Пивски занимливост

  • Креатор на темата Креатор на темата Пуци
  • Време на започнување Време на започнување
Ејјјј абе ја сеа приметив. Со дипломава има и гага такси превоз а?! :) ЛОЛ
Би тербало,ко шо ги глеам предметиве(а и оцените) би требало да влезе у диплома тоа:):):)

А дур сме кај пивото,иам една дилема и никако да се решам:Што е по добро да се земе(има 2 вида на гледање)Скопско 1.5литри што е поскапо ама послатко(убаво) или Горско2 литра кое е поевтино али и полошо на вкус???
Ќе кажете не е некоја голема разлика со пар,не се битни парите вкусот е.Ама зашо да купуем поскапо кога за помалу пари иам уше 3.5 чашки поише...
Шо мислите вие???
 
Скопско рулз бе. :) Какво Горско. Ко вода е. :)
Според мене поубаво пиво од Скопско нема. :)
 
што е ова бре малолетници ми зборат за алкохол, ццц ни се расипа денешнава младина :nenene:
инаку убаво и здраво е пивото, имав негде еден линк со многу информации неможам атм да го најдам ќе го постирам подоцна :)
 
што е ова бре малолетници ми зборат за алкохол, ццц ни се расипа денешнава младина :nenene:
инаку убаво и здраво е пивото, имав негде еден линк со многу информации неможам атм да го најдам ќе го постирам подоцна :)
Ај потруди се да го најдеш,добредојдени се информациите за скапоцената течност.

Кое ви е најдобро пиво????Според мене нема подобро од Скопското и Staro pramen
 
еве ги:)
Многу е веројатно дека лебот и пивото го измислиле жените. Легендата вели дека пивото е резултат на случајно откритие. Лошо складирани зрна жито повлекле влага и со помош на секаде присутниот див квасец, ферментирале во интересна смеса.

Луѓето ја пробале и го откриле невообичаен вкус, хранливост и, секако опојност.

Тоа се случило многу одамна, во Месопотамија, каде се точел “течниот леб“.

Приказната за пивото е стара колку и приказната за лебот. Што било прво, пивото или лебот, сè уште утврдуваат историчарите за храна.

Првото пиво веројатно се правело од пченица и јачмен. Дури во 1516 година баварскиот закон за чистота на пивото наложил: “Пивото се прави од јачмен, хмељ и вода“. На овој закон се придржуваат Германците, додека останатите додаваат и поевтина пченка или ориз.

Хмељот на пивото се додава како зачин што ја дава пријатната горчина, пена, но и го конзервира развојот на несаканите бактерии и придонесува на процесот за бистрење.

Пивото ја гаси жедта, освежува, закрепнува и релаксира. Тоа е и многу здраво. Позитивниот ефект и лековитоста на пивото луѓето ја препознале уште од дамнешни времиња.

Во стар Египет пивото било како напивка што закрепнува и дава енергија и било задолжителен оброк на робовите – градители на пирамидите.

Освен за враќање на силата по напорната работа, пивото тогаш било напивка на сиромашните и ја заменувало главно нечистата вода.

Освен за пиење, пивото се користело и во козметички цели за освежување на кожата на лицето и превенција од кожни заболувања.

Пивото содржи витамини од групата Б, потоа магнезиум, калиум, калциум, железо и цинк. Богато е со јаглени хидрати, протеини и флавоноиди, но и антиоксиданти.

Лековитоста на пивото е потврдена и во многу современи научни и клинички испитувања.

Пивото, меѓу останатото, позитивно влијае и врз циркулацијата на крвта и крвниот притисок, како и на количеството шеќер и вредноста на маснотиите во крвта.

Има благотворен ефект и кога станува збор за болестите на мокрачните канали или камен во бубрезите.

Пивото поволно делува и врз психата бидејќи го поттикнува доброто расположение, релаксира, ја намалува напнатоста, нервозата и стресот. Сепак, со оглед на опасноста што ја носи претерувањето во алкохолот, клучен збор кај сите сознанија за позитивниот ефект на пивото врз здравјето е “УМЕРЕНО“.

Спротивно на врежаното мислење – пивото воопшто не здебелува, бидејќи не содржи маснотии. Пивото има слична енергетска вредност како и млекото и нема никакви “сокриени“ состојки што би поттикнувале на дебелеење, посебно на создавањето на таканаречениот “пивски стомак“.

Причина за таложење на килограмите кај “пивопијците“ е претерувањето. Исто така, утврдено е дека прехранбените навики на пивопијците се помалку во склад со нутриционистичките препораки, отколку кај луѓето кои повеќе го сакаат виното.

Исто така, интересно е дека многу поголема е веројатноста за појава на “пивски стомак“ ако одеднаш се испие поголемо количество на овој пијалок отколку ако тоа рамномерно се распореди во текот на неделата.

Според податоците на една студија, во која учествувале 57 илјади испитаници, луѓето кои пиеле исто количество пиво, само рамномерно распоредено во текот на неделата, биле помалку наклонети кон создавање на “пивски“ стомак.

Најважните “пиварски“ земји се Чешка, Германија и Белгија. Пивото е, велат најпродаван алкохолен пијалок на светот – околу 1.500 милиони хектолитри годишно.

Европа и Америка, иако претставуваат само една четвртина од светската популација, консумираат две третини од светското производство на пиво, со просечна потрошувачка по глава на жител од 64 односно 55 литри годишно.

Но, и покрај раширената пракса за пиење ладно пиво во текот на жешките денови, лекарите тоа не го препорачуваат бидејќи алкохолот дополнително го дехидрира телото.

Умереното и одговорното пиење пиво најдобро годи во вечерните часови, советуваат лекарите.
 
Гинис и Карлсберг се најдобри пива кои се глобално продавани. А најдобро е точеното темно пиво од Прага, Чешка.
 
Гинис и Карлсберг се најдобри пива кои се глобално продавани. А најдобро е точеното темно пиво од Прага, Чешка.

а од балканските Скопско и Лашко:drk::drk:
 
Гинис и Карлсберг се најдобри пива кои се глобално продавани. А најдобро е точеното темно пиво од Прага, Чешка.
Не светски бе,некој шо можат да се купат во македонија и кој може да си ги приушти секој човек(ретко кој има за гинис или за карлсберг,а и такво неам видено у македонија)Исто така ако збориме за точени незнам дали имате пробано стела артоа точена,вкусот е незаменлив.
ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ДОЈДЕ СЕПТЕМВРИ:):):):):):):):)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom