ACHQ
hawk
- Член од
- 18 јули 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 73
Поларис гледам "немаш време" да ја отвориш темава па еве јас ја отварам да ти направам услуга.:smir:
Курдски бунтовници кренаа во воздух дел од иранско - турскиот цевковод за пренос на природен гас во провинцијата Агри на исток на Турција, соопшти гувернерот на провинцијата, Али Јерликаја.
Неколку часа претходно лидерот на курдската работничка партија, Мурат Карајалан, изјави дека доколку Анкара прифати примирје и почне дијалог, радикалните курди се подготвени да го остават оружјето.
Во интервју за Би-Би-Си, од кампот на ПКК во планините на ирачки Курдистан, Карајалан изјави дека на своите луѓе ќе им нареди да го остават оружјето под мониторинг на ОН, доколку Турција се согласи на примирје и прифати некои од нивните барања.
Дали договорот ќе стави крај на немирите во југоисточен дел на Турција кој е населен со мнозинство курдско население.
Но, доколку турската влада го одбие ова, ние ќе објавиме независност во југоисточните региони на Турција, каде дејствува ПКК, изјави курдскиот лидер.
Представник на турската влада, кој отфрла секаков дијалог со ПКК, изјави дека Анкара нема пракса да коментира изјави на терористи.
Курдската ПКК која се залага за формирање на курдска држава на тлото на југоисточна Турција бара прекин на нападите на турската армија врз цивилите курди и на апсењата на курдски политичари.
Се залага за заштита на јазичните и културните права на курдите во Турција, кои според неофицијални информации бројат меѓу 12 и 15 милиони. Во 73 милионската Турција.
Конфликтот меѓу Турција и ПКК, трае од 1984 година во кој загинаа над 45.000 лица.