Не сум некоја голема плачка. Ми треба или стварно добра причина за да се расплачам, или некоја тривијална работа која ми е како оправдување во моменти кога се` ми се насобрало на куп и не можам веќе да издржам
. Ретко кој ме има видено да плачам, зошто не сакам многу емотивно да се expose пред луѓе. Всушност, единствени личности пред кои можам да се сетам дека имам заплакано, ама онака асално, се мојот најдобар другар и еден рандом таксист.

Да, знам дека звучи ко од филмовите, и дека е крајно глупаво и дека на човекот сигурно му беше крајно непријатно, ама тоа беше кога случајно удрив кутре со моторот и ми се насобраа истовремено милион негативни чувства-тага, грижа на совест, бес, страв... Се` можно што може да расплаче некого. (да не навлегувам во целата приказна, зошто тек тогаш ќе се расплачам) Едноставно ми прекипа и коа си се разлипав јас на задно седиште, таксистот ме гледа бледо на ретровизор, не знае што да ми прави, се плаши да ме чепне, јас липам ли липам. Застанува кај што требаше да ме остави, јас не можам да се смирам, липам и си седам во кола.

Човекот виде невиде, не се чепка исфрустрирана жена-си помисли, си запали цигара, си позјапа низ прозор едно 5-10 минути, и кога конечно се смирив и му платив си тргна накај дома.
Значи плачам ретко, ама квалитетно.

Многу сум чувствителна, ама не си дозволувам за се` нешто да се расплачам. Особено кога не сум сама.
Е сега, рикањето на филмови е сосем трета ствар.

Цела недела да гледам филмови со потресителни сцени, цела недела ќе рикам од плачење.

Ама тоа е друг вид на плачење (имало и видови?), тогаш не плачам за себе, туку за маките на карактерите од филмот, што произлегува од тоа што претерано се соживувам со приказните. :kesa: