш/зборуваш на време...:nesum: а сега рикаш оти ти е далеку она што со години го сакаш...:nesum::uvo:
 
Синоќа плачев така почесто си плачам :icon_lol: али таа е се ме погодува. Некогаш може да се случи цела недела да собирам и воопшто да не заплачам ама кога ќе дојде петок или сабота ихихихиии за цела недела плачам :nesvest:
 
aма страшно ме нервира кога ќе почнат да ми течат солзи од нервоза, (обично на крај преминува во липање :pos:) го сметам за слабост, се обидувам да го контролирам, ама... не успева секогаш, тоа сум јас...

исто и јас...кога сум многу нервозна, не можам да се контролирам и почнувам да плачам...али после тоа се чувствувам подобро, многу подобро...

последен пат... кога ме изнервираа овие "американските родители"... ми забранија да користам msn... човек бе како ке ми забраниш комуникација со моите родители и другари бе? лелее свашта... па затоа сега ми се јавуваат почесто и прават огромна сметка, па и за тоа плачев...
 
Последен пат кога плачев не ми текнува..ама не е дека било многу одамна пошто сум многу емотивна и голема плачка:kesa:Дури и на тажни филмови плачам..на се што ме "раздрмува" и секако кога сум нервозна:toe:
 
Плачам кога имам потреба и кога едноставно доаѓа само од себе...Не многу често, но ми се има 2-3 пати случено од онака од неништо...
 
Ко ќе ми стигни извод од банка.
 
Плачев вчера.. Долго време немав плачено и се олеснав..:toe:
 
Пред 2-3 вечери си се изнаплачив, филм гледав и тој капак ми беше и не ми олесна ич, џабе плачев, само очите сабајлето што ми беа отечени:tapp::toe:
 
последно сум плачел во сон, сонував дека видов една блиска роднина од Бугарија што не сум ја видел 3-4 години и кога ја видов се расплакав!
 
Плачам по стопати на ден:wink: Сериозно, плачам на филмови, книги, над судбини...
Плачам од тага или среќа, но никогаш од гнев.
 
плачев во понеделникот вечерта, кога ни се запали викендицата!
Се уплашив зошто имав другар внатре а пожарот беше многу силен и сите плачевме како деца мали!
Најбитно, излезе на крај!:(
 
Плачам не многу често, најчесто кога ќе ми се насоберат повеќе работи одеднаш или од бес кога знам дека неможам да направам нешто. Последен пат плачев пред Нова Година.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom